Македонија
ЦУК: Информација за проодноста на патните правци по врнежите од снег до 11:00 часот
ЦУК истакна информација за проодноста на патните правци по врнежите од снег во последните 24 часа до 11:00 часот:
ПОРКОА РЦУК – Скопје, известува дека сите патни правци на Скопскиот регион се проодни освен (планинскиот дел) Општините: Чучер Сандево, Бутел, Сопиште, Студеничани и Зелениково има заврнато мало количество на снег кој е кашест и се топи, исто така во скопскиот регион, до сега нема зголемен водостој на реките кои би предизвикале излевање од речните корита.
ПОРКОА РЦУК Велес известува дека сите патните правци на територија на Вардарскиот регон(Велес, Свети Николе, Чашка, Градско, Росоман, Неготино, Кавадараци, Демир Капија) се проодни, инаку врне дожд со слаб интензитет.
ПОРКОА РЦУК – Штип, известува дека патните правци на територија на источниот регион(Штип, Берово, Пехчево, Виница, М. Каменица, Делчево, Кочани и Пробиштип,Лозово, Карбинци,Чешениво-Облелешево, Зрновци) се проодни. Собраќајот на патиштата се одвива тековно во зимски услови, по влажни коловози и нема појава на поплави и други нарушувања.
ПОРКОА РЦУК – Битола, известува сите патни правци на Битолскиот регион(Опш. Битола, Новаци, Могила, Прилеп, Долнени,Кривогаштани.Демир Хисар, Крушево) се проодни.
ПОРКОА РЦУК – Струмица, известува сите патни правци на Струмичкиот регион(Струмица, Босилово, Василево, Ново Село, Радовиш, Конче, Валандово,Гевгелија, Богданци, Дојран) се проодни. Дождот што има наврнато, засега не претставува опасност од поплави сообраќајот се одвива нормално.
ПОРКОА РЦУК – Охрид, (Опш.Охрид, Струга, Дебар, Кичево,М.Брод) дека сообраќајот на сите магистрални, регионални и локални патни правци се одвива редовно по влажни коловози. Сосема мала количина на снег се забележува на повисоките населени места кој не претставува проблем за редовно одвивање на сообраќајот.
ПОРКОА РЦУК – Куманово, известува дека Северисточниот регион (Опш.Куманово, Старо Наоричане, Кр.Паланка, Кратово) сите магистрални регионални и локални патни правци се проодни, собраќајот се одвива тековно во зимски услови. Врнежи од дожд 5,1 м2 измерени во 08,00 часот, додека врнежите од снег има во повисоките места од 5 до 10 cm.
ПОРКОА РЦУК – Тетово, сите патни правци на Полошкиот регион(Тетово, Гостивар, Теарце, Јагуновце, Желино, Брвеница, Боговиње, Врапчиште, Маврово-Ростуше) се проодни. Патниот правец Попава Шапка – Тетово, и Гостивар – Стража и Маврово има снег со слаб интензитет. Екипите на ЈП за одржување и заштита на магистралните и регионалните патишта се на терен и интервенираат доколку е потребно.
Извор: ЦУК
Македонија
На Јован сме му потребни за операција на окото, да дадеме хуманитарна помош со телефонски повик веднаш!
Јован Блажевски има потреба од нашата помош, затоа сите заедно да помогнеме и да ја собереме потребната сума на пари за Јован повторно да му се насмевне на видот. Му недостасуваат помалку од 4,000 евра за операција на окото, истата чини 5,500 евра.
Да го откажеме нашето кафе и да направиме добро дело, телефони во рака и дадете свој хуман придонес!
T-Mobile: 143-105
A1: 143-471
Мал гест за нас, огромна шанса за него да го види светот повторно.
Ајде сите по една порака!
Ајде за Јован!
Ајде да покажеме дека не забораваме!
Доколку некој не е во можност да донира 100 денари, нека ја сподели оваа објава
Македонија
Ново намалување на дизелот од ноќеска, бензините остануваат непроменети
Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1), не се менуваат, односно остануваат на исто ниво како што биле утврдени со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 01.12.2025 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 75,00 ден/лит, малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 77,00 ден/лит, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) изнесува 66,50 ден/лит.
Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се намалува за 1,00 ден/лит, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 01.12.2025 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 68,50 ден/лит, известуваат од РКЕ.
Македонија
Жена од охридското с.Лескоец удрила во полициско „јети“ на охридската полиција, за среќа учесниците поминале со телесни повреди
На 07.12.2025 во 09:40 часот во СВР Охрид е пријавено дека на крстосницата од ул. „7 Ноември“ со ул.„Васил Главинов“ во Охрид се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „пежо“ со охридски регистарски ознаки, управувано од 44-годишната Л.Т. од с.Лескоец, охридско и патничко возило „шкода јети“, сопственост на МВР, управувано од полицискиот службеник Н.И.(26).
Во незгодата со телесни повреди се здобила Л.Т., констатирани во Специјалната болница „Св.Еразмо“ во Охрид.
Извршен е увид од јавен обвинител и увидна екипа од СВР Охрид, известуваат од МВР.
-
Хороскоп1 денХороскоп за вторник (9 декември)
-
Кичево16 часаНоќеска во Кичево европско-медитеранскиот сеизмолошки центар регистрираше слаб земјотрес на длабочина од околу 15 километри
-
Кичево19 часаКнежинскиот манастир денес го слави својот патрон „Св. Ѓорѓија – Победоносец“, за многу години „Св. Ѓорѓија“, Христовиот војник, заштитник на сиромашните
-
Временска прогноза17 часаЗа вистинската зима и снежна идила ќе почекаме, следуваат пролетни температури над просекот за месец декември
-
Хороскоп5 часаХороскоп за среда (10 декември)
-
Македонија1 денЖена од охридското с.Лескоец удрила во полициско „јети“ на охридската полиција, за среќа учесниците поминале со телесни повреди
-
Македонија14 часаНово намалување на дизелот од ноќеска, бензините остануваат непроменети
-
Македонија2 денаПС Франгово и РЦ Запад запленија три торби со 62 паковки со марихуана
