Временска прогноза
Дали месец февруари ќе ја покаже вистинската зимска идила?

Февруари месец би тебало да ја покаже вистинската зимска идила. Барем според последните анализи очекуваме почести продори од север кој би условувале ладен воздух и врнежи од снег и на пониските места (градови).
Да напоменеме дека повремено се очекуваат и јужни струења кој ќе условуваат натпросечно високи температури. Многу е тешко да се даде анализа за повеќе денови однапред .
Инаку и во следниот период нашата територија ќе се наоѓа под влијание на изразена циклонска активност со центар над Џеновскиот залив.Очекуваме повремени врнежи од дожд и снег и истите локално ќе бидат ОБИЛНИ.
На планините особено на запад ќе дојде до зголемување на снежната покривка (над 40 цм). Помала снежна покривка повремено има услови да се формира и низ градовите особено на запад. Температурите позначително ќе се намалат и ќе бидат околу просекот за овој дел од годината.
Да напоменеме дека долгорочното анализирање на времето и не е баш најпрецизно, затоа граѓаните добро би било да ги следат нашите краткорочни анализи на времето, тие се далеку попрецизни.
Пишува Славчо Попоски.
Временска прогноза
Еве какво време не очекува во текот на седмицата, сончеви периоди со засилен северен ветер, додека наутро температурите….

Под влијание на поларна воздушна маса која се спушта од север, во текот на седмицата која што ни претстои ќе имаме многу студено и суво време (сув студ). Ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, а само денес локално ќе провејува и снег.
Особено денес и утре ќе дува ЗАСИЛЕН, повремено и СИЛЕН ветер од северен и од северозападен правец (повремено со брзина од над 80 км/час).
Наутро температурите на повеќе места ќе се спуштаат и до околу -10 степени, понекаде и до околу -15 степени, додека на високите планински места на северозапад дури до околу -20 степени.
Во Скопје исто така ќе имаме променливо облачно време со засилен ветер од северен правец. Ќе биде и доста студено со минимални температури до околу -5 степени. Ниски ќе бидат и максималните дневни температури кој ќе се искачуваат во интервалот помеѓу 0 и 2 степени.
За нашиот медиум известува Попоски..
Временска прогноза
Од вечерва поларна воздушна маса и олуен ветер на нашата територија

Почнувајќи од денес попладне и навечер, па во текот на следната седмица територијата на Македонија ќе биде под влијание на ПОЛАРНА воздушна маса од север. Сето ова ќе биде проследено со СИЛЕН , повремено и ОЛУЕН ветер од северен правец (над 80 км/час, на планините и до околу 100 км/час). Токму поради ова препорачуваме КРАЈНА ПРЕТПАЗЛИВОСТ поради можни штети.
Во текот на денешната вечер и ноќ температурите НАГЛО ќе опаднат и во следните денови потоа наутро на повеќе места ќе се спуштаат до околу -10 степени, понекаде и до околу -15 степени, додека на високите планини на северозапад температурите ќе се спуштаат и под -15 степени.
Утре локално сеуште ќе провејува снег, додека во текот на следната седмица ќе имаме претежно стабилно, суво и МНОГУ СТУДЕНО време (претежно сув студ).
Во Скопје и околината исто така ќе има послаби врнежи претежно од снег а ќе започне да дува и СИЛЕН северен ветер. Температурите од денешната ноќ НАГЛО ќе опаднат и ќе бидат под нулата (близу -10 степени наутро). Максималните температури исто така ќе се задржат околу или под нулата.
Пишува Славчо Попоски
Временска прогноза
Попоски истакна вонредно метео, доаѓа студ и температури до -15 степени, снег некаде и на пониските места..

Под влијание на брз влажен и студен воздушен бран од север во текот на оваа ноќ и во раните утрински часови од утрешниот ден на повеќе места ќе има врнежи претежно од снег, само на некои од пониските места ќе има врнежи од дожд и снег или влажен снег а ќе започне да дува и умерен до засилен ветер од северен правец.
На планините и на повисоките места ќе дојде до зголемување на веќе постоечката снежна покривка. Мала снежна покривка ќе се формира понекаде и во пониските места (градови).
Потоа нови локални врнежи претежно од снег ќе има во сабота. За време на викендот на многу места ќе дува ЗАСИЛЕН, повремено СИЛЕН ветер од северен правец (над 80 км/час).
Во Скопје и околината оваа ноќ према изутрина и повторно во сабота ќе има повремени врнежи од дожд и снег или влажен снег. Ќе дува ЗАСИЛЕН, повремено СИЛЕН ветер од северен правец.
Минималните температури на повеќе места ќе се спуштаат под нулата, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 3 до 12 степени.
Поради продор на МНОГУ СТУДЕНА воздушна маса од север, од недела, па во текот на следната седмица ќе имаме МНОГУ СТУДЕНО време со МНОГУ НИСКИ температури на воздухот и истите наутро ќе се спуштаат под -10 степени, понекаде и до околу -15 степени. Максималните дневни исто така понекаде ќе се задржат под нулата и ќе се искачуваат во интервалот од -3 до 5 степени.
Пишува Славчо Попоски.
-
Хороскоп14 часа
Хороскоп за понеделник (6 февруари)
-
Хороскоп2 дена
Хороскоп за недела (5 февруари)
-
Временска прогноза1 ден
Еве какво време не очекува во текот на седмицата, сончеви периоди со засилен северен ветер, додека наутро температурите….
-
Македонија2 дена
На ГП Деве Баир жители на Бугарија недолично се однесувале и се обиделе физички да ја нападнат полицијата
-
Занимливости17 часа
Неколку трикови успешно покажани за откажување на пушењето цигари
-
Кичево32 минути
Во Кичево вчера најмногу казни за пречекорување на брзина..
-
Свет2 дена
Илон Маск на суд ги победи акционерите на „Tesla“
-
Скопје23 часа
Утре посебен режим на сообраќај во Скопје