Следете не

Македонија

ЦУК: До предмалку ова е состојбата со пожарите ширум Македонија, 11 активни, 8 изгаснати

Објавено пред

на

ФОТО: архива

Во текот на денешниот ден, сабота, 16.08.2024 година, до 16:00 часот има вкупно 25 пожари на отворен простор, од кои во моментов 11 се активни, 6 се под контрола и 8 се изгаснати.

АКТИВНИ ПОЖАРИ: 11

1. Општина Македонски Брод 1: Јасен – викенд населба Белица (борова шума);

2. Општина Ресен и Општина Охрид: Галичица, на исток во правец на селата Лескоец и Стење, општина Ресен, додека на Охридска територија на запад кон месноста Војтино и на север кон планинарска куќа (нискостеблеста вегетација и букова шума);

3. Општина Долнени 1: с.Дебреште, крак кон с.Зрзе, како и крак кон с.Крапа, Општина Македонски Брод (нискостеблеста деградирана шума, сува трева);

4. Општина Новаци: с.Полог – Брник –Рапеш – Паралово (ниска вегетација, деградирана шума);

5. Општина Кичево 1: с.Цер, планина Лубен, проширен е кон селата Брезово и Зашле, Општина Демир Хисар (нискостеблеста деградирана шума, сува трева и ниска вегетација);

6. Општина Кичево 2: с.Патеец – с.Козичино – с.Дупјани, проширен кон с.Горно Крушје, Општина Македонски Брод (борова и букова шума);

7. Општина Пласница: с.Пласница – с.Латово, Македонски Брод (нискостеблеста вегетација);

8. Општина Дебар: с.Гари на планина Стогово (мешана шума);

9. Општина Чашка: с.Мокрени (нискостеблеста дабова шума и високо квалитетна дабова шума);

10. Општина Долнени 2: с.Небрегово (нискостеблеста шума) –префрлен од Општина Чашка од планина Мукос;

11. Општина Росоман: с.Сирково (нискостеблеста шума и сува трева).

ПОД КОНТРОЛА: 6

1. Општина Маврово-Ростуше: с.Врбен (мешана шума);

2. Општина Македонски Брод 1: с.Грешница (мешана шума);

3. Општина Македонски Брод 2: с.Девич м.в.Вртешка (мешана шума);

4. Општина Демир Хисар: Илинска-Плакенска Планина, кај селата Вирово и Слоештица (ниска вегетација);

5. Општина Делчево: Депонија Делчево (депонија);

6. Општина Чашка: с.Папрадиште и с.Ореше (мешана шума);

ИЗГАСНАТИ: 8

1. Општина Македонска Каменица: с.Цера (мешана шума);

2. Општина Маврово – Ростуше: врв Кораб (нискостеблеста вегетација) – префрлен од Р.Албанија;

3. Општина Василево: м.в.Карбино (ЗИК Слобода) према с.Владевци (нискостеблеста шума, стрништа, сува трева, грмушки);

4. Општина Валандово: с.Казандол, м.в.Чештово (нискостеблеста шума, прнар, сува трева);

5. Општина Тетово: с.Бродец (депонија);

6. Општина Јегуновце: с.Туденце – с.Сиричино (депонија);

7. Општина Гостивар: с.Чајле – с.Форино (сува трева);

8.Општина Велес: с.Црквино (сува трева и трње).

Извор: ЦУК

Кичево (Квалитет на воздух, ♻️ секој 2ч)

Македонија

Поднесена кривична пријава против 33 лица и две правни лица за сторени кривични дела од областа на корупција и економски криминал, 11 лица се лишени од слобода, по двајца се трага

Објавено пред

на

Во текот на ноќта на 17 и 18.12. 2025 година, под раководство на јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, полициски службеници од Одделот за организиран и сериозен криминал спроведоа координирана акција на повеќе локации во Скопје и околината, како и во Куманово, Неготино, Велес, Пехчево, Пробиштип и Кочани. Во рамките на акцијата од слобода се лишени 11 лица.

Вчера (18.12.2025 година), Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал при МВР до ОЈО за ГОКК поднесе кривична пријава против 33 физички лица и тоа: Б.Д. (39), Ф.А. (40) и К.П. (36) сите од Скопје за сторени кривични дела „злосторничко здружување“ (чл.394 ст.1), „злоупотреба на постапка за јавен повик, доделување на договор за јавна набавка или јавно-приватно партнерство“ (чл.275-в) во врска со „помагање“ (чл.24) и „перење пари и други приноси од казниво дело“ (чл.273) од КЗ, В.С. (51) од Скопје, за „злосторничко здружување“ (чл.394 ст.1), „злоупотреба на постапката за јавен повик, доделување на договор за јавна набавка или јавно приватно партнерство“ (чл.275-в) и „перење пари и други приноси од казниво дело“ (чл.273) во врска со „поттикнување“ (чл.23) од КЗ, В.К. (53) од Пробиштип, за „злосторничко здружување“ (чл.394 ст.1), „злоупотреба на постапка за јавен повик, доделување на договор за јавна набавка или јавно-приватно партнерство“ (чл.275-в) и „перење пари и други приноси од казниво дело“ (чл.273) од КЗ, Б.З. (47) од Куманово, за „злосторничко здружување“ (чл.394 ст.1), „злоупотреба на постапката за јавен повик, доделување на договор за јавна набавка или јавно приватно партнерство“ (чл.275-в ст.3 вв чл.23 вв.ст.1 вв ст.45) и „перење пари и други приноси од казниво дело“ (чл.273) од КЗ, Д.М. (62) од Куманово, за „злосторничко здружување“ (чл.394 ст.1) и „злоупотреба на постапката за јавен повик, доделување на договор за јавна набавка или јавно приватно партнерство“ (чл.275-в ст.3 вв ст.1 вв чл.45) од КЗ, А.М. (58), Џ.К. (30), Б.Н. (44), М.Ц. (40), Б.Ч. (53), П.С. (30), Л.П. (28), Ј.П. (40) и Д.З. (45) сите од Скопје, за „злосторничко здружување“ (чл.394 ст.2) и „злоупотреба на службената положба и овластување“ (чл.353 ст.4 вв ст.1 вв чл.45) од КЗ, С.Г. (47) од Скопје, за „злосторничко здружување“ (чл.394 ст.2) и „злоупотреба на службената положба и овластување“ (чл.353 ст.4 вв ст.1) од КЗ, Ф.З. (46) и И.С. (46) од Куманово, З.Б. (39), А.Б. (37), А.М (40), А.М. (53), Т.С. (45), З.В. (58), Б.К. (27) и П.Ј. (28) сите од Скопје, В.С (58) од Неготино, Б.К. (55) од Кочани, Ѓ.К. (63) од Велес, В.К. (32) и С.М. (40) од Штип и В.Т. (47) од Пехчево за „перење пари и други приноси од казниво дело“ (чл.273 ст.1) во врска со „соизвршителство“ (чл.22) од КЗ и против две правни лица од Скопје и Куманово за „злоупотреба на постапката за јавен повик, доделување на договор за јавнa набавкa или јавно-приватно партнерство“ (чл.275-в) од КЗ.

Пријавените Б.Д., Ф.А., К.П., В.С., Д.М., В.К. и Б.З., во текот на 2023 година создале група која имала за цел вршење на кривични дела „злоупотреба на постапката за јавен повик, доделување на договор за јавна набавка или јавно – приватно партнерство“, „злоупотреба на службена положба и овластување“ и „перење пари и други приноси од казниво дело“. Кон оваа група се приклучиле М.Ц., Б.Ч., Л.П., П.С., Ј.П., А.М., Б.Н., Џ.К., С.Г., Д.З., Ф.З., З.Б., З.В., И.С., А.М., В.С., Б.К., Ѓ.К., А.Б., А.М., В.Т., В.К., С.М., П.Ј., Т.С. и Б.К., кои во текот 2023 и 2024 година, со намера да прибават за себе или за друг имотна корист, свесно ги повредиле прописите за постапката за јавен повик, доделување договор за јавна набавка или јавно-приватно партнерство.

Во текот на 2023 година, со намера да се изигра постапката, по претходно договорена и изготвена техничка спецификација за набавка на „СКАД Ормари мониторинг ормар со ГСМ контролор за топлонска станица“ за потребите на ЕСМ Дистрибуција на топлина Дооел Скопје, дел од припадниците на злосторничкото здружување, во својство на службени лица не ја извршиле својата службена должност. Истите договориле на Огласот за јавна набавка, да се пријават правните лица од Скопје и од Куманово, при што правното лице од Куманово се јавило како економски оператор со понуда со непотполна документација и повисока понудена цена од правното лице од Скопје, кој дал понуда во износ речиси идентичен со проценетата вредност на јавната набавка, иако истата не била објавена во огласот за јавната набавка. Со ова дејствије овозможиле правното лице од Скопје да го добие договорот за јавна набавка на СКАД ормари и да се стекне со противправна имотна корист во вкупна вредност од 400.400.000 денари без ДДВ, односно 472.470.407 денари со ДДВ (7.682.445 евра) на штета на Буџетот на ЕСМ Дистрибуција.

По извршувањето на горенаведените предикативни кривични дела пријавените В.С., В.К., К.П., Ф.А., Б.Д., Ф.З., Б.З., З.Б., З.В., И.С., Б.К., Ѓ.К., А.Б., А.М., В.Т., В.К., С.М., П.Ј., Т.С. и Б.К., во периодот од 2023 до 2025 со намера за себе или за друг да прибават противправна имотна корист и со намера да го прикријат потеклото, движењето и сопственоста на парични средства кои биле прибавени со наведените кривични дела, пуштиле во оптек, примиле и пренеле парични средства во вкупен износ од 125.556.930,00 денари (2.041.576 евра) и со вака преземените дејствија го извршиле битието на кривичното дело „перење пари и други приноси од казниво дело“.

Извор: МВР

Кичево (Квалитет на воздух, ♻️ секој 2ч)

Прочитај повеќе...

Македонија

Бензините од вечерва со намалена цена за литар, дизелот останува непроменет

Објавено пред

на

©porta.mk

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се намалуваат за 2,00 ден/лит, во однос на малопродажните цени утврдени со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 15.12.2025 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 71,00 ден/лит, додека малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 73,00 ден/лит.

Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V), на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) и на Мазутот М-1 НС, не се менуваат, односно остануваат на исто ниво како што биле утврдени со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 15.12.2025 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 66,50 ден/лит, малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) изнесува 65,50 ден/лит, додека малопродажната цена на Мазутот М-1 НС изнесува 32,635 ден/кг.

Кичево (Квалитет на воздух, ♻️ секој 2ч)

Прочитај повеќе...

Македонија

„Од народ, за народ“: До сите градови, во тек е шестата најмасовна хуманитарна акција – „Пакетчиња за сите дечиња“, радувај се на новогодишната магија!

Објавено пред

на

ФОТО: Пакетчиња за сите дечиња

Во тек е најмасовната хуманитарна акција „Пакетчиња за Сите Дечиња“ која започна во Охрид, но за брзо се прошири во цела Македонија. Ова е шеста година по ред каде што оваа организација ќе ги израдува најмалите и најмилите, а идејата зад целата акција е да се посетат оние на кои позитивната енергија им е најпотребна, а таа енергија не радува буквално сите и стари и млади.

До сега оваа акција има подарено над 15,000 подароци во изминативе години, а се приклучиле над 2000 индивидиални донатори, фирми и медиуми, како и над 1000 активисти- волонтери кои со свој придонес донесоа радост кај најмалите низ целата држава.

Настаните на ова движење можете да го погледнете на агендата на ПЗСД за 2026та, каде што можете со ваша донација на пакетче да се придружи секој. За донации од странство контактирајте ги на фејбук страницата „Пакетчиња За Сите Дечиња“ – ТУКА

Очекуваме многу позитива, шириње на новогодишната магија и нормално илјадници пакетчиња како и секоја година.

Инаку, порта.мк е дел од оваа структура и партнер на оваа организација од самиот почеток, така што продолжуваме и понатаму

Ова е комплетната агенда:

„Пакетчиња за Сите Дечиња“ 6, Од Народ За Народ.

Кичево (Квалитет на воздух, ♻️ секој 2ч)

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

Македонија1 час

Поднесена кривична пријава против 33 лица и две правни лица за сторени кривични дела од областа на корупција и економски криминал, 11 лица се лишени од слобода, по двајца се трага

Во текот на ноќта на 17 и 18.12. 2025 година, под раководство на јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за...

Lifestyle2 часа

Тоше Ангелески, пејач и композитор од Кичево, силна емоција, автентичен звук, 2026-та година ќе биде албумска со многу позитивна енергија

Тоше Ангелески, еден од најактивните македонски изведувачи во моментов, ја заокружува 2025 година со рекорден број на настапи, бројни гостувања...

Спорт5 часа

Никола Јокиќ го сруши рекордот, оствари нов трипл-дабл

Никола Јокиќ испиша нова страница во НБА историјата во победата на Денвер над Орландо од 126-115, со што го надмина...

Хороскоп15 часа

Хороскоп за петок (19 декември)

ОВЕН Денес ќе ви се чини особено напорен ден затоа што ќе бидете помалку продуктивни од вообичаено, нема да имате...

Кичево19 часа

(ФОТО) Вкусете ја свежината и направете го секојдневието повкусно со пиљара „Бамби“ – вистинскиот избор за секој дом!

Кога станува збор за квалитет, разновидност и секогаш свежи производи, пиљара „Бамби“ е вистинскиот избор за секој дом. Фирма посветена...

Кичево20 часа

Внимание: Измена во сообраќаен режим кон Охрид по една коловозна лента

СВР Охрид ја информира јавноста дека, од денеска во наредниве десет дена, на сила ќе бидат измените на сообраќајниот режим...

Македонија23 часа

Бензините од вечерва со намалена цена за литар, дизелот останува непроменет

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се намалуваат за 2,00 ден/лит, во однос на малопродажните цени утврдени...

Временска прогноза1 ден

Ни претстои промена на синоптичката состојба со времето, не се исклучува можноста да имаме снег за новогодишните празници!

Според она што можам денес да го изјавам за јавноста е тоа дека од ден 25 декември Католички Божик па...

Кичево1 ден

Среќна потрага во Кичево, пронајден 12-годишникот кој родителите го пријавија за исчезнат

На 17.12.2025 во 16:40 часот на улица „Ужичка Република“ во Кичево, полициски службеници од ОВР Кичево го пронајдоа 12-годишното дете,...

Македонија1 ден

„Од народ, за народ“: До сите градови, во тек е шестата најмасовна хуманитарна акција – „Пакетчиња за сите дечиња“, радувај се на новогодишната магија!

Во тек е најмасовната хуманитарна акција „Пакетчиња за Сите Дечиња“ која започна во Охрид, но за брзо се прошири во...

НАЈЧИТАНИ