Следете не

Магазин

Биткоин утринава: по турбуленциите на пазарот во пораст

Објавено пред

на

Пазарната капитализација на криптовалутите утрово забележа помал раст од 2,8 проценти.

Биткоинот, најпознатата криптовалута, доби 3,3 проценти во последните 24 часа и во моментов се тргува по цена од 43,675 долари.

Етерум во изминатите 24 часа доби 4,4 проценти, а во моментов вреди 3,039 долари.

Извор: Blic
Фото: Unsplash

Lifestyle

Дали рчите во сон? Причина може да биде оваа секојдневна навика

Објавено пред

на

Фото: Shane / unsplash

Рчењето е чест проблем кој не само што го нарушува сонот, туку може да биде и знак за длабоки нарушувања на дишните патишта. Будењето со сува уста и чувство на замор може да бидат првите индикатори дека нешто го попречува нормалното дишење за време на спиењето.

Што ја предизвикува иритацијата на грлото?

Една од навиките која сѐ повеќе се поврзува со рчењето е користењето електронски цигари (вејпирање) или пушењето тутун. И двата вида инхалација можат да доведат до иритација на дишните патишта, оток и акумулација на слуз, што го попречува протокот на воздух. Овие промени може да предизвикаат вибрации на меките ткива во грлото и носот, што резултира со појава на рчење.

Некои состојки во електронските цигари, како пропилен гликолот, ја сушат слузницата на грлото, што дополнително ја зголемува веројатноста за иритација. Никотинот, исто така, може да ги опушти мускулите во грлото, што води до делумно затворање на дишните патишта за време на спиењето.

Како настанува рчењето?

Рчењето се јавува кога воздухот тече низ стеснети дишни патишта, предизвикувајќи вибрации на мекото ткиво. Ова може да биде резултат на блокирани синуси, лоша положба на телото, стеснување на грлото или други анатомски и надворешни фактори.

  • Тивко рчење често е поврзано со затнати носни патишта.

  • Гласно и длабоко рчење укажува на блокада во задниот дел на грлото.

Што можете да направите?

Ако се соочувате со проблеми при спиење или рчите редовно, размислете за промени во секојдневните навики. Еве неколку практични совети:

  • Избегнувајте пушење и вejпирање, особено пред спиење.

  • Намалете го внесот на алкохол во вечерните часови.

  • Обидете се да спиете на страна наместо на грб.

  • Користете соодветна перница за правилна положба на главата и вратот.

  • Одржувајте здрава телесна тежина и редовна физичка активност.

Промените во стилот на живот може значително да го подобрат квалитетот на сонот, да го намалат рчењето и да придонесат за подобро здравје на долг рок.

Прочитај повеќе...

Lifestyle

Како да го исчистите одводот без сода бикарбона и оцет: Ефикасни и едноставни решенија

Објавено пред

на

Фото: Giorgio Trovato / unsplash

Избегнете скапи поправки со домашни методи кои навистина функционираат

Затнат одвод е проблем со кој се соочуваат многумина – водата почнува бавно да се исцедува, а од мијалникот доаѓаат непријатни звуци или мириси. Иако најчесто се препорачува користење на сода бикарбона и оцет, оваа комбинација не е секогаш најефикасна против масните наслаги кои најчесто се причина за затнувањето.

Зошто сода и оцет не помагаат секогаш?

Комбинацијата од сода бикарбона и оцет предизвикува хемиска реакција, но резултатот од неа е претежно вода и сол – супстанции кои не се доволно силни за да ги разградуваат маснотиите и тврдокорните наслаги во одводот. Затоа, експертите предлагаат попрактични и поефикасни алтернативи.

Едноставен метод со детергент и врела вода

Една од наједноставните и најбезбедни техники за одзатнување на одводот е комбинацијата на обичен детергент за садови и врела вода. Еве како:

  1. Зовријте околу еден литар вода.

  2. Додадете неколку капки детергент за садови.

  3. Оставете мешавината неколку минути да стои.

  4. Внимателно истурете ја во одводот.

Детергентот помага во разградување на маснотиите, додека врелата вода ги раствора преостанатите остатоци. Постапката може да се повтори ако е потребно.

Алтернативен трик за потешки затнувања

Ако основниот метод не помогне, може да се проба следниот пристап:

  • 1 лажичка детергент

  • ½ чаша сода бикарбона

  • 2 чаши оцет

Истурете ги состојките во одводот, покријте со влажна крпа и оставете десет минути. Потоа исплакнете со врела вода. Иако содата и оцетот се вклучени, тука улогата на детергентот и температурата имаат многу поголемо влијание.

Како да спречите затнување на одводот

Превенцијата е најдобриот начин за одржување на чисти цевки. Еве неколку совети:

  • Не фрлајте остатоци од храна, мрснотии или коса во одводот.

  • Користете заштитни мрежи на мијалниците и туш кабините.

  • Редовно отстранувајте ја насобраната нечистотија.

  • Повремено исплакнувајте ги одводите со врела вода.

Со редовно одржување и внимателно користење, можете да го продолжите животниот век на водоводниот систем и да избегнете скапи интервенции.

Прочитај повеќе...

Хороскоп

Хороскоп за понеделник (19 мај)

Објавено пред

на

Овен
Пристапете се чекор по чекор денес, бидејќи тоа е како да се движите низ минско поле! Ситуацијата на работа се заканува да експлодира, а со партнерот треба да бидете внимателни бидејќи имате преголеми очекувања и може да се разочарате. Пазете се од повреди ако планирате да спортувате барем рекреативно.

Бик
Дневниот хороскоп предвидува дека сте преокупирани со некој проблем во куќата за чие решавање ќе бидат потребни финансиски вложувања. Во љубовта, партнерот поради некоја причина мисли дека не го почитувате неговото мислење, па измазнете го тоа недоразбирање за да нема гнев. Денеска од партнерот ќе научите и една „вештина“ поврзана со разговор, која ќе можете да ја примените.

Близнаци
Денеска бидете позитивни, нема се да блесне на работа и важно е тоа да не ве обесхрабри следните денови. Можеби на партнерот ќе му кажете нешто што навистина не сте го мислеле и ќе мора да се извините, па подобро размислете пред да „излезе“. Внимавајте што јадете на топло, можни се стомачни проблеми.

Рак
Дневниот хороскоп предвидува дека некои ваши стари несигурности ќе излезат на површина, и ќе удрат по вашата самодоверба во важен момент. Спротивстави ѝ се, бидејќи те чекаат само добри работи и нема да направиш ништо лошо! Доколку не сте во врска, можно е да запознаете личност која е подготвена за авантура исто како вас!

Лав
Необичен ден за вашиот љубовен живот, како наеднаш да сфатите дека она што длабоко го сакате, и она по кое вашето срце копнее, не се иста работа. Денот ќе го поминете длабоко анализирајќи ги вашите чувства. Не занемарувајте се друго, бидејќи може да згрешите.

Девица
Дневниот хороскоп најавува дискусија на работа, затоа бидете подготвени. Веќе знаете што да кажете, но вашиот тон ќе биде многу поважен од суштината на оној од другата страна на масата. Во попладневните часови подгответе се да се опуштите и уживајте со партнерот за да го ослободите стресот.

Вага
Во љубовта конечно сте подготвени да ја оставите контролата и да дозволите другата личност да ја води вашата врска, а тоа ве радува. Добивате потврда дека сте избрале добар партнер, поврзана со некое важно животно прашање. На работа молчевте нешто што сакавте да го кажете, а што сега ве „јаде“ одвнатре, утре исправете ја таа грешка!

Шкорпија
Дневниот хороскоп предвидува и недостаток на самодоверба, но знајте дека изневерувате, правите се како што треба и нема потреба да се сомневате во себе. Тоа ќе значи друштво на луѓе кои ги споделуваат вашите вредности, било да се тоа стари пријатели или луѓе кои ги познавате само површно. Во љубовта ви се случува нешто возбудливо, тоа го чекате со месеци!

Стрелец
Во љубовта се отвораат нови можности, носат возбуда и авантура, токму она што ви треба! На работа сте искрени со сите и имате еден куп нови идеи, вашата енергија нема да остане незабележана. Можни се главоболки доколку поминувате премногу време на сонце.

Јарец
Дневниот хороскоп ве советува да ја преземете контролата врз љубовниот живот, бидејќи сега е време за големи одлуки! Дали треба да останете во врска која ви здодеа или да тргнете по нов пат и да видите каде ќе ве одведе? Искрениот разговор со личност на која и верувате ќе ви го даде одговорот на прашањето „што е следно“!

Водолија
Одличен ден за вас, исчезнува секој сомнеж во себе и правите потези во секоја сфера од животот. Има промена во љубовта по која сте копнееле, како конечно сè да „кликнало“ на своето место и се чувствувате подобро од било кога. Поминете време со членовите на семејството кои одамна не сте ги виделе, ќе уживате.

Риби
Дневниот хороскоп ве советува да се наметнете на работа, иако тоа не е во вашата природа, тоа е единствениот пат до подобро работно место. Не го игнорирајте она што ви го кажува срцето, а тоа е дека сте решени за подобри работи. Бидете храбри и заљубени денес и слободно флертувајте со личноста која ви се допаѓа, таа само го чека вашиот знак.

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

Македонија24 минути

Од вечерва бензин 95 и дизел поскапуваат, ова е новата цена за литар

Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95, се зголемува за 2,00 ден/лит, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за...

Lifestyle3 часа

Дали рчите во сон? Причина може да биде оваа секојдневна навика

Рчењето е чест проблем кој не само што го нарушува сонот, туку може да биде и знак за длабоки нарушувања...

Lifestyle3 часа

Како да го исчистите одводот без сода бикарбона и оцет: Ефикасни и едноставни решенија

Избегнете скапи поправки со домашни методи кои навистина функционираат Затнат одвод е проблем со кој се соочуваат многумина – водата...

Македонија3 часа

Во автобус со турски државјани во Охрид починал турист кој бил дел од групата

На 18.05.2025 во 11.30 часот во СВР Охрид е пријавено дека во автобус кој превезувал група туристи од Република Турција...

Македонија4 часа

МВР: Со „БМВ“ возел 111 км/ч на место каде е дозволено 50 км/ч

На 18.05.2025 во 09.57 часот, полициски службеници од Полициската станица безбедност на патниот сообраќај Тетово го лишија од слобода Х.А.(56)...

Скопје5 часа

Универзитетската клиника за урологија стана лиценциран центар за поставување на уринарен сфинктер

Универзитетската клиника за урологија во Скопје, започна со изведување операции за вградување на вештачки уринарен сфинктер, нова процедура, која досега...

Хороскоп16 часа

Хороскоп за понеделник (19 мај)

Овен Пристапете се чекор по чекор денес, бидејќи тоа е како да се движите низ минско поле! Ситуацијата на работа...

Здравје и убавина17 часа

Положбата на спиењето кај луѓето е многу важна за здравјето и метаболизмот

Сигурни сме дека често не размислувате за позата во која спиете, бидејќи после напорниот ден единствено е важно да легнете...

Временска прогноза1 ден

Попоски: Продолжува нестабилно време, со развој на грмотевични облаци

Во текот на новата седмица која ни претстои, односно во периодот од понеделник (19 мај) до недела (25 мај) во...

Македонија1 ден

АД Мепсо ја соопшти причината за падот на електричната енергија во раните утрински часови

АД Мепсо истакна соопштение за прекинот на електрична енергија кој ја парализира буквално скоро цела држава. – Причина за овој...

НАЈЧИТАНИ