Македонија
(ФОТО) ЦУК: Пожарот на Галичица поради ветерот е преминат кон наша страна

Пожарот кој се појави на планината Галичица на албанска страна, според последните информации, со помош на ветерот е преминат на македонска територија кај граничен камен F-9.
Во моментов гори сува трева, грмушки и ниска деградирана ретка шума. Теренот е непристапен, но и ризичен за гаснење од земја со човечка сила бидејќи има заостанати НУС од првата светска војна и постои реална опасност од нивно активирање.
Опасност од проширување на пожарот постои и може да биде зафатена и заштитената зона од шума на НП Галичица.
Извор/Текст: ЦУК
ФОТО: Порта.мк / Марко Т.
Македонија
Нормализиран патниот сообраќај до граничниот премин Блаце

Вечерва нормализиран патниот сообраќај до граничниот премин Блаце.
Укината е забраната и за товарните моторни возила и за автобусите, известуваат од МВР.
Македонија
МВР: Пренасочување на сообраќајот поради пожарот во околината на Блаце, забрана за товарни возила

Поради настанатиот пожар над магистралниот пат А4 Скопје – Блаце кај тунелот кој се проши над магистралниот пат, сообраќајот е пренасочен за патничките возила, а во прекин е за товарните моторни возила. МВР воспостави посебен режим на движење на возила од Граничен премин Блаце кон Скопје.
Сообраќајот за патнички моторни возила е пренасочен кон село горно Блаце по стариот пат кон село Бањани, Глуво и Скопје. Воспоставен е посебен режим на движење на возила и во правец од Скопје кон Граничен премин Блаце.
Сообраќајот од Скопје кон граничниот премин е пренасочен по регионален пат Р 22 39 кон село Бразда, Село Глуво Горно Блаце, истакна МВР.
Македонија
ПС за граничен надзор „Охридско езеро“ не запира, фатени живи албански државјани длабоко на наша територија во незаконит лов на риба

На 04.07.2025 година во 01:25 часот, полициски службеници од полициската станица за граничен надзор „Охридско езеро“, во водите на Охридското езеро, ги приведоа албанските државјани Ј.Х.(22) и Б.И. (30), поради постоење основи на сомневање за сторено „Илегално преминување на државната граница“ и кривично дело „Незаконит риболов“.
– Тие, со пловен објект биле затекнати на околу 6,5 километри од границата во македонските територијални води по што се обиделе да избегаат.
По известување на јавен обвинител и по преземени мерки, одземени им се пловниот објект, рибарски мрежи во должина од 400 метри, три парчиња риба Охридска пастрмка како и повеќе парчиња риболовен алат и прибор.
Против нив, ќе бидат поднесени соодветни пријави, истакна портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.
-
Хороскоп1 ден
Хороскоп за недела (6 јули)
-
Македонија14 часа
ПС за граничен надзор „Охридско езеро“ не запира, фатени живи албански државјани длабоко на наша територија во незаконит лов на риба
-
Скопје1 ден
Лишен од слобода „бајач“ од скопско, измамил брачен пар од Берово за 400.000 евра, сè претставувал истерувач на духови и магии
-
Временска прогноза18 часа
Преку ден „пекол“, од ноќеска заладување со локален дожд, ова се метео информациите
-
Временска прогноза2 дена
Денес многу топло, додека утре краткотрајна дестабилизација и услови за дожд
-
Спорт6 часа
За „Иванден“ дефинитивно мора да бидете во с.Староец, на одлична традиција, фудбал и уживање
-
Хороскоп3 часа
Хороскоп за понеделник (7 јули)
-
Lifestyle14 часа
Колку често треба да се перат кујнските крпи? Еве што велат експертите за хигиена