Спорт
Билети за фудбалскиот натпревар Англија – Македонија кој ќе се одигра на 19 јуни ќе можат да се купат онлајн, ова се сите информации..
Билетите за навивачите на македонската репрезентација за натпреварот Англија – Македонија кој ќе се одигра на 19. јуни, 2023 г. на стадионот Олд Трафорд во Манчестер ќе бидат пуштени во продажба во 10.00 часот наутро на 10. мај, 2023 година.
Билетите, кои ќе бидат со цена од 30 и 40 британски фунти, ќе можат да се купат директно од Англиската Федерација на следниот линк.
Билети за лица со попреченост ќе може да се нарачаат на следниот телефонски број: 0800 093 0824
На навивачите на македонската репрезентација кои се резиденти во Обединето Кралство билетите по купување ќе им бидат доставени до домашна адреса. Останатите навивачи на македонската репрезентација кои ќе купат билет за натпреварот ќе добијат електронски ваучер кој на ден на натпреварот ќе треба да го заменат за физички билет на означена локација во близина на стадионот.
Важни напомени за посетителите на натпреварот:
- Стадионот Олд Трафорд има рестриктивна политика за носење на лични торби. Деталите можете да ги погледнете тука
- Стадионот Олд Трафорд работи без размена на готовина. Ниту еден од киосците нема да прима готовина за плаќање, ќе мора да имате платежна картичка.
- Деца на возраст до 14 години мора да бидат во придружба на возрасно лице.
Спорт
Новак Ѓоковиќ потврди дека нема да игра на Мастерсот во Париз годинава
Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ денеска потврди дека нема да ја брани титулата на претстојниот Мастерс во Париз.
– За жал, годинава нема да играм на Мастерсот во Париз. Жал ми е за сите што се надеваа дека ќе ме видат како играм таму. На сите играчи, спонзори, организатори и навивачи им посакувам одличен турнир – изјави Ѓоковиќ на социјалните мрежи.
Српскиот тенисер лани ја освои седмата титула на Мастерсот во Париз победувајќи го Григор Димитров од Бугарија со 6:4, 6:3.
Имам многу убави спомени од местото каде што освоив седум титули и се надевам дека ќе се вратам следната година – додаде Ѓоковиќ.
Спорт
Официјално ФФМ го предаде проектот за изградба на западната трибина на стадионот Билјанини Извори во Охрид
Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) официјално го предаде проектот за изградба на новата западна трибина на стадионот „Билјанини Извори“ до Општина Охрид. На денешната средба во Охрид присуствуваа претседателот на ФФМ, Муамед Сејдини, членот на Управниот одбор на ФФМ, Тони Иваноски и претседателот на Општинскиот фудбалски Сојуз на Охрид, Цане Милошоски, кои остварија средба со градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков.
Новата западна трибина се очекува да има капацитет од 3.500 седишта и дополнителни простории, вклучувајќи 8 скај-боксови за ВИП зони. Ова е вториот инвестициски проект на ФФМ во стадионот во Охрид, по изградбата на источната трибина според меѓународни стандарди.
Покрај инвестициите на ФФМ, со овој договор Општина Охрид се обврзува да ги изгради и двете трибини зад головите, како и осветлувањето, со што стадионот ќе се трансформира во модерен спортски објект спремен за одржување на меѓународни натпревари, вклучувајќи ги и оние на македонската А репрезентација.
Со овој проект Охрид ќе стане значаен центар на фудбалот и со меѓународна спортска инфраструктура.
Спорт
Голгетерот Стефан Војчески од Кичево доби повик во младата репрезентација на Македонија до 16 години
Младата репрезентација на Македонија до 16 години (фудбалери родени 2009 година) ќе одиграат два контролни натпревари со соодветната селекција на Словенија, додека за прв пат во репрезентацијата заслужен повик доби и кичевчанецот Стефан Војчески (напад), каде своите почетоци му се во матичниот клуб ФК Кичево, а сега достојно ги брани боите на А.П Брера, каде од 5 натпревари до сега постигна 4 голови и практично е прв стрелец во тимот кој се натпреварува во Супер лигата.
– Да потсетиме Стефан беше апсолутен рекордер во својата генерација каде во регионалната лига постигна дури 50 погодоци во мрежата на противниците, ставајќи траен белег и неговото име влезе во историјата на клубот, а со тој ангажман освоивме прво место.
Доказ дека успешните изданија на теренот носат доверба и успех тоа го препозна македонскиот селектор Начески кој очекува блескав почеток на У16 во понатамошниот период.
Контролните натпревари ќе бидат одиграни на тренинг центарот „Петар Милошевски”, во Скопје.
Првиот меч на програмата е на 22. октомври, со почеток во 13. часот. Два дена подоцна ќе биде одигран и вториот контролен дуел на овие две репрезентации, во истото време.
Селекторот на младата репрезентација на Македонија до 16 години, Драган Начевски, за претстојните натпревари со Словенија, се одлучи да ги повика следните фудбалери:
ГОЛМАНИ:
Лука Грчевски Минералац, Србија
Амин Суљовиќ Парк
Даријан Денковски Македонија Ѓ.П.
ОДБРАНА:
Стефан Јорданоски Брера
Михаил Митрески Работнички
Матеја Масев Црвена Звезда, Србија
Аријан Рамадани Шкендија
Енсар Зеќири Австрија Виена
Антонио Атанасов, Работнички
Матеј Петков Илертисен, Германија
Горјан Петков Македонија Ѓ.П.
СРЕДЕН РЕД:
Јаков Ангелов Грос Умштад, Германија
Дарин Михајловски Работнички
Лука Трпевски Црвена Звезда, Србија
Фадиљ Исламовиќ Работнички
Андреј Цветковски Работнички
Ахмед Сејдини Работнички
Јоаким Горгиев А.П. Брера
НАПАД:
Стефан Војчески А.П. Брера
Ердин Мамути Работнички
Јаков Стојковски Падерборн, Германија
Вулнет Ахмети Шкупи
-
Хороскоп24 часа
Хороскоп за среда (23 октомври)
-
Хороскоп2 дена
Хороскоп за вторник (22 октомври)
-
Кичево1 ден
Во ЈЗУ Општа Болница Кичево недостигал ехо апарат, случајот бил пријавен во МВР
-
Lifestyle1 ден
Кој е нормалниот крвен притисок според возраста?
-
Временска прогноза15 часа
До крајот на месецот стабилно време, но со ниски утрински температури и магла по котлините
-
Македонија16 часа
Денес е 23-ти октомври, ден на Македонската Револуционерна Организација
-
Автомобили12 часа
Големи промени за возачите: Екраните влегуваат во историјата?
-
Автомобили12 часа
BMW: Забраната за возила на бензин и дизел во ЕУ не е реална