Следете не

Култура

Честит именден на сите кои слават, денес е Св.Апостол Лука

Објавено пред

на

Светиот апостол и евангелист Свети Лука чија слава се одбележува на 31 октомври, според верувањата е заштитник на докторската професија, а го слават и многу православни семејства.

Апостол Лука е еден од четирите евангелисти чии дела денеска се наоѓаат во Новиот Завет. Според едни, тој им припаѓал на Дванаесет апостоли, а според други не бил во редот на овие апостоли туку во Седумдесет апостоли.

По Христовото воскресение, апостол Лука напишал Евангелие за животот и делото на Исус, па главно поради ова тој е познат ѝ како Евангелист.

Роден е во Антиохија. Во младоста ги изучи медицината и сликарската уметност. Тој ги наслика првите икони на Богородица, како и на првите меѓу апостолите Петар и Павле.

Свети Лука е основачот на иконописот во Црквата. Му беше сопатник и соработник на апостолот Павле се до неговата смрт. Со него патуваше и го проповедаше Христовото Евангелие и во Македонија.

По смртта на божествениот Павле, тој едно време помина во Египет, а оттаму отиде во Грција. Таму многу пострада, проповедајќи го воскреснатиот Христос, и најпосле, во Теба Беотиска, незнабошците го обесија на едно маслиново дрво. Од него ни остана едно Евангелие, а ја напиша и книгата Дела апостолски, и двете упатени, како писма, до некој великодостојник Теофил.

Култура

Помолете се за здравје, на врата ни е „Пресвета Богородица Пречиста“, на помош слава домаќини, нека е за многу години!

Објавено пред

на

Народот овој празник го нарекува Пречиста, што одлично ја доловува неговата смисла. Тоа е празник на воведувањето на пресветата девојка Марија во Ерусалимскиот храм.

Првосвештеникот Захарија ја воведе не само во храмот, туку и во Светињата над светињите, т.е. во најсветото, најчистото место на храмот, каде што никој никогаш не влегуваше, освен првосвештеникот, и тоа само еднаш во годината. Така, Бог преку света Захарија, кој беше надвор од себе и обземен од Бога”, ја прослави умната и телесна чистота на Марија, која подоцна стана врата на спасението, т.е. го прими во себе, го носеше и го роди Синот Божји, истовремено и Син Човечки, Христос.

Најчистиот се роди од најчистата утроба. Затоа и празникот е Пречиста.

Денес се чека гости, како и утре официјално на денот!

За многу години домаќини!

Прочитај повеќе...

Култура

Сеноќно молитвено бдение во нашиот манастир „Св. Богородица – Пречиста“ по повод големиот празник Воведение на Пресвета Богородица

Објавено пред

на

©porta.mk

Почитувани возљубени, со особена радост ве информираме дека на 3 декември, во 21 часот ќе се случува сеноќното молитвено бдение во Манастирот Пречиста Кичевска по повод големиот празник Воведение на Пресвета Богородица – Пречиста, коешто ќе започне во недела

На бдението молитвено ќе претстои Старецот Епископ Антаниски г. Партениј, кој ќе чинодејствува со Божествената Литургија на крајот од бдението.
Оваа година голема чест и благослов за нас ќе биде и присуството и молитвеното учество на Старецот на ќелијата на Света Ана во Кареја на Света Гора, сепреподобниот јеромонах Антипа, кој е мошне познат духовник и проповедник, одличен познавач на православната теологија и еклисиологија.

Тој ќе допатува со браќа монаси, коишто со своите светогорски напеви ќе го збогатат празничното бдение. Отец Антипа ќе пристигне во Свештената Пречистанска Обител во текот на утрешниот ден и во недела, со почеток во 8:30 ч. ќе богослужи Света Литургија, на која молитвено ќе присуствува и Преосветениот Епископ г. Партениј, истакнаа од Бигорски Манастир

Прочитај повеќе...

Театар

За прв пат во Кичево доаѓаат неповторливите „Солзи и Смеа“, бидете дел од урнебесното „Комично 7-up Шоу“ кое со сигурност ќе ве насмее, резервирајте на време..

Објавено пред

на

Овој месец „Солза и смеа“ доаѓаат во Кичево, каде за прв пат во ваков формат и на сцена премиерно ќе ја изведат нивната најнова претстава која носи наслов „КОМИЧНО 7-up ШОУ“. Станува збор за нивната најнова урнебесна комедија која со сигурност ќе Ве насмее до солзи!

Ова најново комично шоу на „Солза и Смеа“, ќе се одржи во петок на 24.11.2023 година во големата сала на НУЦК „Кочо Рацин“, а почетокот на овој спектакл започнува во 18:00 часот

Резервација на карти ќе биде малце поразлична од препознатливата, за да резервирате карти мора да се јавите на контакт телефон 078/66-77-97, за истите на влез да си ги подигнете. Цената на билет ќе биде 200 денари.

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

Македонија25 минути

МВР ги подбра возилата кои движат без атест на фолии

Во периодот од 01.11.2023 до 30.11.2023  Министерството за внатрешни работи спроведе акциска контрола на територијата на Република Македонија за санкционирање...

Автомобили7 часа

Кои десет работи не треба да ги чувате во автомобилот во зима

Зимата пристигна речиси во сите делови на земјава и многу граѓани наутро се будат во минусни температури. Познато е дека...

Магазин8 часа

Amazon има свој генератор на слики со вештачка интелигенција

Amazon скокна на истиот бенд на кој скокнаа многу големи технолошки компании оваа година, дебитирајќи свој сопствен генератор на слики....

Магазин8 часа

Apple го прекина партнерството со Goldman Sachs

Apple и Goldman Sachs потенцијално го завршуваат своето партнерство четири години откако ги здружија силите за кредитната картичка на Apple,...

Гејминг8 часа

Трејлерот за GTA VI е тука и официјално не враќа во Vice City, но не пред 2025 година.

Rockstar Games конечно го објави официјалниот трејлер за GTA VI кој не враќа во поставката Vice City, овој пат со...

Хороскоп21 час

Хороскоп за вторник (5 декември)

ОВЕН Околу Овенот ќе владее мир и ќе донесе хармонија во вашиот дом. Можеби се расправате со член на семејството...

Спорт1 ден

UEFA ја одби жалбата на Партизан, сепак ќе игра без публика поради однесувањето на публиката на мечот против Нордсјеланд

Дисциплинската комисија на УЕФА соопшти дека е одбиена жалбата на фудбалскиот клуб Партизан за казната што му беше изречена на...

Временска прогноза1 ден

Студеното време зема интензитет, од четврток најава за нови снежни врнежи и на пониските места

Во Македонија во следните денови ќе имаме многу променливо и значително постудено време. Ќе бидеме и под влијание на влажен воздушен...

Македонија1 ден

Од ноќеска цената на горивата се намалува

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, се намалуваат за 1,00 ден/лит, во однос на малопродажните цени утврдени...

Автомобили1 ден

Неколку супер трикови за да спречите формирање мраз на стаклата на автомобилот

Мразот на прозорците на автомобилите често е проблем за возачите во овој период од годината. Одмрзнувањето на шофершајбната е честа...

НАЈЧИТАНИ