Македонија
ЦУК: До вчера 6 активни пожари, додека останатите 9 се под контрола
Вчера, вторник, 06.08.2024 година на територија на државата имаше вкупно 41 пожари на отворен простор, од кои во моментов 6 се активни, 9 се под контрола и 26 се изгаснати, велат од ЦУК, и тоа:
АКТИВНИ: 6
1. Општина Македонски Брод: с.Тажево – с.Брезница – Јасен;
2. Општина Демир Хисар и Општина Охрид: Илинска Планина, с.Витово, Базерник, с.Мали Илино и с.Брежани;
3. Општина Чашка: с.Папрадиште – с.Ореше;
4. Општина Петровец: с.Градманци – Дивље;
5. Општина Кочани: м.в.Панаѓур, кај одмаралиштата на Пониква;
6. Општина Студеничани: с.Драчевица – с.Црвена Вода;
ПОД КОНТРОЛА: 9
1. Општина Студеничани 1: м.в.Дрешница над с.Батинци;
2. Општина Студеничани 2: с.Долно Количани – с.Горно Количани кон с.Вражале;
3. Општина гевгелија: с.Негорци;
4. Општина Охрид: Галичица;
5. Општина Дојран и Богданци: с.Фурка кон Богданци;
6. Општина Македонски Брод: с.Слатина;
7. Општина Пласница: с.Пласница (изгаснат) – с.Латово (чади);
8. Општина Делчево: Депонија Делчево;
9.Општина Прилеп: с.Лениште;
ИЗГАСНАТИ: 26
1. Општина Зелениково: с.Вражале;
2. Општина Кисела Вода: Маркова река – пат кон Драчево;
3. Општина Чучер-Сандево 1: месност Голиево;
4. Општина Чучер-Сандево 2: с.Средно Блаце;
5. Општина Гази Баба: с.Раштак;
6.Општина Сарај: с.Глумово;
7. Општина Охрид: Косел – Расино – Опеница – Вапила;
8. Општина Пробиштип: с.Зелениград – с.Јамиште;
9. Општина Валандово: с.Пирава;
10. Општина Гостивар 1: нас.Питарница;
11. Општина Гостивар 2: Хоум центар;
12. Општина Врапчиште с.Градец;
13. Општина Тетово: зад Фабрика Федербау;
14. Општина Желино: с.Ларце;
15. Општина Теарце: с.Глоѓи;
16. Општина Велес: автопат Велес – Скопје, кај база на Македонија Пат;
17. Општина Липково: с.Матејче;
18.Општина Кичево 1: с.Добреноец;
19.Општина Кичево 2: с.Зајас;
20. Општина Струга: с.Волино;
21.Општина Битола: Околината на Битола;
22.Општина Дебар: с.Баланци;
23. Општина Старо Нагоричане. с.Степанце;
24.Општина Куманово: с.Романовце;
25.Општина Прилеп: с.Лагово;
26. Општина Радовиш: с.Подареш – с.Калуѓерица;
Македонија
Од ноќеска цената на дизелот и бензинот се намалува, еве колку ќе чини литар гориво на малопродажните објекти ширум Македонија
Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 и на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V), се намалуваат за 2,00 ден/лит, во однос на малопродажните цени утврдени со одлуката за
утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 12.12.2025 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 73,00 ден/лит, малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 75,00 ден/лит, додека малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V)
изнесува 66,50 ден/лит.
Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1), се намалува за 1,00 ден/лит, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 12.12.2025 година и со тоа малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1)изнесува 65,50 ден/лит, соопшти РКЕ.
Македонија
Се намалува малопродажната цена на Мазутот, бензините и дизелот остануваат со иста цена за литар
Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 1,089 ден/лит, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на
нафтените деривати и горива за транспорт од 09.12.2025 година и со тоа малопродажната цена на Мазутот М-1 НС изнесува 32,883 ден/кг.
Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1), не се менуваат, односно остануваат на исто ниво како што биле утврдени со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 09.12.2025 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 75,00 ден/лит, малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 77,00 ден/лит, малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 68,50 ден/лит, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1)изнесува 66,50 ден/лит, известуваат од РКЕ.
Македонија
(ВИДЕО) МВР: Расчистено убиство во гостиварско, поднесена кривична пријава
СВР Тетово – Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против С.М.(53) од с.Неготино, општина Врапчиште, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „убиство“ по член 123 од Кривичниот законик. Имено, на 09.12.2025, Ј.М.(34) од гостиварско пријави дека неговата мајка Х.А.(53) од с.Равен, гостиварско, се оддалечила од домот, а подоцна на безбедносните камери забележал дека на 07.12.2025 таа влегува во патничко возило „фиат“, по што е недостапна на телефон. Исто така, тој пријави дека на безбедносните камери забележал дека ноќта помеѓу 06.12. и 07.12.2025 С.М. влегол и пребарувал во неговата куќа и дека биле одземени пари од неговата соба. На 11.12.2025 во 02:15 часот, С.М. беше лишен од слобода поради сомнение дека ја принудил Х.А. да замине од домот со него.
По преземени мерки во врска со случајот, по извршени проверки на видео записи, констатирано е дека пријавениот дал лажен исказ во полициска станица. Воедно, од добиениот листинг на повици утврдено е дека Х.А. последен пат имала контакт со него на 07.12.2025.
Подоцна, со судска наредба, извршен е и претрес во домот на С.М., по што од слобода е лишена и неговата сопруга Ѓ.В.(48). Во службен разговор во полициска станица, Ѓ.В. признала дека нејзиниот сопруг С.М. со пиштол ја убил Х.А., а го посочила и местото каде е закопана. После тоа, полициски службеници од Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар во присуство на јавен обвинител извршија увид на местото во атар на село Неготино каде било пронајдено телото на Х.А.. По наредба на јавен обвинител, телото е дадено на обдукција, соопшти МВР.
-
Кичево2 дена(ВИДЕО) Утрово Кичево под густ смог, но затоа кон месноста Крушино сонце и чист воздух
-
Хороскоп1 денХороскоп за понеделник (15 декември)
-
Кичево17 часаТППЕ Кичево вчера со полни раце работа, интервенирале врз опожарен автомобил и зграда
-
Временска прогноза1 денВременска прогноза до 22 декември, следува ладен период, појава на слана, мраз, подледици по речните долини и магла
-
Македонија14 часаОд ноќеска цената на дизелот и бензинот се намалува, еве колку ќе чини литар гориво на малопродажните објекти ширум Македонија
-
Хороскоп7 часаХороскоп за вторник (16 декември)
-
Спорт1 денРакометар од битолски ракометен клуб по завршувањето на мечот во „Биљанини Извори“ нападнал помошен тренер на охридскиот ракометен клуб по меѓусебниот натпревар
-
Технологија1 денОткриен нов малвер по име „DroidLock“ – го заклучува телефонот и снима
