Кичево
(ФОТО) Во кичевско Србјани во дворецот на Храмот „Св.Петар и Павле“ за прв пат блесна светиот Крст
Вчера вечер беше вистински празник за жителите на с. Србјани – кичевско кои не го криеа нивното задоволството од убавината на Крстот кој го осветли селото. Имено по неколку месечна работа на младите луѓе во с. Србјани кои се дел од Црковното настојателство и со огромна поддршка на жителите и неколку компании, вчера вечер заврши целосната изградба на Крстот кој за прв пат блесна во оваа област.

Крстот е висок 12 метри, поставен на бетонски постамент во дворот на Храмот „Св. Ап. Петар и Св. Павле“ со висина од 0,5 метри, со 6 метри распон на краците (3 метри секој крак) и широк 1 метар. Во Крстот е вградена железна конструкција од 1.4 тони. Во основата има 4 винкли со длабичина од 1 метар, вградени 10 кубни метри бетон и 500килигорами железна арматура. Што се однесува до осветлувањето, светиот Крст е осветлен со 75 метри лед светло кој на вечер му дава посебен изглед од далечина.
Иницијативата за изградба на Крст ја започнаа шест млади лица која веднаш се прифати и се подаде огромна поддршка од страна на жителите на Србјани и Кичево и истите активно се вклучија во изградбата.

За нашиот портал тие изјавија дека за скоро време ќе биде осветен Крстот, по што најавија голема манифестација по тој повод. Исто така истакнаа дека тука не застануваат, ова е само почеток , па затоа ги повикуваат сите граѓани од Кичево без разлика на верска и национална припадност, доколку имаат желба активно да се вклучат во работата за да го разубават Храмот кој го краси Србјани, да ги контактират членовите на Црковното настојателство или било кој Православен жител на Србјани за понатамошни информации.
Секоја чест добри луѓе!
Кичево
Јанев денес беше во посета на ОВР Кичево, заедно со раководствата на „РЦ Запад“ и регионалниот сектор за внатрешни работи Охрид
Во рамки на денешната работна посета на Одделението за внатрешни работи во Кичево, директорот на БЈБ Александар Јанев оствари средба со раководствата на регионалниот Сектор за внатрешни работи Охрид и регионалниот Граничен центар Запад. На средбата, како што беше соопштено, детално биле разгледани последните случувања поврзани со инволвираност на полициски службеници од Кичево во случајот со грабежот во гостиварска златара, како и општата безбедносна состојба во регионот со особен акцент на општините каде што ќе се одржи вториот круг од локалните избори.
Јанев изрази благодарност кон сите полициски службеници кои, како што нагласи, секојдневно ја вршат својата должност со интегритет, посветеност и професионализам.
Кичево
„Џојсон Сeјфти Системс“ – Кичево заедно со „ОВР Кичево“ во кичевските училишта реализираа едукативна кампања на тема „Безбедноста на учениците во сообраќајот“
Во насока на унапредување на своите активности за корпоративна општествена одговорност, Џојсон Сeјфти Системс Македонија ДООЕЛ Кичево во соработка со ОВР Кичево реализираа едукативна кампања на тема „Безбедноста на учениците во сообраќајот“.
Активноста беше спроведена во основните училишта „Д-р Владимир Полежиноски“ и „Кузман Јосифоски Питу“ во Кичево, со цел подигнување на свеста кај учениците за значењето на безбедното однесување во сообраќајот и превенција од сообраќајни незгоди.
Преку презентации, едукативни активности и практични совети, вработените на компанијата на учениците им овозможија да стекнат нови знаења за правилното движење по улиците, користењето на пешачки премини, препознавањето на сообраќајните знаци, значењето на внимателноста при учество во сообраќајот и значење на употребата и користењето на системите за безбедност.
Со оваа иницијатива, Џојсон Сeјфти Системс Македонија ДООЕЛ Кичево уште еднаш ја потврдува грижата за луѓето и заедницата како и својата заложба за поддршка на локалната заедница и промовирање на општествено одговорни вредности. Компанијата останува посветена на континуирано реализирање на проекти кои придонесуваат за создавање побезбедна и поодговорна средина за сите граѓани.
Во прилог, повеќе фотографии од овој настан:
/ПР
Кичево
Вчера во кичевското с.Староец затекнат бил крушевчанец на криволов
На 24.10.2025 околу 23:00 часот, полициски службеници од ОВР Кичево го лишија од слобода А.З.(60) од Крушево.
Претходно, во атарот на кичевското село Староец, ловочувар од ловечко здружение „Елен“ од Кичево го затекнал А.З. при незаконит лов и додека пукал кон диво животно од пушка „Маузер“, калибар 7,9 милиметри.
По насоки на јавен обвинител, одземена му е пушката и по целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена кривична пријава по член 228 од кривичниот законик – „незаконит лов“, за медиумите информираше портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.
-
Хороскоп2 денаХороскоп за среда (29 октомври)
-
Хороскоп18 часаХороскоп за четврток (30 октомври)
-
Македонија1 денМВР: Кривична пријава против поранешен директор, заменик директор и вработени во Агенцијата за храна и ветеринарство за „проневера во службата“
-
Македонија1 денДополнете гориво, ноќеска дизелот солидно поскапува, додека бензините остануваат со непроменета цена за литар
-
Кичево3 часа„Џојсон Сeјфти Системс“ – Кичево заедно со „ОВР Кичево“ во кичевските училишта реализираа едукативна кампања на тема „Безбедноста на учениците во сообраќајот“
-
Кичево56 минутиЈанев денес беше во посета на ОВР Кичево, заедно со раководствата на „РЦ Запад“ и регионалниот сектор за внатрешни работи Охрид
-
Временска прогноза1 денНа утро ладно, но врнежи од дожд во почетокот на месец ноември нема да имаме, вели Попоски
-
Спорт1 денВисоки признанија за работата на ФФМ, Омерагиќ и Јандреоски именувани на високи меѓународни позиции во „ФИФА“






