Следете не

Балкан

Балканот во шок: Кошаркарка од кадетска репрезентација на Србија и членка на Партизан се самоуби пишуваат српските медиуми

Објавено пред

на

Младата кошаркарка на Партизан и кадетската репрезентација на Србија, Милица Мркела (16) се самоубила. Оваа информација ја потврди претседателката на клубот, Бојана Јанковиќ.

Во Партизан дојде на 14 години, беше член на кадетската репрезентација на Србија, а веќе на 15 години со својот талент се приклучи на сениорскиот тим на Партизан. Таа беше иднината на нашата кошарка и еден од најголемите таленти. Сите сме изненадени и сите сме во шок. Беше и одлична студентка, не се сеќавам на некои проблематични ситуации со неа. Никој нема објаснување зошто се случило ова. За жал, добивме шамар во реалноста – коментира Бојан за српски Телеграф.

Како што се наведува, девојчето кое влезе во првиот тим минатата година како 15-годишно дете и со исклучителен талент, било пронајдено обесено.

Балкан

Авион од типот „AT-802“ попладнево се срушил во близина на Сењ, Хрватска

Објавено пред

на

ФОТО: Unsplash.com @ krisna azie

Турскиот авион „Ер Трактор“ се урна попладнево во близина на Сењ, објавија хрватските медиуми, додавајќи дека е пронајдено телото на пилотот. Според информациите на Управата за цивилна заштита, авионот од типот „AT-802“ се срушил додека извршувал кружен лет на релација Риека–Загреб.

Хрватската контрола на летање во 16:53 часот пријавила дека авионот исчезнал од радар, а во 17:11 часот бил добиен извештај за падот и избувнатиот пожар.

Првичните податоци укажуваат дека леталото се урнало во областа Криви Пут. На местото на несреќата веднаш пристигнале полициски екипи, пожарникари и служби за итна медицинска помош.

Пожарникарите од градот Сењ успеале да го пронајдат авионот.

– „Откако го лоцираа леталото што се урна во подрачјето Криви Пут, пожарникарите го изгаснаа запалениот авион и го обезбедија местото на несреќата“, соопшти Хрватската противпожарна служба.

Од Министерството за одбрана на Хрватска потврдија дека не станува збор за авион или екипаж на хрватските воздухопловни сили, демантирајќи ги шпекулациите кои се појавија во некои медиуми.

Извор: sputnikportal.rs

Прочитај повеќе...

Балкан

Црвена Ѕвезда во Белград убедливо го совлада грчки Панатинаикос во рамки на 9-то коло во Евролига

Објавено пред

на

ФОТО: Unsplash.com / Инстаграм reel

Црвена Ѕвезда синоќа во Белград извојува убедлива победа над Панатинаикос со резултат 86:68, во рамките на 9. коло од кошаркарската Евролига. Најистакнати поединци кај домаќините беа Милер-Мекинтајр и Монеке, кои постигнаа по 14 поени, додека кај гостинскиот состав најдобар беше Слукас со 16 поени.

Со овој триумф, „црвено-белите“ ја продолжија својата победничка серија на седум натпревари и се искачија на првото место на табелата со учинок 7 победи и 2 порази.

Тимот на Панатинаикос моментално се наоѓа на осмата позиција со биланс 5-4.

Карактеристично е што после мечот, во прес салата тренерот одговараше на прашања од новинарите, каде извесен Гоце од Кичево, кој барем така се претстави, праша според „присутните“ нелогично прашање, со што ги збуни присутните и тренерот, па побараа следно прашање.

Проследете го моментот ТУКА. Евидентно е дека се работи за монтирано видео/пародија, останува да видиме. Некои во коментарите пишуваат дека според гласот тоа бил извесен новинар Горан, а со помош на модерни алатки гласот да е модериран дека станува збор за Гоце од Кичево.

Извор: off.net.mk

Прочитај повеќе...

Балкан

Уште три пациенти повредени во пожарот од Кочани пренесени на „Клиничкиот центар“ во Ниш на пластична и реконструктивна хирургија

Објавено пред

на

Уште тројца пациенти повредени во пожарот што се случи на 16 март во Кочани биле донесени вчера однесени во Универзитетскиот клинички центар Ниш. Двајца мажи и една жена се префрлени од УКЦС во УКЦ Ниш и лекувањето ќе го продолжат на Одделот на Клиниката за пластична и реконструктивна хирургија.

– „Вкупно шест повредени во овој трагичен настан во моментов се хоспитализирани во Клиничкиот центар Ниш. Четворица мажи и една жена се на одделението на Клиниката за пластична и реконструктивна хирургија, додека еден пациент се уште е на одделението за интензивна нега на Клиниката за анестезија и интензивна терапија“, соопштија од Клиничкиот центар во Ниш.

Сите оперативни мерки и напори на медицинскиот персонал се насочени кон опоравување на повредените, се вели во изворот.

Им посакуваме побрзо закрепнување!

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

Скопје29 минути

Во СВР Скопје пријавено дека починат во својот дом бил пронајден 55-годишник од Драчево

На 16.11.2025 во 12:40 часот во СВР Скопје е пријавено дека во домот на подрачјето на Драчево пронајден е починат...

Македонија2 часа

Нелегално ја преминал границата „Ќафасан“, потоа превезувал огревно дрво без таблици и без документација

На 16.11.2025 во 21:00 часот во близина на струшкото село Радолишта, полициски службеници од Полициската станица за Граничен надзор Франгово...

Спорт3 часа

Важен натпревар, врвен судиски тим. Макеле ќе биде главен судија на Македонија – Велс во Кардиф

Македонската фудбалска репрезентација утре во Кардиф ќе настапи против Велс во дуел што ќе ја одреди екипата која ќе ја...

ФОТО: Unsplash.com @ Amanz ФОТО: Unsplash.com @ Amanz
Магазин3 часа

Голем број нови функции доаѓаат во One UI 8.5, вклучувајќи го и App Lock

One UI 8.5 носи значајни подобрувања, меѓу кои се враќањето на Smart Manager Center, воведувањето на App Lock, нови алатки...

ФОТО: Unsplash.com @ Babak Habibi ФОТО: Unsplash.com @ Babak Habibi
Магазин3 часа

Samsung планира 310 милијарди долари за вештачка интелигенција

Компанијата Samsung планира да инвестира 310 милијарди долари во технологија за развој на вештачка интелигенција во следните пет години, со...

Македонија4 часа

МВР: 10.210 сообраќајни прекршоци до сега во месец ноември, лишени од слобода 55 лицa за безобзирно управување на возило согласно член 297-а од Кривичниот законик

Во периодот од 01.11.2025-16.11.2025 како резултат на редовните сообраќајни контроли што ги реализираат полициските службеници од сите сектори за внатрешни...

Кичево4 часа

„ЕВН КЕЦ Кичево“ најави прекин на електрична енергија на овие локации, работите на терен се планирани за вторник и четврток

Како што информираат од ЕВН, поради зафати на електродистрибутивната мрежа 18.11 и 20.11 – вторник и четврток, „ЕВН КЕЦ Кичево“ ќе...

Временска прогноза14 часа

Попоски: Доаѓаат обилни врнежи од дожд кои ќе предизвикаат поплави, ќе има засилен ветер, западниот дел од државата ќе наврнат до 200 литри/м³ дожд

Од денес (понеделник) 17 ноември па се до крајот на следната седмица во Македонија и целиот регион ќе бидеме под...

Хороскоп15 часа

Хороскоп за понеделник (17 ноември)

ОВЕН Пред вас стојат состаноци и разговори од кои очекувате можеби премногу. Отворено соочување со луѓе кои се хиерархиски над...

Здравје и убавина16 часа

Ако ви недостасуваат протеини, овие намирници се вистинското решение за вас

Активниот и здрав начин на живот тешко може да се замисли без доволно протеини. Но, дали навистина знаете кои намирници...

НАЈЧИТАНИ