Следете не

Култура

Бигорски Манастир ги кани сите верници на вечерна Богослужба за Прочка

Објавено пред

на

©porta.mk

Манастирот Свети „Јован Бигорски“ ги повикува верниците да земат учество во богослужбата, која ќе започне во недела, со почеток во 17:00 часот.

Службата како што известија преку своето интегрално соопштение, завршува со Великопосната молитва на Св. Ефрем Сирин, која е проследена со големи поклони, како и со меѓусебното големо простување на верниците и монасите.

„Затоа светите отци за овој последен ден пред постот предвиделе специфична богослужба, давајќи на верните можност да си побараат прошка едни на други и така да направат добар почеток на светиот Пост. Во духот на оваа, првично монашка традиција, таа неделна вечерна богослужба во Бигорскиот манастир е вистинско доживување за сите присутни, кои во голем број се собираат овде за со искрено покајание и измирување со другите, достојно да се подготват за посниот подвиг. А глетката во храмот навистина го стоплува срцето и побудува на покајание.

Очите се полнат со солзи, додека наоколу се разлеваат трогателните и отрезнувачки вечерни стихири, а покајното расположение достигнува врв со посебните коленопреклони молитви, што игуменот на свештениот манастир, епископот Партениј, со особено умиление ги чита пред сите присутни, измолувајќи од Бога прошка и благослов за претстојниот свет пост“, се вели во соопштението на манастирот.

Повеќе за соопштението ќе најдете ТУКА

Култура

Денес започнува Божиќниот пост кој трае 40 дена и завршува на денот кога се слави Христовото раѓање, Лесни и богоугодни пости!

Објавено пред

на

©porta.mk

Денес започнува Божиќниот пост, кој трае 40 дена и завршува на 7 јануари денот кога се слави Христовото раѓање. Овој пост претставува еден од најзначајните и подолги пости во православието. Неговото значење не се ограничува само на воздржување од мрсна храна, туку опфаќа и напуштање на лошите мисли, постапки и навики, како и поттикнување на милосрдието, скромноста и искреното покајание.

Црквата истакнува дека постот е воспоставен како подготовка на верниците преку очистување и покајание пред Христовото раѓање, како и преку молитва и примање на светата причест.

Иако се смета за поблаг од Велигденскиот пост, Божиќниот пост содржи денови со построги правила пост на вода, денови кога е дозволено масло, како и одредени денови кога е дозволена риба.

Во прилог ТУКА Ви го претставуваме прекрасниот натпис на Билјана Андоновска, писател и поет.

Прочитај повеќе...

Култура

Денес се празнува Св.Архангел Михаил, домаќини нека Ви е на помош празникот на војводата на сите ангели!

Објавено пред

на

Архангел Михаил, кого народот го нарекува и „војводата на сите ангели“, се слави како еден од најголемите небесни заштитници. Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар), денес е 6 септември – ден посветен на споменот на чудата што се случиле во местото Хони, близу Ерапол во Фригија, каде што подоцна била изградена и црква во негова чест.

Главниот празник на свети архангел Михаил, пак, е Собор на свети архангел Михаил, кој се слави на 8 ноември по стариот (или 21 ноември по новиот) календар. Овој ден е еден од поголемите есенски празници што нашиот народ традиционално ги одбележува со домашни служби. Кај луѓето е познат како Аранѓел, Оранѓел или Аранѓеловден, а празникот е востановен во чест на сите ангели, особено на нивниот водач – светиот архангел Михаил.

На овој ден именден празнуваат: Ангел, Ангелина, Михаил, Михаила, Мила, Милка, Михо, Рајко, Рајна, Ратка и други.


Ангелите и улогата на Архангел Михаил

Според црковното предание, пред создавањето на видливиот свет, Бог го создадил духовниот свет – ангелите. Тие се невидливи духовни битија и затоа на фреските се претставени во човечка форма, со крилја како симбол дека се Божји весници. Нивното бело облекување означува чистота и невиност.

Архангел Михаил е единствениот ангел прикажан во војводска облека, со меч и копје. Причината се крие во неговата улога во борбата против паднатите ангели. Кога дел од ангелите, предводени од Деница, се одметнале од Бога, архангел Михаил застанал во одбрана на Божјата правда, ги собрал верните ангели и го победил предводникот на злото, симнувајќи го од небесата.

Во знак на верност кон Бога, архангел Михаил и сите ангели ја воспеале Света Троица со песната:
„Свет, Свет, Свет е Господ Саваот“.

Во спомен на овој небесен собир е востановен празникот Собор на свети архангел Михаил, со кој црквата им оддава чест на сите ангели.


Зошто празникот се слави токму во ноември?

Според старите сметања, годината започнувала во март, а ноември бил деветтиот месец. Деветката симболично ги претставува деветте ангелски чинови. Осмиот ден од месецот (8 ноември) пак се зема како симболичен знак за „осмиот ден“ – времето по Страшниот суд, кога Христос ќе дојде да им суди на живите и мртвите.

Прочитај повеќе...

Култура

(ФОТО) Празничната убавина во чест на Христовиот војвода во славниот манастир на свети Георгиј во Рајчица

Објавено пред

на

ФОТО: Бигорски Манастир | bigorski.org.mk

Денес во славниот манастир на свети Георгиј во Рајчица, каде што, во храмот на Победоносецот беше отслужена серадосна Божествена Евхаристија. На светата Литургија чиноначалствуваше почитуваниот митрополит г. Кирил, во сослужение со нашиот возљубен Старец, Преосвештениот епископ Антаниски г. Партениј, и со браќата свештенослужители: архимандрит Макариј, јеромонах Еразмо и јероѓаконите Порфириј и Силуан.

Повеќе ќе најдете на официјалниот натпис од Бигорскиот Манастир – ТУКА

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

На денешен ден7 часа

Времеплов: На денешен ден (1 декември)

На денешен ден 1 декември, важни историски настани кои се случиле во различни години и делови од светот. Еве краток преглед...

Хороскоп9 часа

Месечен Хороскоп (декември 2025)

ОВЕН Денот ќе биде пасивен и ќе сакате да правите ретроспектива на нештата кои сте ги оствариле и оние кои...

Здравје и убавина10 часа

Пробајте врз утринското кафе да му додадете парче чоколадо

Доколку во вашето утринско кафе додадете малку чоколадо, можете полесно да се сконцентрирате и посмирено да го започнете денот, покажува...

Здравје и убавина12 часа

Што значи топла или превриена вода за човечкиот организам, еве неколку здравствени проблеми кои топлата вода може да ги реши

Начинот на исхранување и правилното внесување на вода се едни од најважните навики за кои сами одлучуваме и кои значително...

Кичево18 часа

(ФОТО) Вчера во Кичево во преполна сала и одличен амбиент се одржа првиот хуманитарен концерт на „Македонски Завет“ и „Патриотско Друштво“

Во рамки на вчерашниот ден Патриотско Здружение „Македонски Завет“ од Кичево и Патриотското Друштво во НУЦК „Кочо Рацин“ – Кичево...

Македонија19 часа

Кај „Романовце“ лишен од слобода криумчар, пронајдени седум илегални мигранти од Египет

На 30.11.2025 година, околу 02:10 часот, на автопатот Скопје–Куманово, кај наплатната рампа Романовце, при вршење мото-патролна дејност од страна на...

Хороскоп1 ден

Хороскоп за недела (30 ноември)

ОВЕН Вложувате големи напори за да постигнете позитивни резултати во деловното изразување, но има редослед на настани што ги нарушуваат...

Спорт2 дена

Македонската женска фудбалска репрезентација до 19 години со втора победа на турнирот за ЕП

Македонската женска фудбалска репрезентација до 19 години ја забележа втората победа на квалификацискиот турнир (Рунда 1, Група Б5) за Европското...

Спорт2 дена

(ФОТО) „ФК Напредок“ и официјално со победа го заврши есенскиот дел од натпреварите против екипата на „ФК Ренова“ на гостински терен

Кичевски „ФК Напредок“ со победа на гостински терен против екипата на „ФК Ренова“ и официјално го заврши есенскиот дел од...

Здравје и убавина2 дена

„Солта“ го подобрува вкусот на храната, но истовремено има силно влијание врз организмот ако ја користиме прекумерно

Солта го подобрува вкусот на храната, но истовремено има силно влијание врз организмот многу поголемо отколку што мислиме. Таа е...

НАЈЧИТАНИ