Следете не

Македонија

Бензинот од ноќеска со намалена цена, дизелот останува не променет

Објавено пред

на

Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 се намалува за 2,00 ден/лит, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 03.06.2024 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 80,00 ден/лит.

Малопродажните цени на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98, на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V), на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) и на Мазутот М-1 НС не се менуваат, односно остануваат на исто ниво како што биле утврдени со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 03.06.2024 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 84,00 ден/лит,

Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 73,00 ден/лит, малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) изнесува 72,00 ден/лит и малопродажната цена на Мазутот М-1 НС изнесува 43,209 ден/кг.

Македонија

16 годишник од Охрид извршил обљуба врз 12 годишно девојче, видеото стигнало до уценувач

Објавено пред

на

На 24.11.2025 во 10:00 часот, полициски службеници од СВР Охрид лишија од слобода 16-годишник од Охрид поради сомнение дека на 12.11.2025 извршил обљуба врз 12-годишно девојче од Охрид, а друг малолетник го снимал чинот. До видео материјалот дошол 14-годишник од Охрид, кој  го уценувал девојчето да биде со него, во спротивно ќе го објавел видеото.

СВР Охрид презема мерки за пронаоѓање и на овој малолетник.

Врз малолетничката е извршен медицински преглед, а полициски службеници и претставници на Центарот за социјални работи Охрид, во присуство на родител, извршија службен разговор.

По целосно документирање на настанот, во консултација со јавен обвинител, против сторителите ќе бидат поднесени соодветни пријави, соопшти МВР.

Прочитај повеќе...

Македонија

Се вози во „алкохолизирана“ состојба, МВР презеде мерки врз возачи на кои им е констатирано дека возеле под дејство на алкохол

Објавено пред

на

На 23.11.2025 во 23:00 часот во с.Ратавица, пробиштипско, полициски службеници од Полициската станица Пробиштип го лишија од слобода Н.В.(20) од с.Ратавица. Претходно, околу 21:30 часот на излезот од с.Ратавица, тој со патничко возило „ауди“ со пробиштипски регистарски ознаки, кое го управувал, удрил во заштитан ограда на патот и излетал од коловозот, по што го напуштил местото. По преземени мерки тој е пронајден и по извршено алкотестирање констатирано е дека е под дејство на алкохол, односно измерени му се 1,84 промили алкохол во крвта.

На 23.11.2025 во 20:30 часот на улица „Маршал Тито“ во Неготино, полициски службеници од ОВР Неготино го лишија од слобода Љ.Д.(58) од Неготино. При контрола на патниот сообраќај, полициските службеници констатирале дека управувал патничко возило „форд “ со неготински регистарски ознаки под дејство на алкохол, односно измерени му се 1,84 промили алкохол во крвта.

На 23.11.2025 во 16:49 часот во демирхисарско, полициски службеници од Полициската станица Демир Хисар го лишија од слобода М.П.(61) од с. Врбјани, општина Дебрца. При контрола на патниот сообраќај, полициските службеници констатирале дека управувал патничко возило „рено“ со охридски регистарски ознаки под дејство на алкохол, односно измерени му се 1,59 промили алкохол во крвта.

Тие се задржани во полициска станица и по целосно документирање на настаните, против нив ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“, истакна МВР.

Прочитај повеќе...

Македонија

Поради обилен дожд, на подрачјето од Општина Ресен се поплавени над 50 куќи и магацински простории

Објавено пред

на

Поради обилните врнежи, на подрачјето на Општина Ресен дошло до излевање на Болнска и Источка река во селата Царев Двор и Дрмени, при што се поплавени над 50 куќи, магацински простори, визби и земјоделско земјиште.

Поплави се евидентирани и кај с. Долна Бела Црква од излевањето на Голема Река, чиј моментален водостој изнесува 210 см.

Ангажирани се екипи на јавните претпријатија, „Македонија пат“, ЈКП „Пролетер“, како и приватни машини – вкупно 7 пумпи за испумпување вода и повеќе багери за расчистување и интервенции.

Во населбата Црквиште се користат сите расположливи пумпи за санација на поплавените објекти. ЈП „Македонија пат“ информира дека на повеќе делници има наноси од земја, кои се расчистуваат по приоритет.

Извор: ЦУК

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

Македонија10 часа

16 годишник од Охрид извршил обљуба врз 12 годишно девојче, видеото стигнало до уценувач

На 24.11.2025 во 10:00 часот, полициски службеници од СВР Охрид лишија од слобода 16-годишник од Охрид поради сомнение дека на...

Хроника11 часа

Едногодишно бебе почина во кичевската болница, било донесено во тешка здравствена состојба, реанимација и медицинската помош не помогнале

На 23.11.2025 во 22:10 часот во ОВР Кичево е пријавено дека на детското одделение при Општата болница во Кичево во...

Македонија13 часа

Се вози во „алкохолизирана“ состојба, МВР презеде мерки врз возачи на кои им е констатирано дека возеле под дејство на алкохол

На 23.11.2025 во 23:00 часот во с.Ратавица, пробиштипско, полициски службеници од Полициската станица Пробиштип го лишија од слобода Н.В.(20) од...

Хороскоп1 ден

Хороскоп за понеделник (24 ноември)

ОВЕН Марс сепак го зголемува вашиот стрес, бидејќи неговата главна идеја е да работите побрзо – ако се притиснете на...

Кичево1 ден

Ноќеска во кичевски објект едно лице извршило напад врз малолетник, потоа и на неговиот татко

На 23.11.2025 година во 01:30 часот, во ОВР Кичево е пријавено дека, во угостителски објект лоциран на булеварот „Ослободување“ во...

Хороскоп2 дена

Хороскоп за недела (23 ноември)

ОВЕН Повеќето денови ќе бидете многу емотивни и склони кон промени во расположението. Исклучително е важно да се држите до...

Хороскоп3 дена

Хороскоп за сабота (22 ноември)

ОВЕН Иако вашите очекувања не се преголеми, денес е неповолен ден за вас, па тешко дека ќе успеете да остварите...

Спорт3 дена

Утре во Кичево, „ФК Напредок“ го дочекува „ФК Џепчиште“ во третата македонска фудбалска лига запад во претпоследното коло од есенскиот дел

Утре сабота (22.11) со почеток од 13:00ч на градскиот стадион во Кичево, домашната екипа на „ФК Напредок“ го дочекува „ФК...

Македонија3 дена

Поради обилен дожд, на подрачјето од Општина Ресен се поплавени над 50 куќи и магацински простории

Поради обилните врнежи, на подрачјето на Општина Ресен дошло до излевање на Болнска и Источка река во селата Царев Двор...

Фото: Clint Patterson @ unsplash Фото: Clint Patterson @ unsplash
Магазин3 дена

Microsoft ја враќа една од најбараните функции

Microsoft конечно ја враќа една од најбараните функции на лентата со задачи во Windows 11. Иако Windows 11 веќе не...

НАЈЧИТАНИ