Здравје и убавина
Дали луѓето со висок крвен притисок можат да пијат кафе?
Иако нашироко се верува дека кафето го зголемува крвниот притисок, не постои истражување кое потврдува дека тоа е вистина.
Експертите од Германското здружение за срце велат дека можете без страв да пиете најмалку четири шолји дневно, дури и ако страдате од висок крвен притисок. Тие истакнуваат дека не постојат научни докази дека кофеинот е лош за хипертензија.
Кафето може да го подигне крвниот притисок за кратко време бидејќи кофеинот го стимулира кардиоваскуларниот систем и го забрзува пулсот, но тоа обично се случува доколку не сте навикнати на кофеин.
Покачувањето на крвниот притисок е помало кај луѓето кои редовно пијат кафе. Овој ефект се јавува по редовно пиење кафе една до две недели, се вели во соопштението на Германското здружение за срце.
Тоа важи и за зелениот и црниот чај, со оглед на тоа дека и тие се стимуланси.
Сепак, треба да пробате ограничено пиење, што е максимум 400 милиграми кофеин дневно доколку размислувате за здравјето на срцето, велат од ова здружение.
Тоа е сигурно повеќе отколку што повеќето луѓе веројатно ќе пијат – околу четири до пет шолји филтер кафе на ден.
Ако планирате да го измерите крвниот притисок, направете го тоа пред да конзумирате кафе или околу 30 минути потоа, за да бидете сигурни дека тоа нема да влијае на мерењето.
Во меѓувреме, обидете се да ги избегнувате таблетите со кофеин, советуваат од оваа асоцијација, бидејќи тие можат негативно да влијаат на крвниот притисок.
/n1info.com/
Здравје и убавина
Неколку совети како да ги намалите масните наслаги на нозете кои со време биле наталожени
Топењето на масните наслаги на кој било дел од телото не е процес што се случува преку ноќ. Потребни се време, трпение и доследност за да се постигнат видливи резултати. Не постои „чудотворна“ вежба што сама по себе ќе ги елиминира масните наслаги.
Кај голем број жени, особено во периодот пред менопауза, мастите полесно се таложат во пределот на нозете, а значајна улога во тоа имаат хормоналните промени во организмот. Во прилог неколку совети, истражувани во британско здружение истакнато пред неколку години
Кардио тренинзи
Доколку сакате да ја намалите вкупната телесна тежина, неопходно е да вклучите активности кои го забрзуваат срцевиот ритам. Кардио вежбите помагаат во согорување на калории, што е основа за намалување на масните наслаги. Возење велосипед, трчање или скокање јаже се одлични избори, а истовремено придонесуваат и за обликување и зацврстување на нозете.
Зголемете ја динамиката
Поефикасно трошење на калории се постигнува кога срцето работи побрзо. Трчање по скали или движење по нерамни терени е одличен начин да се постигне тоа. Овие активности го јакнат долниот дел од телото, вклучувајќи ги колковите и бутовите.
Внимавајте што јадете
Иако можеби звучи познато, појадокот не треба да се прескокнува. Тој го активира метаболизмот и му обезбедува на телото енергија за нормално функционирање во текот на денот. Балансиран и хранлив оброк му служи на организмот како гориво и помага сите телесни процеси да се одвиваат правилно.
Хидратација и квалитетен сон
Кога сте жедни, секогаш избирајте вода. Засладените пијалаци не ја заменуваат и можат дополнително да му наштетат на организмот. Водата не содржи калории и е неопходна за добра хидратација. Исто така, доволниот одмор и квалитетниот сон се исклучително важни, бидејќи истражувањата покажуваат дека одмореното тело поефикасно согорува масти.
Вежби насочени кон нозете
Покрај кардио активностите како трчање, пливање или возење велосипед, постојат и бројни вежби специјално наменети за нозете. Практикувајте ги секојдневно, барем по 15 минути. Така ќе создадете здрава навика за движење и ќе му помогнете на телото да складира помалку масни наслаги.
/таратур
Здравје и убавина
Дајте им одмор на цревата во организмот со ова овошје
Многу луѓе се соочуваат со проблеми во дигестивниот систем кога патуваат на одмор. Промената на климата и новата околина често влијаат, но има решение што може да ви помогне да се ослободите од овие тегоби. Австралискиот нутриционист Роберт Вилсон советува како да се справите со тоа.
Таа објаснува дека е многу важно да се консумира овошје кое е корисно за цревата.
– „Крушите се одличен избор, бидејќи нивните влакна и природни шеќери, како што се сорбитолот и фруктозата, помагаат за одржување на добрата работа на дигестивниот систем и спречуваат запек“, изјавува Вилсон.
Патувањето со авион често доведува до стомачни проблеми, што е последица од наглите промени во воздухот, што особено го погодува дигестивниот систем.
– „Но, ова не се однесува само на проблемите со столицата. Здравиот дигестивен систем и цревата се клучни за добро чувство и повисоки нивоа на енергија. Тие помагаат на организмот да ги апсорбира хранливите материи и да изгради силен имунитет“, додава тoj.
Крушите се еден од најбогатите извори на влакна, па ако редовно ги јадете додека сте на одмор, вашите црева ќе ви бидат благодарни.
/taratur
Здравје и убавина
Како полесно да ја издржите диетата за слабеење
Според една понова анализа спроведена од научници од Холандија и Португалија, ако за време на држење диета си дозволиме еден „слободен ден“ во неделата кога можеме да изедеме нешто што инаку е забрането, значително се зголемува веројатноста да се остане доследен на режимот.
Во истражувањето биле вклучени две групи луѓе кои имале цел да ослабат: првата група секој ден консумирала по 1.500 калории, додека втората шест дена во неделата јадела по 1.300 калории, а седмиот ден добивала дозвола да внесе околу 2.700 калории.
Резултатите покажале дека учесниците од првата група побрзо ја губеле мотивацијата. Кај втората група, пак, сознанието дека имаат „награден ден“ делувало мотивирачки, па поретко се откажувале од диетата.
Интересно е што и покрај разликите во пристапот, двете групи забележале слично намалување на телесната тежина.
Извор: taratur
-
Кичево5 часаПополнета рубрика 2025: „Зошто вредиТ да си од Кичево“ – некои натписи сигурно за прв пат ќе ги прочитате
-
Хороскоп2 денаХороскоп за понеделник (15 декември)
-
Кичево1 денТППЕ Кичево вчера со полни раце работа, интервенирале врз опожарен автомобил и зграда
-
Хороскоп17 часаХороскоп за вторник (16 декември)
-
Временска прогноза2 денаВременска прогноза до 22 декември, следува ладен период, појава на слана, мраз, подледици по речните долини и магла
-
Македонија1 денОд ноќеска цената на дизелот и бензинот се намалува, еве колку ќе чини литар гориво на малопродажните објекти ширум Македонија
-
Спорт2 денаРакометар од битолски ракометен клуб по завршувањето на мечот во „Биљанини Извори“ нападнал помошен тренер на охридскиот ракометен клуб по меѓусебниот натпревар
-
Технологија2 денаОткриен нов малвер по име „DroidLock“ – го заклучува телефонот и снима
