Следете не

Македонија

ЦУК со информација за пожарите на отворено

Објавено пред

на

Во последното деноноќие и имаше 26 пожари на отворено, а од нив активни утрово се 9 врз коишто утрово се противпожарно се дејствува по земја и на места со воздухопловна поддршка. Активните девет 9 се следните:
– Пожарот на Планината Серта се простира на 3 општини како 4 самостојни пожари.
1 Општина Неготино во атарот на с.Калањево ( гори ниска вегетација и шума);
2 Општина Конче, селата Горни и Долни Липовиќ (ниско стеблеста шума –Бор);
3 Општина Штип, местено викано Патрик ( смрек, дабова шум.и мешовита шума)
4. Општина Штип, помеѓу селата Драгоево и Селце, м.в.Хаџи Реџепли (ниска вегетација и грмушки);
– Општина Ново Село над с.Бадилен, (борова шума);
– Општина Чашка, селата Дреново и Долно Јаболчиште (мешовита шума);
– Општина Долнени, с.Црнилиште (нискостеблеста вегетација);
– Општина Долнени с. Слепче и с. Гостиражни гори ниска и сува вегетација (трева и нискостеблесто) и во
– Општина Гевгелија,помеѓу с.Негорци и с.Кованец (даб,смрека,прнар, сува трева).
Изганати целосно беа 17 пожари во последното деноноќие.

Од рано утрово веќе се дејствува по активните пожари и со воздухоплови, како засилување на силите коишто гаснат од земја, пожарникари, вработени во јавни и комунални претпријатија, армиски припадници, од доброволни ПП друштава, мештани и од други здруженија на граѓани. Прво почанаа да дејствува еден полициски хеликпотер, а за кратко му се приклучи и еден армиски хеликоптер. Се очекува по 10.00 часот да полетаат и два авиони од ДЗС. Инаку, побарана е и меѓународна помош за справување со пожарите. на терен е и директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов, кој претпочита при вакви ситуации да биде на терен, и ќе информира подетално за меѓународната помош.
Инаку, сублимираните информации од регионалните центри за управување со кризи известија за детали за последното деноноќие за пожарите на отворено. При оваа прилика ќе ги презентаираме податоците за активните пожари.
Регионалниот ЦУК Битола, ја пренесува информацијата од ТППЕ Прилеп во која се наведува дека пожарот кој започнал на 13.07.2024 година во 22.30 часот, на сртот над с.Црнилиште, Општина Долнени, е локализиран во поголем дел.

Активен е уште кракот од пожарот кон с.Слепче. Гори сува трева и ниска вегетација на непристапен терен и засега нема загрозени населени места. Во текот на денешниот ден ќе има податоци за зафатената површина. Интервенирале 3 пожарникари со 1 ПП возило од ТППЕ Прилепо. Од 10.05 до 19.45 часот екипи од ТППЕ Прилеп повторно ќе излезат на терен во раните денешните часови. Известени се Општина Долнени кои што изјавија дека немаат екипа којашто би ја испратиле на терен. ЈП „Национални шуми“ – Подружница „Црн Бор“од Прилеп исто така нема екипи за гасење на пожари.
Регионалниот ЦУК Струмица, известува дека пожарот кој започнал на ден 10.07.2024 година во 15:20 часот над с.Бадилен се уште е активен. Гори дабова и борова шума. Нема податоци за површина. Во вчерашниот ден немаше интервенција заради непристапност на теренот. (Општина Ново Село).

Шумскиот пожар помеѓу с.Негорци и с.Кованец што започнал на 12.07.2024 година е активен, но со намален интензитет. Гори мешена шума (даб, смрека, прнар, сува трева). До сега зафатено е околу 100 хектари. Интервенирано е со 5 вработени од ЈП „Национални Шуми3 Подружница „Кожув“ од Гевгелија, 1 од ДЗС Гевгелија и 1 од ТППЕ Гевгелија со две теренски возила (Општина Гевгелија)

Пожарот помеѓу селата Горни и Долни Липовиќ кој започнал на ден 13.07.2024 година во 09:00 часот е активен и поради појавен ветер повторно се шири. Гори сува трева, грмушки, прнар ниско стеблеста шума и бор. Досега се зафатени околу 300хa.Од општина Конче е интервенирано со багер и е направен појас за да се спречи ширење кон с.Долни Липовиќ. Интервенирале 8 лица од ДППД Горица , како и 1 ПП возило и 2 пожарникари од ТППЕ Радовиш и од ЈП Национални Шуми – Плачковица со 5 вработени (Општина Конче).

РЦУК – Велес известува дека на ден 13.07.2024 гонина во 17:00 часот кој започнал шумски пожар на отворено на планина Голешница на врвот Лисец, на потегот помеѓу селата Дреново и Долно Јаболчиште Општина Чашка. Инетервенираа 10 вработени од ЈП Национални шуми-подружна единица Бабуна Велес, вработени во ЕЛС Чашка и ЈКП Тополка, полициски службеници од ПС Чашка и дел од месното население од с.Долно Јаболчиште. Зафатена површина од околу 20 ха ниско стеблеста деградирана шума и дел од дабова шума. Пожарот е сеуште активен, истиот е приземен и насочен кон карпестиот дел на врвот Лисец, не пости опасност да зафати населени места. Во текот на денешниот ден повторно ќе се интервенира (Општина Чашка).

ТППЕ Неготино, известува дека на ден 10.07.2024 година во 10:00 часот кој започнал пожар на планината Серта Општина Неготино уште е активен. Зафатена е голема површина со ниско стеблеста деградирана шума и трња. Интеревнираа ТППЕ Неготино,ТППЕ Кавадарци,ТППЕ Св. Николе, доброволни противпожарни друштва, стотина припадници на АРСМ, на МВР, јавни комунални претпријатија, припадници на Национални шуми, ДЗС, ловџии, волонтери и локално население. Исто така се дејствуваше и од воздух со 1 хеликоптер на МВР, 2 хеликоптери на АРСМ и 2 ер-тарктори на ДЗС, употребена е соодветна механизација за расчистување на теренот (Општина Неготино)
РЦУК – Штип, известува дека пожарот кој е активен од 12.07.2024 година од 16:00 часот во атароте на селата Селце и Драгоево кај м.в. Хаџи Реџепли е сеупте активен на два крака од кои едниот покрај границата со полигонот криволак се движи кон Неготино и другиот как со помал интензитет гори на ридовите кон селата Драгоево и Селце и на дел од полигон криволак кај. м.в Штркалево. Теренот е непристапен и од страна на ТППЕ Штип со 1 ПП возило и 3 пожарникари врши постојана обиколка и доколку некаде може да се интервенира се гаси. на делот од полигон Криволак екипа од 2 возила и 6 припадници на АРСМ, од полигон криволак, интервенираат на линија на стариот пат Штип-Неготино и 20 војници на АРСМ од гарнизон Штип. На тој дел утрово околу 8 часот интервенирал и хелихоптер на АРСМ во 3 наврати. Пожарот е активен.

(Општина Штип).
Пожарот што пред 4 дена започна во атарот на с Пепелиште, Општина Неготино денес околу 14.30 часот влезе на територија на о. Штип. Интервенирано на делот во општина Штип со екипа на Шумаско стопанство од 1 теренско возило и 4 вработени и 83 припадници на АРСМ и непознат број од страна на Неготино кои продолжиле со гасење на пожарот. Во текот на денот Патниот правец Штип Неготино беше затворен за сообраќај во 19.50 часот. Пожарот е активен и ќе продолжи да се гаси во текот на денешниот ден. Гори мешана шума, смреки и сува трева , а загрозени се објекти во близина се патот Штип-Неготино, приватно ловиште „Лакавица – Патрик“, репетитори на мобилни оператори и имоти на граѓани.

Македонија

МВР истакна важна информација која стартува од утре 1 јули

Објавено пред

на

Од 1 јули до 31 август на државните патишта во Македонија се воведува летен времен режим на сообраќај со кој се забранува движење на тешки товарни возила со вкупна маса над 15 тони, за време на деновите од викендот и за денови при екстремно високи температури.

Термините се следни:

петок од 17:00 – 22:00 часот
сабота од 09:00 до 19:00 часот
недела од 09:00 до 22:00 часот

Во деновите со екстремно високи температури, определени од Министерство зa здравство, забраната ќе важи и од понеделник до четврток во период од 11:00 до 17:00 часот.

Специјален сообраќаен летен режим за тешки товарни возила се воведува и на патниот правец А2 Скооје – Охрид – Скопје во периодот од 01.07.2025 до 01.09.2025, и тоа:

Од понеделник до четврток од 11:00 до 17:00 часот, само во денови со екстремно високи температури определени од Министерството за здравство:

петок од 17:00 – 22:00 часот
сабота од 07:00 до 12:00 часот и од 18:00 часот до 24:00 часот и
недела од 07:00 до 22:00 часот

– Ограничувањето не се однесува на возила кои превезуваат животни, цвеќе, хуманитарна помош, жито и житни култури и леснорасиплива стока, нафта и нафтени деривати, превоз на опасни материјали и возила кои вршат превоз за компании кои имаат склучено договори за изведување на проекти на државните патишта со ЈП за Државни патишта.

Прочитај повеќе...

Македонија

СВР Охрид изнесе детали за запалениот глисер, бил приватна сопственост

Објавено пред

на

Денеска (30.06.2025 година) во 10,30 часот, во полициската станица за граничен надзор „Охридско езеро“, пријавено е дека, на пловен објект глисер кој бил во водите на Охридското езеро, кај каналот „Студенчишта“, марка  „Aquaviva 23“, сопственост на Н.С.(47) од Охрид, настанал пожар. Повредени лица нема а предизвикана е материјална штета на глисерот како и на други два глисери кои биле закотвени во негова близина.

Врз запалениот пловен објект, веднаш интервенирале припадниците на езерската полиција, на сообраќајната полиција како и припадници на армискиот центар за обука на вода кои, од глисерот го отстраниле К.П.(24) од Охрид и со соодветна опрема за гасење, отпочнале со гасење на пожарот. Набрзо им се придружиле и пожарникарите од Територијалната противпожарна единица од Охрид со што е спречено натамошно ширење на пожарот а повикана е медицинска екипа од Итната медицинска помош.

По насоки на јавен обвинител, на местото извршен е увид во присуство на полициски службеници, претставници од охридската капетанија на пристаништа.

Глисерот е одземен за понатамошни вештачења, информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски

Прочитај повеќе...

Македонија

СВР Охрид со засилени контроли во патниот сообраќај, изречени низа санкции

Објавено пред

на

©porta.mk

На 29.08.2025 година од 11 до 17 часот, на подрачјето на СВР Охрид преземени се засилени контроли во патниот сообраќај. Притоа, полициските службеници извршиле контрола на 87 моторни возила, во Охрид ззатекнале 55 возачи кои управувале со брзина поголема од дозволената (22 надвор од населено место, 17 во населено место) како и 9 возачи кои на места каде со сообраќаен знак е забрането, извршиле престигнување на други возила (Кичево-06, Дебар-03). Против овие возачи, поднесени се соодветни платни налози.

Апелираме до возачите на моторни возила, крајно внимателно да ги управуваат своите моторни возила, да ги почитуваат сообраќајните знаци и другата вертикална и хоризонтална сигнализација.

– Воедно, упатуваме апел и до пешаците, велосипедистите и моторциклистите како учесници во сообраќајот, да бидат совесни и одговорни, пешаците да ги користат обележаните пешачки премини за премин на коловозите а велосипедистите и моторциклистите да користат заштитни кациги и друга неопходна опрема.

Секое спротивно однесување како и зборување на мобилен телефон при управувањето со возилата, ќе биде санкционирано согласно одредбите од Законот за безбедност во сообраќајот на патиштата, информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

Хороскоп18 минути

Хороскоп за вторник (1 јули)

ОВЕН Ова е уште еден работен ден каде што сѐ ќе се одвива со поспоро темпо, најмногу поради фактот дека...

Македонија3 часа

МВР истакна важна информација која стартува од утре 1 јули

Од 1 јули до 31 август на државните патишта во Македонија се воведува летен времен режим на сообраќај со кој...

Магазин5 часа

Утре започнува првиот фитнес подкаст во Македонија за сите љубители на здравиот живот заедно со „Adastra“ и Дејан Пауновски „Pakigram“

Во време кога фитнесот станува сè поголем дел од секојдневниот живот, Adastra и Дејан Пауновски – „Pakigram“ ги здружуваат силите...

Македонија8 часа

СВР Охрид изнесе детали за запалениот глисер, бил приватна сопственост

Денеска (30.06.2025 година) во 10,30 часот, во полициската станица за граничен надзор „Охридско езеро“, пријавено е дека, на пловен објект...

Временска прогноза10 часа

Од денес во најава многу топло време со висок УВ индекс

Територијата на Република Македонија, како и на целиот регион, од денес (понеделник 30 јуни), па се до следниот понеделник (7...

Македонија10 часа

СВР Охрид со засилени контроли во патниот сообраќај, изречени низа санкции

На 29.08.2025 година од 11 до 17 часот, на подрачјето на СВР Охрид преземени се засилени контроли во патниот сообраќај....

Македонија10 часа

Од ноќеска цената на нафтените деривати се намалува, ова е новата цена

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се намалуваат за 2,00 ден/лит, во однос на малопродажните цени утврдени...

Хороскоп24 часа

Хороскоп за понеделник (30 јули)

ОВЕН Денеска во неколку наврати ќе треба да покажете како можете да бидете храбри, бестрашни и директни. Не заземајте страна...

Спорт1 ден

Ландо Норис ја забележа својата трета победа

Ландо Норис ја забележа својата трета победа оваа сезона и вкупно седма во кариерата, триумфирајќи на патеката Ред Бул Ринг....

Кичево1 ден

(ФОТО) Се запали дива депонија покрај пат кај с.Пополжани, интервенираше ТППЕ Кичево

Во 18:17ч денес пријавено било дека гори дива депонија во близина на с.Пополжани кичевско од битолска страна. Како што не...

НАЈЧИТАНИ