Хроника
ЦУК: Утрово пријавено непознато лице кое сколнало во река, екипите се на терен

На ден 11.12.2022 година во 06:00 часот на 112 во Центарот за управување со кризи е добиено известување дека непознато лице од Мостот Близнак на Булевар Србија се фрлило во речното корито во надојдените води на реката Вардар.
На лице место се излезени екипи од Бригадата за противпожарна заштита (БППЗ) на Град Скопје како и екипи на МВР и истите преку Центарот за управување со кризи побараа подршка и ангажирање на спецализираните тимови за претрага во води од Дирекцијата за заштита и спасување.
При кординативната постапка од Центарот за управување со кризи ова барање е проследено до ДЗС за превземање на мерки и активности во нивната надлежност, со цел да се пронајде лицето, известуваат од ЦУК.
Хроника
Фудбалскиот свет во тага, попладнево почина бразилскиот фудбалски крал Пеле

ЕДЕРСОН Арантес до Насименто Пеле, бразилскиот фудбалски крал кој освои рекордни три светски првенства и стана еден од најпознатите спортски фигури во минатиот век, почина на 83-годишна возраст.
Пред Светското првенство во Катар, тој беше примен во болницата „Алберт Ајнштајн“ во Сао Паоло, а за време на турнирот се јави и рече дека ќе успее да ја надмине тешката болест. За жал, болеста беше посилна.
Пеле се бореше со рак на дебелото црево од септември 2021 година, а беше повторно примен на 29 ноември. Во последните недели болеста се прошири и на бубрезите, Пеле чувствуваше и срцеви проблеми, веќе немаше сила да се бори.
Во кариерата играше само за два клуба, за сопствениот Сантос во Бразил и подоцна, кога имаше финансиски проблеми, за Њујорк Космос. Со репрезентацијата освои три Светски првенства – во 1958 година, потоа следното во 1962 година и на крајот во 1970 година.
Хроника
Извинување за апелот во врска со починатиот сограѓанин, семејството ќе ги подмири и заврши сите протоколи

Преку нашиот портал јавно се извинуваме на семејството и најблиските на починатиот Никола Димитриевски за апелот за помош кој го објавивме без да се консултираме и да добиеме одобрение од нив. Во име на семејството, со консултација со нив, Ве известуваме дека сите протоколи ќе бидат завршени и подмирени од страна на семејството.
Уште еднаш големо извинување до фамилијата на починатиот Никола Димитриевски за тоа што направивме натпис без консултација.
Хроника
Во водите на канал „Студенчишта“ пронајдено починато лице

Денеска (17.12.2022) во 07.38 часот во СВР Охрид, пријавено е дека во водите на канал „Студенчишта“ во Охрид бил пронајден починат Д.Р.(76) од Охрид. Лекар од Итната медицинска помош Охрид констатирал смрт без видливи траги на насилство.
По наредба на јавен обвинител, телот на починатиот било дадено на обдукција.
Известува портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски
-
Хороскоп2 дена
Хороскоп за недела (5 февруари)
-
Хороскоп13 часа
Хороскоп за понеделник (6 февруари)
-
Временска прогноза23 часа
Еве какво време не очекува во текот на седмицата, сончеви периоди со засилен северен ветер, додека наутро температурите….
-
Македонија2 дена
На ГП Деве Баир жители на Бугарија недолично се однесувале и се обиделе физички да ја нападнат полицијата
-
Занимливости16 часа
Неколку трикови успешно покажани за откажување на пушењето цигари
-
Свет2 дена
Илон Маск на суд ги победи акционерите на „Tesla“
-
Скопје22 часа
Утре посебен режим на сообраќај во Скопје
-
Магазин9 минути
Првата генерација на iPhone во фабричко пакување понуден на аукција