Следете не

Македонија

Да му помогнеме на музичарот Гоце Талевски од Битола, кој ја има најважната битка против Ковид-19

Објавено пред

на

Семејството на Гоце Талевски и неговиот музички состав – група Оскар од Битола, поради настанатите компликации од Ковид-19, замолуваат за помош кој колку може да помогне, затоа што поради сериозноста на здравствената слика Гоце морал да биде пренесен во приватна болница.

Трошоците за лекување се високи и потребна им е финасиска помош за Гоце.

Ова е трансакциска сметка за донации:
Стопанска банка А.Д. Скопје

200002956069075
На име Љупчо Талевски (брат).

– Исто така апелираат на своите битолчани и хумани луѓе во регионот, сите кои сакаат да помогнат со поставување на кутии за донации во дуќани, јавни претпријатија и секаде каде има согласност, сите кои можат да пуштат барања за донации во претпријатијата во кои работат и сите кои можат на некој начин да помогнат да го контактираат семејството на Талевски.

Да му помогнеме на Гоце да ја победи најважната битка против опасниот Ковид-19 и жив и здрав да му се врати на семејството Талевски.

Извор: Шеталиште & група Оскар

Македонија

(ФОТО+ВИДЕО) Запленети околу 35 килограми марихуана на патот Битола-Прилеп, лишен од слобода прилепчанец

Објавено пред

на

ФОТО: МВР (Министерство за внатрешни работи)

На 03.09.2025 на регионалниот пат Битола- Прилеп полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција, СВР Битола и САЕ Тигар од Бирото за јавна безбедност при МВР, во рамки на засилените активности во борбата против недозволена трговија со дрога, спречија транспорт на околу 35 килограми марихуана.

По претходно преземени оперативни мерки кон И.А. (36) од Прилеп, кој пред 20 дена завршил со издржување на казна затвор во траење од 3,5 години за сторено кривично дело „недозволена трговија со дрога”, на регионалниот пат Битола- Прилеп сопрено е патничко возило „голф“, управувано од лицето И.А. и при извршен преглед на возилото, во багажниот простор пронајдени се две торби во кои беа сместени вкупно 35 пакувања со марихуана, со вкупна тежина од околу 35 килограми.

Марихуаната во утринските часови била пренесена од Р.Албанија, а И.А. требало да ја транспортира до државната граница со Р.Грција, каде требало да биде предадена за понатамошно пренесување до Р.Турција. И.А. е лишен од слобода во ПС Битола и по комплетирање на целокупната документација, од страна на СВР Битола до ОЈО Битола ќе биде поднесена кривична пријава за сторено кривично дело предвидено и казниво по чл.215 од КЗ, известуваат од Министерството за внатрешни работи.

Прочитај повеќе...

Македонија

„Wizz Air“ со шести авион во својата база во Скопје и 13 нови рути

Објавено пред

на

ФОТО: Unsplash.com @ Johnny (@johnny69px)

Wizz Air, најголемиот авиопревозник во Македонија и еколошки најодржливата авиокомпанија во EMEA регионот¹, со задоволство најавува значителна експанзија во земјата, додавајќи шести авион во својата база во Скопје, како и 13 нови рути. Оваа експанзија доаѓа по успешниот исход од учеството на Wizz Air на неодамнешниот јавен тендер, што и овозможи на авиокомпанијата дополнително да инвестира во македонскиот авијациски сектор.

Со билетите кои се достапни веќе од денес, Wizz Air додава пет нови линии во својата мрежа, поврзувајќи го Скопје со Будимпешта и Неапол, а Охрид со Милано, Катовице и Вроцлав, во дополнение на веќе најавените рути годинава. Со стартот на овие 13 долгоочекувани рути од аеродромите во Скопје и Охрид управувани од ТАВ Македонија, Wizz Air ќе ја поврзува Македонија со 41 дестинација во 17 земји низ Европа. Директните линии се веќе достапни за резервација на wizzair.com wizzair.com и мобилната апликација на авиокомпанијата mobile app.

Како дел од оваа стратешка експанзија, Wizz Air додава шести авион во базата во Скопје и ја модернизира целата своја флота со најсовремени Airbus A321neo до крајот на оваа година. Со оваа надградба капацитетот на седишта ќе се зголеми за 55%, со што Wizz Air ја потврдува својата позиција како несомнен лидер на македонскиот авио-пазар.

Денеска е значаен момент што ја потврдува посветеноста на Wizz Air за поврзување на Македонија со клучните европски градови и отворање нови можности за патници и економски развој.

Нашата упорност, стратешките инвестиции и неодамнешното славење на 15-милионитиот патник ја потврдуваат нашата долгорочна посветеност кон Македонија. Веруваме дека силниот авијациски сектор е клучен за економскиот развој и туристичкиот раст на земјата. Оваа експанзија ја проширува регионалната поврзаност, отворајќи ги вратите на Македонија пред европските патници. Нашата континуирана соработка со ТАВ Македонија беше клучна за постигнување на овие успеси, одразувајќи ја нашата заедничка посветеност за подобрување на авијациската инфраструктура и искуството на патниците. Let’s WIZZ!“, истакна извршниот директор на Wizz Air, Јожеф Варади

ТАВ Македонија, подружница на ТАВ Аеродромичленка на француската Groupe ADP (Aéroports de Paris), ја започна својата соработка со нискобуџетната унгарска авиокомпанија во јуни 2011 година, со првиот лет од Меѓународниот аеродром Скопје до Лондон – Лутон. Оттогаш, Wizz Air стана составен дел од македонската авијациска сцена, а во јули 2025 година заедно со ТАВ Македонија го прослави 15-милионитиот патник во годината кога аеродромот слави 15 години.

Во моментов Wizz Air вработува повеќе од 200 луѓе во Македонија и останува посветена на поддршката на локалната економија преку инвестиции и вработување. Компанијата ја цени поддршката на Владата, која го препознава значењето на авијацискиот сектор за економски раст, поврзаност и развој на туризмот.

– „Со проширување на мрежата на рути, двата македонски аеродроми ја зајакнуваат својата улога како клучни кон Европа и пошироко. Овие нови авиолинии се резултат на нашата стратешка соработка со Владата и авиокомпанијата Wizz Air, со цел зголемување на можностите за патување и мобилност на граѓаните. Убеден сум дека новите дестинации како Неапол од Меѓународниот аеродром Скопје, Милано и Вроцлав од аеродромот Св. Апостол Павле во Охрид, како и враќањето на Будимпешта од скопскиот аеродром и Катовице од охридскиот аеродром, ќе бидат привлечни за граѓаните и ќе придонесат за конкурентноста на двата аеродроми во регионот.“ изјави Неџат Курт, генерален директор на ТАВ Македонија

Во моментов Wizz Air вработува повеќе од 200 луѓе во Македонија и останува посветена на поддршката на локалната економија преку инвестиции и вработување. Компанијата ја цени поддршката на Владата, која го препознава значењето на авијацискиот сектор за економски раст, поврзаност и развој на туризмот.

 

НОВИ WIZZ AIR РУТИ ОД МАКЕДОНИЈА

New Route Frequency
СкопјеБари 3x weekly
СкопјеНеапол 3x weekly
СкопјеБудимпешта 3x weekly
СкопјеКелн 4x weekly
СкопјеШтутгарт 3x weekly
СкопјеЛарнака 2x неделно
СкопјеМадрид 3x неделно
СкопјеПрага 3x неделно
СкопјеСтокхолм 3x неделно
ОхридБазел 2x неделно
ОхридМилано 2x неделно
ОхридКатовице 2x неделно
ОхридВроцлав 2x неделно

/ПР (Wizz Air Macedonia)

Прочитај повеќе...

Македонија

МВР: Целосна забрана во шуми до крај на месец септември

Објавено пред

на

Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека согласно насоките на Владата по барање од корисниците на шумите – ЈП „Национални шуми“ и Националните паркови кои управуваат со заштитените подрачја,

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство даде согласност за целосна забрана на движење во шумите и шумското земјиште. Согласноста е издадена врз основа на членот 57 став 3 од Законот за шумите, поради зголемена опасност и превенирање од појава на шумски пожари на отворен простор, заради вонредно високите температури во овој период и продолжението на сушниот период.

Целосната забрана за движење во шумите започнува од 02.09.2025 година и ќе трае се до 30.09.2025 година. Движењето во шумите ќе биде дозволено единствено со писмено одобрување издадено од страна на подружниците на ЈП „Национални шуми“ и Националните паркови, соодветно за подрачјето со кои управуваат.

За непочитување на оваа целосна забрана за движење во шумите и шумското земјиште, на физички лица кои ќе се затекнати да се движат во шума и шумско земјиште, согласно член 106 од Законот за шумите, ќе им се изрече глоба од 1.500 до 2.000 евра во денарска противвредност, известува МВР

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

Македонија58 минути

(ФОТО+ВИДЕО) Запленети околу 35 килограми марихуана на патот Битола-Прилеп, лишен од слобода прилепчанец

На 03.09.2025 на регионалниот пат Битола- Прилеп полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција, СВР Битола и САЕ Тигар од...

Македонија1 час

„Wizz Air“ со шести авион во својата база во Скопје и 13 нови рути

Wizz Air, најголемиот авиопревозник во Македонија и еколошки најодржливата авиокомпанија во EMEA регионот¹, со задоволство најавува значителна експанзија во земјата,...

Македонија2 часа

МВР: Целосна забрана во шуми до крај на месец септември

Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека согласно насоките на Владата по барање од корисниците на шумите – ЈП...

Скопје4 часа

Вчера од скопски автобус на „ЈСП“ патник паднал и се здобил со тешки телесни повреди

На 02.09.2025 во 10:40 часот во СВР Скопје било пријавено дека на бул.„Кузман Јосифовски Питу“ во Скопје, во автобус на...

Македонија4 часа

Приведени три лица од тетовско барани по потерници за издржување затворски казни

На 02.09.2025 во 10:00 часот во с.Желино, тетовско, полициски службеници од СВР Тетово го привеле Ш.С.(25) од с.Требош, тетовско, кој...

Кичево6 часа

Кичево: Филм, музика и креативност во село Ехлоец: Echoes in the Wild на 7 септември

На 7 септември (недела), во селото Ехлоец, сместено на падините на планината Стогово во близина на Кичево, ќе се одржи...

Фото: Wil Stewart @ unsplash Фото: Wil Stewart @ unsplash
Lifestyle6 часа

Кој пијалок е поштетен за здравјето: пивото или газираните сокови?

Во потрагата по освежување, многумина често посегнуваат по пиво или газирани сокови, без да размислат за нивното долгорочно влијание врз...

Фото: Amanz @ unsplash Фото: Amanz @ unsplash
Магазин7 часа

Google Play Games добива нови профили со статистика и социјални функции

Google најави големо ажурирање на својата услуга Play Games за Android уредите. Новите промени ќе донесат поинформативни кориснички профили, детална...

Фото: Glenn Carstens-Peters @ unsplash Фото: Glenn Carstens-Peters @ unsplash
Магазин7 часа

Стримингот ја надмина класичната телевизија во Германија

За прв пат, стриминг платформите и видео апликациите ја надминаа традиционалната телевизија кај гледачите во Германија, покажува истражување на дигиталното...

Фото: Daniel Romero @ unsplash Фото: Daniel Romero @ unsplash
Магазин7 часа

Крај на ажурирањата за Android: Кои Xiaomi, Redmi и Poco телефони ја губат поддршката?

Септември 2025 година ќе биде последниот месец кога дел од телефоните на Xiaomi, Redmi и Poco ќе добијат големо софтверско...

НАЈЧИТАНИ