Следете не

Спорт

Благоја Милевски и техничкиот менаџер следеа повеќе натпревари на македонските фудбалски интернационалци

Објавено пред

на

©ФФМ

Селекторот на македонската А репрезентација, Благоја Милевски во Анталија ги следеше контролните натпревари на клубовите од МФЛ кои своите подготовки за претстојната полусезона ги одработуваа во турскиот туристички центар.

Нашиот селектор заедно со техничкиот менаџер во А селекцијата ги следеше натпреварите на Вардар против грузискиот првак Иберија и унгарски Чаквари, мечевите на Шкендија против Јелимај (Казахстан) и Зорја (Украина), потоа Шкупи против Полонија (Полска) и Септември Софија (Бугарија), контролните натпревари на Струга Трим Љум против Кизилзар (Казахстан) и словачки Михаловце и пресметката на Силекс против Пахтакор (Узбекистан). Покрај тоа, Милевски го следеше и настапот на нашите интернационалци од Борац Бања Лука, Дамјан Шишковски, Бобан Николов и Себастијан Ерара против Кајрат.

– „Впечатоците од натпреварите на македонските интернационалци во Анталија се навистина позитивни. Помалку изненадувачки, но очигледна беше разликата во ритамот на фудбалерите на овие натпревари кои ги следевме, во однос на домашното првенство. Видовме нова енергија, тимски дух, добар ритам и желба за докажување. Се надевам дека тоа ќе го пренесат и на натпреварите од МФЛ. Тоа е нешто што се бара во модерниот фудбал и е неопходно за добар резултат. Ова беа натпревари без резултатско значење, но сепак даваат одредена слика за квалитетот на екипите и индивидуалните карактеристики на фудбалерите. Продолжуваме да ги следиме сите фудбалери кои сметаме дека имаат репрезентативен потенцијал, а нивните настапи се клучни во однос на изборот за место во најдобрата репрезентација“, вели Благоја Милевски – селектор на македонската А репрезентација, пренесува Фудбалската федерација на Македонија преку своето интегрално соопштение.

Спорт

Флик останува во Барса до 2027 година

Објавено пред

на

ФОТО: Unsplash.com / Ken Russo

Официјално Барселона потврди, Флик останува до 2027-ма година! Имено, продолжувањето на договорот на Ханси Флик е јасен показател дека клубот верува во неговата визија и работа. Освојувањето на три титули во првата сезона — Суперкупот, Копа дел Реј и Ла Лига — е извонредно постигнување и ретко се гледа тренер толку брзо да ја добие довербата на играчите, управата и навивачите.

Фактот што договорот бил постигнат без големи пречки, но сепак објавен по крајот на сезоната, покажува професионалност и фокус од страна на Флик. Тоа е стил на лидер кој не сака личните работи да го засенат тимскиот успех.

Ќе биде интересно да се види како ќе продолжи неговата приказна со Барселона во наредните сезони — особено со оглед на тоа што клубот се обидува да направи долгорочен проект со јасна фудбалска визија.

Прочитај повеќе...

Спорт

ФФМ и МВР потпишаа Меморандум за унапредување на безбедноста на фудбалски настани и заштита на интегритетот

Објавено пред

на

ФОТО: ФФМ / ffm.mk

Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) и Министерството за внатрешни работи (МВР) потпишаа Меморандум за соработка со кој се зајакнува партнерството меѓу двете институции во насока на зајакнување на сигурноста, безбедноста и интегритетот на фудбалските натпревари.

Целта на овој Меморандум е ефективна координација и размена на информации,унапредување на безбедносните протоколи, спречување на насилство и недолично однесување и поттикнување на позитивна спортска култура меѓу навивачите.

Во рамките на соработката ќе се реализираат заеднички безбедносни планови и протоколи за натпревари, редовни координации меѓу службите на МВР и ФФМ, обуки за службени лица и редарски служби, едукативни кампањи за промоција на спортски дух и воведување технолошки решенија за следење и навремена реакција при инциденти.

Со оваа иницијатива, Министерството и Федерацијата испраќаат силна порака дека фудбалот треба да биде простор на почит и фер натпреварување, ослободен од негативни појави, истакна ФФМ. Во продолжение повеќе ќе прочитате на нивниот официјален натпис ТУКА

Прочитај повеќе...

Спорт

Македонската репрезентација во фудбал до 18 години, ќе одигра два контролни натпревари со Словенија во гости

Објавено пред

на

©porta.mk

Репрезентацијата на Македонија до 18 години кон крајот на мај ќе одигра два контролни натпревари против соодветната селекција на Словенија. Контролните средби ќе бидат одиграни во градот Птуј, во Словенија. Првата контролна пресметка на програмата е на 27. мај со почеток во 17. часот, истакна Фудбалската федерација на Македонија.

Два дена подоцна се игра вториот контролен натпревар во 11. часот.

Селекторот на репрезентацијата на Македонија до 18 години, Ерхан Селими за претстојните контролни натпревари со Словенија се одлучи да ги повика следните фудбалери:

ГОЛМАНИ:

Давид Илоски   А.П. Брера

Онур Бешир   Шкендија

ОДБРАНА:

Златко Радески   Вардар

Абдулах Аслани   Лунгби   Данска

Горазд Ристовски   Црвена Звезда Србија

Давид Стојаноски   Браво, Словенија

Лука Атанасовски   Беласица

Андреј Мурџески   Вардар

Назиф Цека   Шкендија

Емир Шаботиќ   Вардар

СРЕДЕН РЕД:

Каменчо Андоновски   А.П. Брера

Кренар Хоти   Работнички

Марко Киш   Њу Старс

Ариф Локи   ХБ Коге Данска

Мерт Адеми   Аален Германија

Семир Исљами   Сион, Швајцарија

Бојан Затуроски   Охрид Лихнидос

Адмир Љатифи   Беса

Аритон Мехмед   Шкупи

НАПАД:

Игор Ристов   А.П. Брера

Хисар Али   Беса

Димитар Шаркоски   Победа

Поради повреда на списокот не се најдоа Стефан Младеновски и Луан Реџепи.

Извор: ФФМ

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

На денешен ден5 часа

Времеплов: На денешен ден (22 мај)

На денешен ден 22 мај, хронолошки подредени значајни настани што се случиле низ различни години и делови на светот. Еве...

Хороскоп12 часа

Хороскоп за четврток (22 мај)

Овен На работа, и покрај лошите аспекти успевате работите да ги завршите на време. Не очајувајте, доаѓаат подобри времиња. Денес,...

Спорт14 часа

Флик останува во Барса до 2027 година

Официјално Барселона потврди, Флик останува до 2027-ма година! Имено, продолжувањето на договорот на Ханси Флик е јасен показател дека клубот...

Временска прогноза15 часа

Попоски истакна дека најмалку до првата седмица од јуни месец ќе имаме слично време, можеби и со пониски температури

Најновиот излез на прогностичките материјали истакнува најмалку до 6 јуни на повидок нема да има никакви температурни покачувања на воздухот....

Технологија16 часа

AMD го претставува „Radeon RX 9060 XT“

AMD, како што вети пред неколку недели, објави неколку важни гејмерски производи за време на својата воведна презентација на Computex...

Македонија19 часа

Приведен измамник: Преку фејсбук страница продавал наводно благословени предмети

На 20.05.2025 во СВР Струмица, претставник на МПЦ – OA – Струмичка Eпископија пријави дека од почетокот на 2025 до...

Спорт21 час

ФФМ и МВР потпишаа Меморандум за унапредување на безбедноста на фудбалски настани и заштита на интегритетот

Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) и Министерството за внатрешни работи (МВР) потпишаа Меморандум за соработка со кој се зајакнува партнерството...

Кичево22 часа

(ФОТО) Денес во кичевската касарна „Чеде Филипоски – Даме“ – со свеченост беше реализиран 21-ви Мај – „Денот на единицата“

Денес во касарната „Чеде Филипоски – Даме“ – Кичево со воена свеченост припадниците од 1. пешадиски баталјон (1.пб), од 1...

Хороскоп1 ден

Хороскоп за среда (21 март)

ОВЕН Денеска во неколку наврати ќе треба да покажете како можете да бидете храбри, бестрашни и директни. Не заземајте страна...

Здравје и убавина2 дена

Вниманието во храната во борбата против заморот е многу битна за човековиот организам

Кога ќе забележите дека повеќе денови по ред сте поуморни од вообичаено, физички или ментално, треба веднаш да реагирате и...

НАЈЧИТАНИ