Македонија
Бензините со намалена цена, дизелот останува непроменет
Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се намалуваат за 0,50 денар/литар, во однос на малопродажните цени утврдени со одлуката за изменување на одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 07.04.2021 година.
Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) не се менува, односно останува на исто ниво како што била утврдена со одлуката за изменување на одлуката од 07.04.2021 година
За Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 цената ќе биде 67,00 денари за литар, цената на моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС -98 ќе изнесува 69,00 денари за литар.
Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) ќе се продава по цена од 58,00 денари за литар, масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) ќе се продава по цена од 57,50 денари за литар.
Македонија
„ЛУКОИЛ Македонија“ продолжува да функционира во нормални рамки
Претседателот на Регулаторната комисија за енергетика, Марко Бислимоски, денеска изјави дека е позитивно тоа што бензинските станици на „Лукоил“ можат непречено да работат во сите држави каде што се присутни. Тој потенцира дека изминатиот месец, и покрај воведените санкции, не се појавиле никакви потешкотии во работењето на „Лукоил Македонија“.
– „Снабдувањето со нафтени деривати се одвива стабилно и без застои. Причината за тоа е што Македонија, за разлика од голем дел од другите земји, не поседува рафинерија во сопственост ниту на Лукоил, ниту на Руската Федерација. Новите мерки донесени од САД дополнително ќе имаат позитивно влијание врз состојбата“, истакна Бислимоски одговарајќи на новинарско прашање на прес-конференцијата.
Вчера во официјалното соопштение од „OFAC“ беше прецизирано дека роковите се пролонгирани до 29 април 2026 година.
Македонија
Сообраќај по наместа влажни коловози, намалена видливост поради магла има на превоите „Стража, Ѓавато, Плетвар и Крушево “
АМСМ и Македонија Пат известуваат дека сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Намалена видливост поради магла до 50 м. има на планинските превои Ѓавато, Плетвар, Стража и Крушево.
Македонија
Тргнати блокадите на граничен премин „Евзони“ за влез и излез кон Грција
АМСМ предмалку соопшти дека од 21:00 ч. блокадите на ГП Евзони, за влез и излез кон Р.Грција се отстранети. Сообраќајот за сите видови возила е нормализиран.
-
Магазин9 часаИвана од Кичево оваа година по петти пат изработува новогодишни честитки за да помогне на лица и здруженија каде е најпотребно
-
Хороскоп2 денаХороскоп за четврток (4 декември)
-
Спорт4 часаКичевскиот фудбалски судија Лика во среда ќе биде прв помошен судија на „play-off“ дуелот меѓу Нант и Макаби Хаифа
-
Хороскоп19 часаХороскоп за петок (5 декември)
-
Здравје и убавина1 денСамо со неколку нови навики, стартот на денот ќе ви биде полн со енергија
-
Lifestyle7 часа(ВИДЕО) Анатоли фитнес момчето кое стана вистинска сензација на „ТикТок“ конечно препознат од неговата публика
-
Македонија21 часСообраќај по наместа влажни коловози, намалена видливост поради магла има на превоите „Стража, Ѓавато, Плетвар и Крушево “
-
Свет21 часПоради злоупотреба, Русија ги блокира „Snapchat“ и „FaceTime“
