Кичево
По повод „Божик“ во Кичево се организира хуманитарен настан „Црвен тепих на Хуманоста“ – полна трпеза за секое социјално загрозено семејство!
Почитувани, во пресрет на претстојниот празник – „Христовото раѓање“, за кој секоја година се организираа „Бадниковите поворки“, оваа година со оглед на состојбата со Коронавирусот истите неможат да се спроведат, но ќе се потрудиме како и секогаш истите поворки да донесат радост, да принесат љубов во текот на празничниот период.
За таа цел во вторник и среда ( 28.12 и 29.12.2021 ) во тие денови од 11:00 до 18:00 часот организираме настан „Црвен тепих на Хуманоста“ кој ќе биде поставен на градскиот плоштад, веднаш до „Божиќната пештера“ – која стана традиционален украс на градот, место каде што сите хумани граѓани ќе можат да оставаат донации од храна и намирници за помош на социјално загрозените семејства.
Потребно е донациите да бидат составени од нерасиплива храна, која што ќе биде поделена на семејства во текот на празничните денови, пред претстојниот празник „Христовото раѓање“.
Сметаме дека на овој начин преку организирање на ваков хуманитарен настан ќе помогнеме барем во текот на празничните денови сите семејства да имаат доволно храна и да можат радосно да го дочекаат најголемиот празник.
Воедно упатуваме апел до сите поголеми фирми како и нашите иселеници да земат учество во хуманитарната акција сѐ со цел да се соберат што е можно повеќе донации за да може да се помогне секаде каде што е најпотребно.
За сите ваши дополнителни прашања во врска со настанот може да се обратите кај еден од организаторите на тел. 076/824-325 – „Роденденски Пињати“
Празникот на надежта и љубовта кога цела вселена се радува и возобновува нека ги стопли вашите срца и ја побуди хуманоста кај секој од нас. Затоа во вторник и среда ( 28.12 и 29.12.2021 ) сите патишта нека водат до градскиот плоштад во Кичево.
Ајде да бидеме ХУМАНИ !
Кичево
(ВИДЕО) На голема радост на дечињата, ООУ „Кузман Јосифоски-Питу“ – Кичево блесна во украсна новогодишна бајка
Во рамки на денешниот ден заврши и предновогодишното украсување на училиштето. Благодарение на наставниот колегиум и директорот, ова училишно катче навистина изгледа преубаво, на голема радост на дечињата.
– Кога се работи за нашите ученици, ама баш не претставува никаква тешкотија да се украсат училниците, главниот ходник и училишниот двор. Заедно со наставниот кадар кој морам да ги пофалам за нивната креативност успеавме да направиме едно вистинско новогодишно катче во пресрет на новата 2026-та година и божиќните празници. Ја користам оваа прилика да им се заблагодарам на сите кои придонесоа секако и на родителите кои се тука и постојано ни ја даваат максималната поддршка, на кратко истакна директорот на ООУ „Кузман Јосифоски-Питу“, г-дин Бошко Лазаровски
Во прилог ви го презентираме нивниот краток видео запис и некоја фотографија која ни испратија:
Кичево
Вчера вечер во кичевски угостителски објект бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка на четворица жители на град Кичево
На 11.12.2025 во 23:00 часот во ОВР Кичево е пријавено дека во угостителски објект, на ул. „Маршал Тито“ во Кичево бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу Е.А. (34), С.А. (25), од една страна и Х.Џ. (22) и О.М. (42), од друга страна.
По целосно документирање на настанот, ќе биде поднесен соодветен поднесок, за јавноста соопшти портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски
Кичево
Финишираат подготовките за овогодинешниот Хуманитарен „Божиќен Базар“ во Кичево, период на многу забава, радост и среќа
Месец јануари ќе започне долгоочекуваниот „Божиќен Базар“ 2026, кој функционира долго време поради неговиот карактер и хуманитарна мисија. Предмалку побаравме информација од организаторите на оваа величевствена манифестација која ќе трае од 2-ри јануари до 11-ти јануари, со исклучок на најголемите христијански празници Бадник и Божиќ.
Од она што сигурно се знае, оваа година распоредот ќе биде доста по комплетен за разлика од претходно, имено метежот до вашите сакани намирници нема да го има.
Влезот на просторот каде ќе се одржува Базарот ќе ве пречека гламурозна импровизирана и украсена Порта која ќе даде посебна магија на новогодишните и божиќните празници.
Покрај тоа, исто така и оваа година градскиот плоштад ќе ја краси најубавата 🎄 елка и најубавиот Божиќен украс „Витлеемската Пештера“ украси кои одамна ги красат овие најубави денови во нашиот град, а ќе имаме одлична програма и многу забава.
Благодарение на група граѓани кои несебично помагаат и допринесуваат и оваа година ќе блесне најдобриот спектакл во нашиот град, овој пат збогатен со многу изненадувања и богата трпеза, истакнаа организаторите преку нашиот медиум.
Повеќе информации околу базарот имавме објавено пред околу еден месец ТУКА
-
Кичево1 денВчера вечер во кичевски угостителски објект бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка на четворица жители на град Кичево
-
Кичево2 денаФинишираат подготовките за овогодинешниот Хуманитарен „Божиќен Базар“ во Кичево, период на многу забава, радост и среќа
-
Хороскоп1 денХороскоп за сабота (13 декември)
-
Кичево1 ден(ВИДЕО) На голема радост на дечињата, ООУ „Кузман Јосифоски-Питу“ – Кичево блесна во украсна новогодишна бајка
-
Спорт6 часа(ВИДЕО) Со головите на кичевчаните Стефан Стојаноски 23′ и Павел Димоски во 93′, Македонија У15 ја победи силната Турција, секоја чест момци, гордост на нашиот град
-
Хроника7 часаМаж во производствена хала од машина се здобил со повреди и починал на лице место
-
Временска прогноза2 денаЛадно на утро со температури под нулата
-
Хроника1 денДенеска млад жител на Скопје бил пронајден починат во напуштена куќа, вчера имало уште еден случај пријавен до СВР Скопје..



