Македонија
Честитка по повод верскиот празник „Рамазан Бајрам“ на сите припадници на исламската вероисповед

Македонија
Лишен од слобода скопјанец, ја загрозил безбедноста на полицискот хеликоптер додека полнел вода за гасење на пожари низ државата

На 12.08.2025 во 18:55 часот полициски службеници од ПС Карпош го лишија од слобода И.А. (55) од Скопје поради сомнение за сторено кривично дело по чл.303 од КЗ (загрозување на безбедноста на воздушниот сообраќај).
Имено, на 06.07.2025 околу 18 часот, додека полицискиот хеликоптер приоѓал кон местото каде реката Лепенец се влива во реката Вардар со цел да наполни вода за гасење на пожарот во реонот на Блаце, пилотите забележале лице кое влегло во плиткиот дел на коритото на Вардар и мавтало со рацете, по што од лица кои биле присутни на местото на настанот биле известени дека лицето фрлало со камења кон воздухопловот Белл 412 и поради тоа биле принудени да го променат местото на полнење на вода, затоа што биле ставени во крајно безбедносно загрозување и тоа додека извршувале задачи за потребите на државата и граѓаните.
По преземени мерки и активности, И.А. е пронајден и лишен од слобода и по документирање на настанот против него ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.
Македонија
ЦУК: Поради пожар целосно затворен патниот правец за сообраќај од Брезница преку НП „Јасен“ до Македонски Брод

Центарот за управување со кризи известува дека поради пожар, целосно е затворен за сообраќај патниот правец од Брезница, преку Националниот парк „Јасен“, до Македонски Брод.
Македонија
Пожарот кај с.Челопеци и Миокази кичевско ставен под контрола, во прилог состојба со пожари ширум Македонија до утрово

На ден 11/12.08.2025 година, до 07:00 часот, на територијата на Македонија има вкупно 16 пожари на отворен простор, од кои активен е 1 пожар, под контрола е 1 пожар, и изгаснати се 14 пожари, известува ЦУК.
АКТИВНИ: 1
1. Општина Македонски Брод: Повеќенаменското подрачје Јасен (мешана шума)
ПОД КОНТРОЛА: 1
1. Општина Кичево: с. Челопеци – с. Миокази (мешана шума)
ИЗГАСНАТИ: 14
1. Општина Босилово: с. Сарај (горел отпад)
2. Општина Куманово: с. Табановце (ниска вегетација)
3. Општина Врапчиште: с. Ломница – с. Калиште (мешана шума)
4. Општина Тетово: Тетово (ниска вегетација и ѓубре)
5. Општина Кочани: м.в. Трајаново трло (ниска вегетација)
6. Општина Ресен: с. Долно Дупени (дабова шума и ниска вегетација)
7. Општина Ново Село: с. Старо Коњарево (ѓубре)
8. Општина Крушево: с. Бучин (ниска вегетација)
9. Општина Теарце: с. Теарце (ниска вегетација)
10. Општина Куманово: с. Романовце (ниска вегетација)
11. Општина Сарај 1: с. Радуша – с. Свиларе (ниска вегетација и мешана шума)
12. Општина Сарај 2: с. Шишево (ниска вегетација)
13. Општина Арачиново: с. Арачиново (ниска вегетација)
14. Општина Прилеп: м.в. После затворот (ниска вегетација)
Извор: ЦУК
-
Кичево2 дена
(ФОТО) Во кичевската гимназија „Мирко Милески“ денес за прв пат се одржа свечено доделување на дипломи за матуранти
-
Хороскоп1 ден
Хороскоп за вторник (12 август)
-
Македонија1 ден
Пожарот кај с.Челопеци и Миокази кичевско ставен под контрола, во прилог состојба со пожари ширум Македонија до утрово
-
Македонија1 ден
ЦУК: Поради пожар целосно затворен патниот правец за сообраќај од Брезница преку НП „Јасен“ до Македонски Брод
-
Хороскоп11 часа
Хороскоп за среда (13 август)
-
Кичево2 дена
Вчера малолетник од Кичево се здобил со тешки телесни повреди управувајќи електричен тротинет во сообраќај
-
Македонија2 дена
Од ноќеска дизел и бензин горивата поевтинуваат
-
Временска прогноза1 ден
Македонија под Африкански топол бран, седмицата без најава за врнежи од дожд