Македонија
Цената на суровата нафта веќе е на врвот, дали тоа за нас значи ново поскапување на горивата од понеделник?
Цената на суровата нафта и натаму останува висока по ескалацијата на тензиите меѓу Украина, Русија и западот. По рекордот пред два дена кога барел нафта на берзата во Лондон се продаваше по над 100 долари, денеска цената и натаму останува на ниво над 97 долари за барел што гарантира дека и во иднина ќе имаме исклучително високи цени на горивата во Македонија.
Евентуална ескалација на тензиите дополнително може да ја зголеми побарувачката на нафта што дополнително ќе ја зголеми нејзината цена на берзите.
Дописникот на Би-Би-Си од Азија вели дека инвеститорите бегаат кон она што го сметаат за безбеден имот.
За нас во Македонија тоа значи дополнителен раст на малопродажните цени. Доколку продолжи овој тренд на забрзан раст на цената на суровата нафта на светските берзи и во текот на неделата, не се исклучува можноста од понеделник да имаме уште едно значително зголемување на малопродажните цени.
Ние и во моментов плаќаме рекордно висока цена. Литар бензин чини 84,50 денари за 98 октанскиот и 82,50 денари за 95 октанското гориво, додека Дизелот во моментов чини 74 денари за еден литар.
Извор: (press24.mk)
Македонија
„ЛУКОИЛ Македонија“ продолжува да функционира во нормални рамки
Претседателот на Регулаторната комисија за енергетика, Марко Бислимоски, денеска изјави дека е позитивно тоа што бензинските станици на „Лукоил“ можат непречено да работат во сите држави каде што се присутни. Тој потенцира дека изминатиот месец, и покрај воведените санкции, не се појавиле никакви потешкотии во работењето на „Лукоил Македонија“.
– „Снабдувањето со нафтени деривати се одвива стабилно и без застои. Причината за тоа е што Македонија, за разлика од голем дел од другите земји, не поседува рафинерија во сопственост ниту на Лукоил, ниту на Руската Федерација. Новите мерки донесени од САД дополнително ќе имаат позитивно влијание врз состојбата“, истакна Бислимоски одговарајќи на новинарско прашање на прес-конференцијата.
Вчера во официјалното соопштение од „OFAC“ беше прецизирано дека роковите се пролонгирани до 29 април 2026 година.
Македонија
Сообраќај по наместа влажни коловози, намалена видливост поради магла има на превоите „Стража, Ѓавато, Плетвар и Крушево “
АМСМ и Македонија Пат известуваат дека сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Намалена видливост поради магла до 50 м. има на планинските превои Ѓавато, Плетвар, Стража и Крушево.
Македонија
Тргнати блокадите на граничен премин „Евзони“ за влез и излез кон Грција
АМСМ предмалку соопшти дека од 21:00 ч. блокадите на ГП Евзони, за влез и излез кон Р.Грција се отстранети. Сообраќајот за сите видови возила е нормализиран.
-
Хороскоп20 часаХороскоп за недела (7 декември)
-
Хороскоп2 денаХороскоп за сабота (6 декември)
-
Временска прогноза1 денСе менува ли климата? Најава за невообичаено топло време од следната седмица во месец декември – ова се информациите
-
Здравје и убавина22 часаКако полесно да ја издржите диетата за слабеење
-
Здравје и убавина22 минутиДајте им одмор на цревата во организмот со ова овошје
