Кичево
На градскиот плоштад во Кичево и оваа година ќе блесне хуманитарниот „Божиќен Базар“ покрај најубавиот украс „Витлеемската Пештера“
Почитувани кичевчани, драги сограѓани. Со голема радост преку нашиот медиум како главен медиумски покровител, вашиот кичевски крик кој од 2017-та ја зрачи позитивната енергија во онлајн етерот и како дел од организацијата ја имаме таа чест премиерно да Ве известиме дека и оваа господова година 2026 традиционално ќе се реализира кичевскиот хуманитарен „Божиќен Базар“ позициониран на градскиот плоштад – Кичево, почнувајќи од 2-ри јануари (петок) со почеток од 18:00ч, до 10-ти јануари (сабота) со исклучок на 6-ти и 7-ми бидејќи тие денови се нашите најголеми празници.
И оваа година покрај најубавата 🎄 елка и најубавиот Божиќен украс „Витлеемската Пештера“ – украси кои одамна ги красат овие најубави денови во нашиот град, ќе имаме одлична програма и многу забава.
За возрасните штандот ќе биде збогатен со греана ракија, вино, пиво, апетисани, кафе и топол природен чај, масата ќе ја красат најразновидните слатки производи, како и посебен штанд со познатите вкусни палачинки.

Ланскиот Божиќен Базар 2025 година
Оваа година на програмата се организира повторно богата лотарија за возрасните, но и за дечињата. Ученици ќе презентираат слики на платно и креативни arts and crafts, ќе се презентираат декоративни свеќи, голем избор на рачно изработени накит и женски чанти.
За сите дечиња присутен ќе биде Дедо 🎅 Мраз од Лапонија :), додека благодарение на спонзорите, ќе имаме „пакетчиња за сите дечиња“. Маскоти, за голема радост на дечињата ќе имаме и Рингишпил, како една од најголемите атракции минатите години.
За Божиќ, односно на 8-ми до 10-ти односно до самиот крај, на богатата трпеза ќе биде застапена највкусната скара. На музичкиот подиум и оваа година ексклузивно ќе бидат домашните кичевски бендови и пејачи од нашето поднебје, Културно уметничките друштва и останато.
Благодарение на група граѓани кои несебично помагаат и допринесуваат и оваа година ќе блесне најдобриот спектакл во нашиот град, овој пат збогатен со многу изненадувања и богата трпеза
За сите новости и дополнителни изненадувања, како и за комплетната агенда ќе ве известуваме благовремено!
p.s. Сите кои сакаат да бидат дел и да придонесат, можат да ни се приклучат и заеднички да направиме нешто повеќе за нас и нашите генерации кои доаѓаат по нас, контрактирајте не со порака ТУКА, или на тел. ☎️ 078/655-993 заклучно со 10-ти декември 2025. После тој датум ја заклучуваме конечната агенда.
Кичево
Предмалку се случила тешка сообраќајна несреќа на магистралниот пат кај с. Трапчин Дол кичевско
Предмалку се случила тешка сообраќајна несреќа на магистралниот пат кај с. Трапчин Дол кичевско. Немаме подетални информации за учесниците на сообраќајката и нивното здравје.
Апелираме за внимание доколку поминувате преку овој патен правец.
Наскоро очекуваме детали од овој настан. Од она што го знаеме како информација од случајни минувачи, учесници се и жители од Косово.
На интервенција се веќе екипи на Итна помош при Општата болница Кичево и Полициски екипи.
Кичево
(ФОТО) Вчера во Кичево во преполна сала и одличен амбиент се одржа првиот хуманитарен концерт на „Македонски Завет“ и „Патриотско Друштво“
Во рамки на вчерашниот ден Патриотско Здружение „Македонски Завет“ од Кичево и Патриотското Друштво во НУЦК „Кочо Рацин“ – Кичево организираа хуманитарен концерт наречен „Чување на традицијата и негување на Културното наследство“, во соработка со „Црвен Крст“, Кичево
Концертот беше збогатен со многу музика, оро и родољубиви песни, а настапуваа културно-уметничките друштва од Кичево и естрадните уменици, додека бендот кој беше задолжен за комплетната програма беше група „ЕТНУМ“.
Да ги позравиме уште еднаш учесниците: КУД Бисер Кичево, КУД Нико Пусоски Кичево, КУД Младост Кичево, КУД Кочо Рацин Кичево, Христијан Трајаноски, Дарко Стојаноски, Методија Столески, Софија Пуровска, Анастасиа Митровска, Мирослав Мирчески, Михајло Данилоски, Лука Лазарески, Христијан Тришоски
Да потсетиме, средствата од концертот, ќе бидат донирани на социјални и ранливи семејства во соработка со „Црвен Крст“ Кичево, во предновогодишниот период. Мотото и целта на овој проект беше реализација на Патриотско Здружение „Македонски Завет“ – Кичево е да помогне на тие на кои сме им најпотребни и да им ги удостоиме новогодишните и Божикни празници, со хумана донација. Патриотски е да бидеме хумани.
Благодарни што сме дел од овој хуман настан, ние и понатаму ќе продолжиме да даваме максимална поддршка за хуманитарните настани било каде во државата, па и Кичево.
Преку нашиот објектив, Ви го пренесуваме настанот во целост:
Кичево
Кичевски „ЈКП Комуналец“ ги засука ракавите за почисто и поубаво Кичево во пресрет на новогодишните празници
Според она што граѓаните на град Кичево можат да го видат, повеќе од евидентно е дека „ЈКП Комуналец“ – Кичево ја стартува една од најглавните мисии за почисто и поубаво Кичево. Имено, деновиве сме сведоци на една обемна еколошка експанзија низ кичевските улици, речни корита, булевари и френкфентни сообраќајници, каде вработените спроведуваат еко-акција речиси секој ден, во зависност од временските услови, се разбира.
– Да, токму така, се работи на терен, но еве ја користам оваа прилика, да ги охрабриме сите граѓаните да ја поддржат нашата мисија и заеднички да придонесеме за почисто и поубаво Кичево, затоа што тоа ни оди во прилог на сите граѓани без разлика на нашиот етникум, сите сме граѓани на овој град. Во соработка со Општина Кичево и градоначалникот Д-р Александар Јовановски сме во активна комуникација и максимална соработка во служба на граѓаните. Кичевчани во иднина ќе бидат сведоци на одлични вести со по чиста и по здрава средина за живеење, на кратко за Порта.мк истакна новиот директор на установата, г-дин Бојан Стојкоски
-
Кичево1 ден(ФОТО) Вчера во Кичево во преполна сала и одличен амбиент се одржа првиот хуманитарен концерт на „Македонски Завет“ и „Патриотско Друштво“
-
Кичево5 часаПредмалку се случила тешка сообраќајна несреќа на магистралниот пат кај с. Трапчин Дол кичевско
-
Хороскоп2 денаХороскоп за недела (30 ноември)
-
Хороскоп16 часаМесечен Хороскоп (декември 2025)
-
Спорт2 дена(ФОТО) „ФК Напредок“ и официјално со победа го заврши есенскиот дел од натпреварите против екипата на „ФК Ренова“ на гостински терен
-
Здравје и убавина2 дена„Солта“ го подобрува вкусот на храната, но истовремено има силно влијание врз организмот ако ја користиме прекумерно
-
Спорт2 денаМакедонската женска фудбалска репрезентација до 19 години со втора победа на турнирот за ЕП
-
Здравје и убавина18 часаШто значи топла или превриена вода за човечкиот организам, еве неколку здравствени проблеми кои топлата вода може да ги реши





















































































































