Македонија
Д-р Бакрачески: Тогаш бидете вие доброволци спасители, но не сум сретнал уште такви
Тоа што вчера го прочитав за протестот на антиваксерите, а во врска со извиците “убијци” наменети за докторите и не ме изненадува премногу. Тоа е плод на односот на заедницата и институциите кон докторите 30 години наназад.
Но истовремено и плод на тоталната политизација на општеството. Па така да не ве зачудува феноменот ( според мене пракса ) да едни те исти луѓе кои денес плукаат по оние кои брутално и по нарачка ги навредија докторите, утре истите да се солидаризираат со нивните размислувања кога е во прашање односот на институциите кон докторите, а со цел подршка на партиски ставови и агенди.
П.С. Сите оние кои велат дека докторите лажат или убиваат, нека се пријават доброволно во болниците да спасуваат. Така тие ќе бидат спасители, а не како нас “убијци”. Еве ќе ви набројам каде се можете да помагате волонтерски и да спасувате: дигање на кислородни боци, транспорт на пациенти, хигиена и исхрана на болни, промена на постелнини, дезинфекција на површини, достава на материјали и опрема за болните, транспорт на отпаден материјал, пренос на болни од една во друга болница, и редица други работи за кои нема потреба од посебни кфалификации, не морате да сте доктори или медицински сестри нити болничари и хигиеничари за да волонтерски ги обавувате горенаведените активности, а ние ќе ве славиме како спасители.
Како куриозитет: до сега за цело времетраење на корона кризата не сум сретнал некој да се пријави како доброволец – вели во својот фејсбук статус еден од најпочитуваните кардиолози д-р Никола Бакрачески
ФОТО: фејсбук / нико бакрач
Македонија
Жена од охридското с.Лескоец удрила во полициско „јети“ на охридската полиција, за среќа учесниците поминале со телесни повреди
На 07.12.2025 во 09:40 часот во СВР Охрид е пријавено дека на крстосницата од ул. „7 Ноември“ со ул.„Васил Главинов“ во Охрид се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „пежо“ со охридски регистарски ознаки, управувано од 44-годишната Л.Т. од с.Лескоец, охридско и патничко возило „шкода јети“, сопственост на МВР, управувано од полицискиот службеник Н.И.(26).
Во незгодата со телесни повреди се здобила Л.Т., констатирани во Специјалната болница „Св.Еразмо“ во Охрид.
Извршен е увид од јавен обвинител и увидна екипа од СВР Охрид, известуваат од МВР.
Македонија
ПС Франгово и РЦ Запад запленија три торби со 62 паковки со марихуана
Денеска (08.12.2025) во 07:05 часот, на магистралниот пат Струга-Ќафасан, во близина на струшкото село Франгово, полициски службеници од, Полициската станица Франгово, при Регионалниот центар за гранични работи Запад, од слобода го лишија А.Т.(46) од Поградец, Република Албанија.
При преглед извршен во патничко возило „опел зафира“ со струшки регистарски ознаки, кое тој го управувал, пронајдени се три торби со 62 паковки со марихуана.
Известен е јавен обвинител, дрогата е одземена, а А.Т. е задржан во полициска станица.
По целосно документирање на настанот, ОВР Струга ќе поднесе соодветна пријава, соопшти портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски
Македонија
„ЛУКОИЛ Македонија“ продолжува да функционира во нормални рамки
Претседателот на Регулаторната комисија за енергетика, Марко Бислимоски, денеска изјави дека е позитивно тоа што бензинските станици на „Лукоил“ можат непречено да работат во сите држави каде што се присутни. Тој потенцира дека изминатиот месец, и покрај воведените санкции, не се појавиле никакви потешкотии во работењето на „Лукоил Македонија“.
– „Снабдувањето со нафтени деривати се одвива стабилно и без застои. Причината за тоа е што Македонија, за разлика од голем дел од другите земји, не поседува рафинерија во сопственост ниту на Лукоил, ниту на Руската Федерација. Новите мерки донесени од САД дополнително ќе имаат позитивно влијание врз состојбата“, истакна Бислимоски одговарајќи на новинарско прашање на прес-конференцијата.
Вчера во официјалното соопштение од „OFAC“ беше прецизирано дека роковите се пролонгирани до 29 април 2026 година.
-
Кичево2 дена„ЕВН КЕЦ Кичево“ во вторник ќе работи на терен, дел од „Ужичка“, „Мечкин Камен“ и дел од месноста „Под Крушино“ времено ќе бидат без електрична енергија
-
Хороскоп2 денаХороскоп за понеделник (8 декември)
-
Хороскоп13 часаХороскоп за вторник (9 декември)
-
Македонија16 часаЖена од охридското с.Лескоец удрила во полициско „јети“ на охридската полиција, за среќа учесниците поминале со телесни повреди
-
Здравје и убавина2 денаДајте им одмор на цревата во организмот со ова овошје
-
Кичево3 часаКнежинскиот манастир денес го слави својот патрон „Св. Ѓорѓија – Победоносец“, за многу години „Св. Ѓорѓија“, Христовиот војник, заштитник на сиромашните
-
Македонија21 часПС Франгово и РЦ Запад запленија три торби со 62 паковки со марихуана
-
Временска прогноза1 часЗа вистинската зима и снежна идила ќе почекаме, следуваат пролетни температури над просекот за месец декември
