Свет
Целиот Сиднеј оди во двонеделен карантин
Во целиот австралиски град Сиднеј е воведен двонеделен карантин по зголемувањето на бројот на ново заразени со коронавирусот, пренесува BBC во саботата.
Повеќе од милион луѓе во централните и источните делови на градот веќе беа под ограничувања, по скокот на бројот на заразени.
Затворањето сега го опфаќа целиот град и некои околни области и е продолжено од една до две недели.
Повеќе од 80 случаи на многу заразна делта варијанта на вирусот се потврдени во градот во последните денови.
Пет милиони луѓе во карантин
Премиерот на Нов Јужен Велс, Гледис Береџиклијан, рече дека граѓаните низ Сиднеј со околните области на Сините планини, Централниот брег и Волонгонг ќе мора да останат во своите домови до 9 јули, покривајќи околу 5 милиони жители.
„Кога станува збор за заразна варијанта како делтата, тридневното затворање не значи ништо – ако тоа ќе го спроведеме, ајде да го сториме како што треба“, рече таа.
„Треба да се подготвиме за што поголем број случаи во наредните денови“, предупреди Береџиклиан.
Свет
Американската корпорација „Карлајл“ разгледува можност за купување на нафтениот гигант „Лукоил“ надвор од својата матична земја
Американската инвестициона фирма „Карлајл“ разгледува можност да ги купи странските средства на рускиот нафтен гигант „Лукоил“, повикувајќи се на неименувани извори. Компанијата е во почетна фаза на истражување и може да побара американска лиценца за купување на активите, но се уште може да се повлече.
„Лукоил“, кој произведува околу два проценти од руската нафта и има операции во Европа, Блискиот Исток, Африка и САД, претходно објави дека бара купувачи за своите средства надвор од Русија. Американските санкции веќе ги нарушија неговите активности во неколку земји, пренесуваат светските медиуми.
„Карлајл“ е една од најголемите глобални инвестициони компании со управувани средства од околу 474 милијарди долари.
Свет
Гигантот „Амазон“ најави отпуштање на 14,000 вработени од својата корпоративна работна сила
Компанијата Амазон соопшти дека ќе отпушти приближно 14.000 вработени од својата корпоративна работна сила. Претходните извештаи укажуваа дека бројката би можела да достигне и до 30.000 лица, но компанијата официјално потврди дека станува збор за 14.000 отпуштања.
Од компанијата не беше прецизирано кои оддели се најмногу погодени од намалувањето на персоналот. Сепак, според достапните информации, отпуштањата ги зафатија тимовите задолжени за видео игри, логистика, плаќања и cloud computing услуги.
Како главна причина за овој чекор се наведува зголемената примена на вештачката интелигенција. Потпретседателката на Амазон за човечки ресурси и технологија, Бет Галети, изјави:
– „Оваа генерација на вештачка интелигенција претставува најтрансформативната технологија што сме ја виделе по појавата на интернетот. Таа им овозможува на компаниите побрзо да иновираат од кога било досега. Веруваме дека треба да бидеме поефикасни, со помалку организациски слоеви и поголема одговорност, за да можеме побрзо да одговориме на потребите на нашите клиенти и на нашиот бизнис.“
Во изминатите неколку години, Амазон спроведе повеќе помали бранови на отпуштања, кои влијаеја врз различни оддели, меѓу кои Prime Video, Amazon Web Services и логистичките центри на компанијата, пренесуваат преку нивното гласило aboutamazon.com
Извор: aboutamazon.com
Свет
„Google“ со сериозна инвестиција на центри за податоци и вештачка интелигенција во Велика Британија
Американската компанија Гугл денеска објави план за инвестиција од пет милијарди фунти (околу 5,78 милијарди евра) во Велика Британија во наредните две години. Средствата главно ќе бидат насочени кон развој на центри за податоци и истражување во областа на вештачката интелигенција (ВИ), а веста доаѓа непосредно пред посетата на американскиот претседател Доналд Трамп на Лондон.
Според соопштението на компанијата, инвестицијата ќе ги покрие капиталните трошоци, истражувањето и развојот, вклучувајќи ја и работата на Гугл ДипМајнд, британската лабораторија за ВИ во сопственост на технолошкиот гигант.
Како дел од оваа стратегија, денес беше пуштен во употреба нов центар за податоци во Волтам Крос, северен Лондон, во кој Гугл претходно вложи околу една милијарда долари (850 милиони евра).
Портпарол на компанијата за агенцијата АФП, кој сакаше да остане анонимен, изјави дека новата инвестиција ќе претставува надополнување на претходното финансирање.
Во меѓувреме, Велика Британија се подготвува за втората државна посета на Трамп, која ќе се одржи в среда и четврток. Првата официјална посета беше во 2019 година, за време на неговиот прв претседателски мандат. Според британските медиуми, Трамп ќе биде придружуван од делегација составена од високи претставници на технолошкиот и финансискиот сектор, а се очекуваат и нови инвестиции и потпишување на технолошки договор со Лондон.
Во пресрет на посетата, британската влада веќе најави дека американските банки вложуваат повеќе од една милијарда фунти во земјата, а во понеделник потврди и договор со САД за забрзување на процесот на одобрување и верификација на нуклеарни проекти.
Откако започна војната во Украина, Велика Британија значително ги засили напорите за намалување на зависноста од јаглеводородите, при што нуклеарната енергија стана стратешки приоритет. За време на посетата на Трамп, официјално ќе биде потпишано и новото партнерство меѓу Лондон и Вашингтон – „Атлантско партнерство за напредна нуклеарна енергија“, пренесе Бета.
-
Кичево5 часа„ЕВН КЕЦ Кичево“ најави прекин на електрична енергија на овие локации, работите на терен се планирани за вторник и четврток
-
Хороскоп2 денаХороскоп за недела (16 ноември)
-
Хороскоп15 часаХороскоп за понеделник (17 ноември)
-
Спорт1 ден(ЖИВО) У17: Македонија – Русија во вториот контролен меч, кичевчанецот Војчески во стартниот состав
-
Скопје2 денаЦУК: Двете жени се пронајдени во црн пат помеѓу Долно Количани и Батинци и се во добра здравствена состојба, истите биле државјанки на Македонија
-
Временска прогноза2 денаОд вторник следува промена на времето во Македонија
-
Временска прогноза14 часаПопоски: Доаѓаат обилни врнежи од дожд кои ќе предизвикаат поплави, ќе има засилен ветер, западниот дел од државата ќе наврнат до 200 литри/м³ дожд
-
Спорт19 часа(ФОТО) У17: Русија поуспешна од Македонија во вториот контролен меч, одигран денес во Струмица
