Следете не

Спорт

Дали Барса веќе се збогува со титулата по нерешениот резултат со Леванте?

Објавено пред

на

Не вреди Барселона дури и кога има два гола предност, па дури и кога возвраќаат и поведуваат по израмнувањето. Вчера вечер Леванте најстрого ги казни сите грешки на каталонскиот клуб, кој не личеше на самиот себе во одбраната, и затоа веројатно се прости од титулата шампион, сега сè зависи од резултатите на Реал и Атлетик.

Не можеме да кажеме ниту дека Барселона заслужи да победи вечерва. Според сите статистики, играчите на двата тима беа скоро израмнети, а Леванте дефинитивно го доби второто полувреме, кое го одигра речиси без грешка. Бидејќи, како што рековме, Барселона имаше предност од два гола на полувремето по одличното управување на Меси во казнениот простор од 25-та минута од играта и волејот, и голот на Педри од 34-тата минута од играта.

Се чинеше како солидна предност, но се стопи за само две минути.

ФОТО: Tanjug / AP

Спорт

Милан со победа ја почна новата сезона во одбрана на титулата, победа оствари и Аталанта

Објавено пред

на

Фудбалерите на Милан со победа ја започнаа одбраната на титулата во Серија А, кои денеска славеа против Удинезе со 4:2.

Бразилецот Родриго Бекао уште во втората минута го доведе Удинезе во водство, но Милан многу брзо го смени резултатот. Најпрвин Тео Ернандез беше сигурен од белата точка во 11. минута, а четири минути подоцна Анте Ребиќ донесе пресврт за домашните.

Во третата минута од судиското надополнување Адам Масина израмни на 2:2 и со тој резултат се замина на пауза, а во вториот дел Браим Диас во 46. минута и Ребиќ со вториот гол во 68. минута му донесоа победа на Милан.

Во следното коло фудбалерите на Удинезе ќе ја пречекаат Салернитана, додека Милан ќе и гостува на Аталанта која денеска со 2:0 славеше против Сампдорија.

Аталанта поведе со голот на Рафаел Толои во 26. минута, а победата на тимот од Бергамо ја потврди Адемола Лукман во 94. минута.

Фудбалерите на Сампдорија ги чека тешка задача во второто коло од италијанскиот шампионат бидејќи ќе го пречекаат Јувентус.

/danas.rs

Прочитај повеќе...

Спорт

Безбедност, заштита на интегритетот на натпреварувањата како и борба против местење фудбалски натпревари тема на денешниот семинар

Објавено пред

на

Комисијата за натпревари при Фудбалската федерација на Македонија, денеска во хотел „Хилтон”, во Скопје го одржа редовниот семинар со делегатите на натпреварите од Првата МФЛ и Втората МФЛ.

На денешниот редовен  работен состанок со делегатите, главни тема беа безбедноста, заштита на интегритетот на натпреварувањето, како и промената на одредени точки во Пропозициите на натпреварите во Прва и Втора МФЛ.

Исто така на состанокот беше одржано предавање од страна на одделот за безбедност и интегритет на ФФМ на тема „Борба против местење на фудбалски натпревари”. Делегатите беа запознаени со начинот на кој треба да го штитат интегритетот на фудбалската игра на територијата на државата.

Прочитај повеќе...

Спорт

Реализирана „Судиска анализа“ на натпреварите од првото коло во првата македонска фудбалска лига, ова се констатациите од натпреварите

Објавено пред

на

Судиска комисија ги разгледа спорните моменти од 1 коло на ПРВА МФЛ, и ги донесе следните заклучоци:

На натпреварот  Фк.Струга Трим Лум – Фк.Победа одигран на 06.08.2022 година, анализирани се ситуациите од 3, 15 и 52 минута.

“Главен судија”: Стојан Трпчевски. Помошни судии: Драган Трпчевски и Душко Панов.

3 минута: ДОБРА ПРОЦЕНКА НА ГЛАВНИОТ СУДИЈА (НЕ досуден удар од 11 метри)

Во шеснаесетникот на Победа, играч од нападот на Струга беше во посед на топка странично од голот на Победа и со грб свртен према голот. На него стартуваше играч од одбраната на Победа туркајки го играчот од нападот на Струга, оваа ситуација е во граница на судиското убедување, интензитетот не беше многу јак и и напаѓечот беше со грб свртен спрема голот, близу близу гол-аут линијата.  Се поддржува  одлуката на главниот судија играта да продолжи, контактот и ситуацијата беше недоволен  за удар од 11 метри.

15. минута: ДОБРА ПРОЦЕНКА НА ГЛАВНИОТ СУДИЈА (  НЕ досуден удар од 11 метри)

Центрирана топка  во шеснаесетникот (петерецот) на Победа , топката го удри одбранбениот играч на Победа во телото(колкот) а рацете му беа во природна положба. Исправна одлука на судијата играта да продолжи, немаше елементи за да  се досуди удар од 11 метри.

52. минута: ДОБРА ПРОЦЕНКА НА ГЛАВНИОТ СУДИЈА (  НЕ досуден удар од 11 метри)

Играч од нападот на Победа беше во посед на топка и во напад пред самата линија на 16 сетникот на Струга, до него беше и играч од одбраната на Струга и со туркање рамо со рамо(ремплање) му ја одзема топката без прекршок.Исправна одлука на судијата  играта да продолжи, дуелот беше коректен без елементи за  досудувањепрекршок.

На натпреварот  Фк.Силекс – Фк. Работнички одигран на 07.08.2022 година, анализирана е ситуацијата од  90+2 минута

“Главенсудија: Јован Качевски. Помошни судии: Мартин Дејаноски и Давор Цветановски.

90+2 минута: ДОБРА ПРОЦЕНКА НА ГЛАВНИОТ СУДИЈА СУДИЈА ( Досуден удар од 11 метри)

Играч од нападот на Силекс ја имаше топката во свој посед во 16 – сетникот на Работнички,  и пред да шутира кон голот, на него стартуваше со интензитет од позади грб (туркање) играч од одбраната на Работнички. Исправна одлука на главниот судија, досудено удар од 11 метри за туркање, и дисциплинска мерка жолт картон.

На натпреварот  Фк.Академија Пандев – Фк. Брегалница одигран на 07.08.2022 година, анализирана е ситуацијата од  16 минута

“Главен судија: Александар Ставрев. Помошни судии: Дејан Костадинов и Гоце Петрески.

16 минута: ДОБРА ПРОЦЕНКА НА ПРВИОТ ПОМОШЕН СУДИЈА (  НЕ досудено офсајд позиција)

Центрирана топка од слободен удар за екипата на Академија во 16 сетникот на Брегалница, во момент на центаршутот играч од нападот на Академија и играч од одбраната на Брегалница беа во линија, топката дојде до играчот од нападот и постигна гол.

Многу тешка ситуација и исправна одлука на асистентот судија што не досуди офсајд позиција и дозволи играта да продолжи.Голот е регуларен.

На останатите мечеви од 1 МФЛ следи анализа по одигравањето на натпреварите.немаше предизвикувачки  ситуации за судиска анализа.

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

Lifestyle6 часа

(ВИДЕО) Лозано: Дома си е дома, „Ја излези Ѓурѓо“ од многу грла во еден глас ❤️ Кичево!

Нашиот Лозано е секогаш добро решение за ноќниот живот во Кичево, баш како и што доликува, резервирано до последно место...

Хороскоп9 часа

Дневен Хороскоп (14 август) – недела

ОВЕН Поволен ден за комуникација со надредените како и за нови разговори за работа. Може да се надевате на убава...

Спорт10 часа

Милан со победа ја почна новата сезона во одбрана на титулата, победа оствари и Аталанта

Фудбалерите на Милан со победа ја започнаа одбраната на титулата во Серија А, кои денеска славеа против Удинезе со 4:2....

Македонија18 часа

СВР Охрид со активности на г.п. Ќафасан – „На пат секогаш тргнувај одморен“

Под мотото „На пат секогаш тргнувај одморен“, Одделението за превенција при СВР Охрид и РСБСП ја спроведуваат превентивната кампања „Безбедно лето...

Временска прогноза19 часа

Поизразено невреме проследено со интензивен пороен дожд – ова се најновите метео информации

За време на овој викенд бидете КРАЈНО ПРЕТПАЗЛИВИ и тоа поради очекуваната нестабилност на повеќе места низ Македонија. Истата ќе...

Македонија19 часа

Центар за управување со кризи: Нема активни пожари во моментов

Центарот за управување со кризи (ЦУК) во информацијата за состојба со пожарите во изминатото деноноќие наведува дека е изгаснат пожарот...

Македонија19 часа

Ноќниот радар „коси“, вчера во зајакната акциска санкционирани 261 возач кои ја пречекориле дозволената брзина на возење

Во текот на изминатата вечер (12.08.2022) во периодот од 18.00 до 00.00 часот Министерството за внатрешни работи со посебно опремен...

Свет19 часа

Нова тура „Starlink“, по успешното лансирање на „Falcon 9“ од Space X

Американската компанија „Space X“ успешно ја лансираше ракетата Фалкон 9 со нова рунда микросателити Старлинк, се наведува во соопштението на...

На денешен ден1 ден

13 август – На денешен ден

1521.- Шпанскиот освојувач Хернан Кортес го зазеде и го уништи, по тримесечна опсада, градот Тенохтитлан на Ацтеките (Мексико Сити). 1624.-...

Lifestyle1 ден

(ВИДЕО) Теа Таировиќ се оправда и распали со нашата „Македонско девојче“ – нема поубаво од Македонче!

Теа Таировиќ распали со знамето и нашата безременска „Македонско девојче“ p.s. По социјалните мрежи коментираат Теа простено тие за песната...

НАЈЧИТАНИ