Кичево
Кичевската компанија за Бетон „Beton Holding Group“ вработува возачи со „Ц“ категорија кои ќе бидат во редовен работен однос

Кичевската компанија за производство и транспорт на Бетон – „Beton Holding Group“ поради проширување на своите работни активности распишува оглас за вработување возачи кои поседуваат важечка дозвола „Ц“ категорија за работа со тешки товарни возила (Кипер, Миксер, Бетонска пумпа) со или без претходно работно искуство.
Компанијата нуди одлични услови за работа, со плата солидна и навремена, осигурување на вработен на полно работно време.
Сите заинтересирани можат да контактираат на тел бр. 075/426-429, 075/426-428 или да го посетат стовариштето во непосредна близина на „Стара Централа, сегашна La Casa“
Кичево
(ВИДЕО) Вечерва салата во НУЦК „Кочо Рацин“ беше претесна да ги собере сите кичевчани кои максимално дадоа своја поддршка за лекување на Дејан Огненоски

Пред два часа заврши и официјалниот „Хуманитарен концерт“ чија цел беше од хуман карактер, за лекување на нашиот сограѓанин Дејан Огненоски кој се бори со тешка болест и е на лекување во Република Турција. Кичевчани и денес ја покажаа својата хумана страна, покажаа дека кога се сака, сѐ се може. Во максимален број во Национална установа Центар за култура „Кочо Рацин“, речиси како никогаш до сега, и старо и младо беа присутни и ги слушаа нашите кичевски доајени на македонската музика, како и традиционалните песни и ора на нашите амбасадори, играорците од кичевските културно уметнички друштва.
Концертната програма ја водеше најдобриот кичевски глас, Г-ѓа Зорица Ѓореска од нашите партнери „Акорд Радио 96,5 fm“, настанот аудио го покри Виктор Алексоски (Vix Alex Sound supports Zoran Mickovski „Zmija“). Гости на вечерта беа, КУД Бисер, КУД Младост, КУД Рацин, КУД Нико Пусоски, Христијан Трајаноски и Филип Михајлоски, Христијан Тришоски, Мирослав Мирчески и Костадин Крстески, Дарко Стојаноски, Дамјан Стојаноски и Илија Калески, Влатко Миладиноски -//-, Лука и Марко Лазарески, Михајло Данилоски & група Бели Мугри. Свој завршен говор имаше и организаторката на оваа манифестација Г-ѓа Биљана Дејаноска (Роденденски пињати), воедно и главен иницијатор за хуманитарниот подвиг за Дејан Огненоски. Упати срдечна благодарност до сите хумани луѓе кои несебично ги помагаат нејзините хуманитарни активности. Најмногу акцент стави на кичевските свештеници и нивната парохија од градската православна црква Св.Апостоли Петар и Павле за нивните заложби и хумани дела за народот, кои се за сите почести.
Сите кои сакаат да донираат и да учествуваат во оваа наша хумана мисија, истото можат да го направат преку мобилен телефон, односно со јавување на тел броеви: А1 – 143463, Telekom – 143138 – еден повик кон броевите ќе ви одземе „100 денари“ и со тоа ќе дадете поддршка за лекувањето на нашиот сограѓанин.
Оние кои сакаат да донираат преку трансакциска сметка, истото можат да го направат на следниве податоци:
Т-ска сметка: 200002853684314
Име и презиме: Дејан Огненоски
Број на ЛК/Пасош: А0015074
Во прилог, концертот ви го пренесуваме во целост, напомена музичкото исполнение „Петко љубел многу жени“ е 🔇 без глас, од 42:39 до 45:53, затоа што јутјуб каналот на изведувачот/авторот препознава авторски права, а дозвола за репродукција на аудиото од истиот немаме. Уживајте:
Кичево
Неделна и викенд акција на производи само во „АТВА Маркети“ – Кичево, купувајте и заштедете!

Одлична неодолива викенд, но и неделна акција на производи само во ланецот на „АТВА Маркети“ – Кичево, во продолжение погледнете кои производи ќе бидат на акција:
Кичево
Од испукана петарда, малолетничка од Кичево се здобила со повреди констатирани во Општата Болница

На 05.02.2025 во 20:10 часот во ОВР Кичево било пријавено дека на улица „Рудничка“ во Кичево, една малолетничка од Кичево се здобила со повреди од претходно испукана петарда.
Таа била пренесена во Општа Болница во Кичево каде и била укажана помош.
Се преземаат мерки за расветлување на настанот, за медиумите и јавноста информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.
-
Здравје и убавина2 дена
Ова е еден од најздравите чаеви, го нормализира холестеролот, шеќерот во крвта и го обновува црниот дроб
-
Спорт11 часа
Кичевчанецот Дејан Милошевски повторно во најдобрите 16 карате судии во САД, претходно беше избран за член на судиската карате комисија на и одговорен за 12 држави
-
Хороскоп1 ден
Хороскоп за понеделник (10 февруари)
-
Македонија10 часа
(ФОТО) СВР Охрид реализираше едукативно-превентивна кампања „Не пиј кога возиш“, додека ОВР Кичево ја спроведе „Паркирај совесно, паркирај одговорно” за сите учесниците во сообраќајот
-
Хороскоп7 часа
Хороскоп за вторник (11 февруари)
-
Здравје и убавина2 дена
Зошто не треба да го задржувате кивањето во себе, како грда навика
-
Lifestyle18 часа
Зошто крпите имаат непријатен мирис? Перењето на вистинска температура е клучно
-
Здравје и убавина20 часа
Дали знаете дека кафето штити од цироза на црниот дроб?