Автомобили
Цените на половните електрични возила се во пад

Поради зголемената понуда, пократкото време на испорака и пониските цени на новите автомобили, паѓаат и цените на половните електрични автомобили.
Цените на половните автомобили одамна се екстремно високи, но и тоа се менува. Никој веќе не ја спомнува кризата со чипови, се стабилизираше производството на нови автомобили, а има се повеќе користени електрични модели.
Оценката на германскиот автомобилски клуб (ADAC) е дека се зголемува бројот на користени електрични автомобили на пазарот. Според ADAC, поради зголемената понуда, пократкото време на испорака и пониските цени на новите автомобили, паѓаат и цените на половните автомобили.
Двегодишниот Tesla Model 3 во моментов може да се купи за 17 проценти помалку отколку во есента 2022 година. Тогаш во просек треба да се платат 38.550 евра, денес е нешто помалку од 31.900 евра.
VW ID.3 чини 28.850 евра во просек, а пред една година 33.100 евра (-13%).
Електричниот Hyundai Kona стана уште поевтин, односно 22 отсто за една година. Во просек чини 27.400 евра, наместо 35.050 евра.
Заинтересираните при купувањето задолжително да ја проверат состојбата на батеријата.
Автомобили
(ВИДЕО) „Mercedes-Benz“ наскоро надоградува „steer-by-wire“ технологија која не бара механичка врска помеѓу волан и предни тркала

Започнува нова ера за купувачи на „Mercedes-Benz“. Компанијата ќе биде првиот германски производител на автомобили што ќе понуди сериско возило со систем „steer-by-wire“ од 2026 година.
Оваа технологија не бара механичка врска помеѓу воланот и предните тркала. Наместо тоа, барањата на возачот за управување се пренесуваат брзо и директно преку електричен кабел или жица.
Возачите ќе имаат корист од прилагодливите коефициенти на воланот, управувањето на задната оска и помалку преполната внатрешност. Без разлика дали се движите по градските улици или автопатишта, искуството станува поинтуитивно и постабилно. Плус, помалку вибрации значи потивко возење.
Овој систем не се однесува само на технологијата – туку на презамислување на начинот на кој возиме, како се чувствуваме и како комуницираме со патот, пишуваат колегите од водечкиот веб за автомобили – autoblog.rs
Погледнете во продолжение за што станува збор:
Автомобили
(ВИДЕО) „Lexus“ ќе го претстави целосно новиот „ES“ на саемот за автомобили во Шангај

Lexus ќе го претстави целосно новиот ES на претстојниот меѓународен саем за автомобили во Шангај. Деталите за целосно новиот ES, глобален модел кој ги усовршува напредните технологии за електрификација и продолжува да ја развива својата препознатлива тишина и удобност при возењето, ќе бидат објавени на прес-конференција на штандот на Lexus на 23 април.
Додека го чекаме дебито на оваа нова луксузна понуда, Lexus објави тизер видеа клипови кои прикажуваат некои од уникатните дизајнерски елементи, пренесуваат „global.toyota“
Автомобили
(ВИДЕО) Toyota најавува надградена верзија на GR „Corolla“, премиерата закажана на есен
Toyota најавува надградена верзија на GR Corolla чија премиера е закажана за наесен. Дотогаш Јапонците прикажуваат камуфлиран развоен прототип. Сепак, направени се некои значајни промени во споредба со обичниот модел. Сега има отвори на хаубата и предните браници, а има и поголемо задно крило.
Се издвојуваат 18-инчните мат црни ковани тркала BBS со гуми 245/40 ZR18 (Michelin Pilot Sport Cup 2 наместо Pilot Sport 4). Тојота забележува дека работела и на 1,6 литарскиот бензински турбо мотор за да извлече поголем вртежен момент, но не открива детали.
Трицилиндричниот мотор има и „уникатно подесување“, иако не се споменуваат дополнителни коњски сили над стандардните 300 КС.
Сè уште нема слика од внатрешноста.
Извор: AutoBlog.rs
-
Хороскоп2 дена
Хороскоп за понеделник (21 април)
-
Хороскоп21 час
Хороскоп за вторник (22 април)
-
Кичево10 часа
На „Пресека“ према Охрид вчера се случила нова сообраќајка, учесниците се здобиле со тешки телесни повреди
-
Свет2 дена
Најстариот активен американски астронаут Дон Петит се врати на Земјата од Меѓународната вселенска станица (ISS) на својот 70-ти роденден.
-
Култура24 часа
(ФОТО+ВИДЕО) Во Бигорскиот Манастир и оваа година величествена прослава за Воскресение Христово – Света Пасха
-
Магазин6 часа
В сабота на сцена традиционалниот Велигденски концерт на КУД „Рацин“
-
Технологија1 ден
„Google“ со бесплатен „AI Premium“ план за студентите со времетраење од една година
-
Македонија8 часа
МВР: 2252 сообраќајни прекршоци во празничниот викенд, 1018 за брзо возење