Следете не

Магазин

ChatGPT бележи пад на посетителите, но дали тоа значи дека вештачката интелигенција престана да биде интересна за луѓето?

Објавено пред

на

Тешко е да се каже дали овој пад на бројот на посетители е резултат на заситеноста на јавноста со алатките за вештачка интелигенција или заситеноста на ChatGPT.

По неколку месеци растечка популарност, ChatGPT се соочува со своето прво забавување. Според аналитичката компанија Similarweb, за прв пат откако ChatGPT стана достапен за јавноста во ноември 2022 година, бројот на посети на неговата почетна страница е намален.

Според нивните податоци, глобалниот сообраќај кон страницата на OpenAI паднал за 9,7 отсто во јуни, а времето што посетителите го поминале на страницата паднало за 8,5 отсто.

Првите знаци на забавување веќе беа забележани во мај, но само јуни покажа колку ChatGPT повеќе не привлекува луѓе. Сепак, треба да се напомене дека сепак бележи повеќе посети од Microsoft Bing.

Која е причината за падот на посетеноста? Во Similarweb веруваат дека ова е знак за заситеност на луѓето со чат-ботови со вештачка интелигенција. Но, работите не се толку едноставни. Со создавање на мобилни апликации за ChatGPT, голем број луѓе престанаа да ја посетуваат главната страница. Дополнително, технологијата зад ChatGPT е вградена во голем број други алатки, вклучувајќи го пребарувачот Bing на Microsoft и неговиот пакет Office, што исто така ја намали потребата корисниците да ја посетуваат главната страница.

Покрај тоа, популарноста на ChatGPT доведе до развој на бројни други алатки засновани на вештачка интелигенција, а со тоа и до корисниците да одат на други сајтови каде што можат да најдат различни алатки за вештачка интелигенција.

Затоа, тешко е да се каже дали овој пад на бројот на посетители е резултат на заситеноста на јавноста со алатките за вештачка интелигенција или заситеноста на ChatGPT.

Како и да е, ChatGPT ни покажа што може да направи вештачката интелигенција и направи револуција во многу полиња. Сега останува само да почекаме да видиме кој е неговиот следен чекор.

Хороскоп

Хороскоп за четврток (16 мај)

Објавено пред

на

ОВЕН

Секогаш може подобро и вие тоа најдобро го знаете, па поработете на организацијата и плановите во наредниот период. Ништо не форсирајте, време е за мирен период и комуникација без големи обврски и очекувања. Здравјето е многу добро.

БИК

Можните недоразбирања со деловното опкружување најдобро ќе ги решите преку компромис. Бидете она што сте, но сепак обидете се да ја задржите контролата над ситуацијата, во спротивно многу нешта може да останат недоречени и недефинирани. Здравјето е во ред.

БЛИЗНАЦИ
Многу работа ги очекува типичните Близнаци во текот на последниот работен ден во седмицата, но со одлична организација и комуникација сѐ може да се постигне. Ве очекува ново познанство во текот на денешниот ден, па ако ништо друго тоа ќе биде одлична прилика за флерт и незадолжителна приказна. Здравјето е одлично.

РАК

Бидете трпеливи и доволно тактични, доколку не сакате дда се замерите со некои личности кои не размислуваат на ист начин како вас. Доколку сте задоволни со актуелната ситуација на љубовноо поле, тогаш уживајте, додека сите останати би требало да покажат поголема иницијатива и да преземат нешто. Здравјето е сосема во ред.

ЛАВ

Ако го исклучиме вашето нетрпение и неколкуте нервозни реакции поради тоа, сѐ останато на работно поле би требало да ви оди од рака овој петок. Многу поволен ден е пред вас доколку сте планирале да се посветите на зајакнување на темелот на вашата љубовна приказна. Уживајте! Здравјето е во ред.

ДЕВИЦА

Не е лош ден за започнување на реализација на некои нови идеи, само потрудете се претходно да направите прецизен план на активности. И на љубовно поле ве очекува поволна ситуација и со леснотија ќе ги спроведете сите замисли на дело. Здравјето е сосема добро.

ВАГА

Нема големи препреки на деловен план овој петок. Слободното време може да го искористите за посветување на некои хоби. Употребете го својот шарм и заводнички способности за дополнително зближување со личноста која ве привлекува. Здравјето е многу добро.

ШКОРПИЈА

Водете сметка да не оставите некои обврски незавршени поврзани со папирологија и формалности, за да избегнете плаќање казни. Бидете за нијанса пореални во љубовта, не си задавајте главоболки и избегнете ги комплицираните ситуации. Можна е осетливост на зглобовите.

СТРЕЛЕЦ

Иако не оди се според планот, со мали корекции и решавање на проблемите ќе успеете сѐ дам завршите онака како што треба. Важно е да се опуштите и без големи промени да ги одржувате задоволителните партнерски односи. Можни се алергиски реакции.

ЈАРЕЦ

Држете свој правец, воздржете се од коментирање и обидете се евентуалните несогласувања со деловните соработници да ги решавате на компромисен начин. Уживате во вниманието и наклонетоста на вашата драга личност. Можете да и возвратите со некое убаво изненадување. Здравјето е добро.

ВОДОЛИЈА

Солиден завршеток на работната седмица е пред вас и големо чувство на замор. Опуштете се и не брзајте. Ве очекува многу убав ден на љубовно поле доколку сте планирале да уживате во некоја заедничка активност со саканата личност. Здравјето е одлично.

РИБИ

Помали грижи на деловно поле можат да ви зададат оние соработници кои од ден на ден ги менуваат своите ставови и немаат почит. Позанимавајте се со анализа на своите желби и очекувања, пред да се одлучите за наредниот потег. Можни се стомачни тегоби.

Прочитај повеќе...

Магазин

Ако телефонот ви бил украден – не грижете се! Google има решение за да го пронајдете веднаш

Објавено пред

на

Google лансираше апликација која ќе ви помогне да го пронајдете изгубениот телефон.

Губењето на телефонот е како кошмар во денешниот свет, настанува паника, удирате по џебовите, се враќате по чекорите и стравот ви зазема кога ќе сфатите дека сте го изгубиле телефонот.

Меѓутоа, сега на тој кошмар му дојде крајот бидејќи Google конечно претстави опција која ќе не спаси во тие критични моменти.

На почетокот на април, Google ја лансираше мрежата „Find My Device“ за пронаоѓање телефони и други компатибилни уреди офлајн.

Ова првично е ограничено на САД и Канада, со целосна глобална експанзија планирана за крајот на јуни или почетокот на јули, при што некои региони веќе се воведуваат.

Кога Google ќе ја стартува мрежата Find My Device, вашиот телефон може да побара од вас да се согласите да се придружите, а вие мора да ја прифатите доколку сакате да бидете дел од мрежата, известува Android Police.

Целта на создавањето на оваа мрежа е колку повеќе членови има, толку се поголеми шансите да го најдете вашиот уред доколку го изгубите или ви го украдат.

Google моментално работи со различни производители за да ја донесе оваа функција на сите типови телефони.

/Informer

Прочитај повеќе...

Магазин

Продадени 12 милиони за 12 недели: Оваа видео игра го сруши рекордот!

Објавено пред

на

Поставен е нов рекорд за најбрзо продаваната видео игра PlayStation, објави Sony Interactive Entertainment.

Тоа е Helldivers 2, која се продаде во неверојатни 12 милиони примероци во првите 12 недели. Ова го собори рекордот на брзина на продажба што долго време го држеше видео играта God of War Ragnarok.

Helldivers 2 е посебена поради уште една работа – таа е првата видео игра која беше истовремено објавена и за PlayStation и за PC, а продажбата на верзијата наменета за играње на компјутери помина подобро.

Оваа видео игра е седма најуспешна од кујната на Sony кога станува збор за приходите, но како што е забележано од веб-страницата HCL, резултатот од продадени 12 милиони примероци се броел до 5-ти мај.

Ова е важно бидејќи по тој датум играта беше отстранета од продажба на многу пазари каде што PlayStation Network (PSN) не беше поддржана. Можеби, значи, 12 милиони играчи навистина ја купиле играта, но прашање е колку од нив ја задржале.

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

Автомобили56 минути

VW Golf оваа година го слави својот 50-ти роденден, а по тој повод ќе биде претставена специјална серија

Конечно по извесно време најновото издание на Golf GTI во најава, истакна првиот човек на Volkswagen, Томас Шефер, а моделот...

Спорт59 минути

Фудбалските судии во првата, односно втората македонска фудбалска лига супериорни во 32-то коло од првенството

Судиска комисија ги разгледа спорните моменти од 32 коло на ПРВА МФЛ, и ги донесе следните заклучоци: На натпреварот Фк.Тиквеш-Фк.Воска одигран на...

Хороскоп21 час

Хороскоп за четврток (16 мај)

ОВЕН Секогаш може подобро и вие тоа најдобро го знаете, па поработете на организацијата и плановите во наредниот период. Ништо...

Спорт22 часа

ЖФК Љуботен втора година по ред освојувач на Купот на Македонија во фудбал

Женскиот фудбалски клуб Љуботен втора година по ред е освојувач на Купот на Македонија, откако денеска на градскиот стадион во...

Кичево1 ден

Вчера во Кичево автомобил удрил во пешаци-малолетнички, по што возачот избегал во непознат правец

На 14.05.2024 во 11.30 часот во ОВР Кичево е пријавено дека на булеварот .„Ослободување“ во Кичево, патничко возило удрило во...

Магазин1 ден

Ако телефонот ви бил украден – не грижете се! Google има решение за да го пронајдете веднаш

Google лансираше апликација која ќе ви помогне да го пронајдете изгубениот телефон. Губењето на телефонот е како кошмар во денешниот...

Свет1 ден

Минатото лето беше најжешкото во последните два милениума

Научниците користеле податоци од дрво години од локации низ западната хемисфера за да ги проценат глобалните температури помеѓу првиот век...

Магазин1 ден

Продадени 12 милиони за 12 недели: Оваа видео игра го сруши рекордот!

Поставен е нов рекорд за најбрзо продаваната видео игра PlayStation, објави Sony Interactive Entertainment. Тоа е Helldivers 2, која се...

Македонија2 дена

Авто-плинот од денес конечно со намалена цена за литар, после подолго време

„ТНГ“ за автомобили „плин“ од денес со намалена цена за литар, односно цената е намалена за 1,5 денар. Како што...

Спорт2 дена

Пол беше подобар од Медведев, победи на Зверев, Хуркач и Циципас во Рим

Американскиот тенисер Томи Пол се пласираше во четвртфиналето на Мастерсот во Рим, откако го совлада Русинот Данило Медведев со 6:1,...

НАЈЧИТАНИ