Магазин
Дали телефоните на преклоп го губат интересот на корисниците?
Глобалната Испорака Падна, а Експертите Ги Објаснуваат Причините
Во третиот квартал од 2024 година, глобалните испораки на телефони на преклоп се намалија за 1% во споредба со истиот период минатата година, покажуваат податоците од најновото истражување. Ова е првпат пазарот да забележи пад во овој период од годината, а главната причина е подпросечната продажба на новите модели Samsung Z Fold6 и Z Flip6.
Samsung со Мешани Резултати
Иако Samsung го задржа водечкото место со 56% пазарен удел, компанијата забележа пад на испораките од 21% во споредба со 2023 година. Ова укажува на предизвици во одржувањето на доминантната позиција, особено на конкурентниот кинески пазар.
- Z Fold6 не ја постигна очекуваната продажба.
- Z Flip6 не го достигна интересот што го имаше претходниот модел.
Раст на Конкуренцијата
Додека Samsung бележи пад, конкурентите како Xiaomi и Motorola забележаа значителен раст:
- Xiaomi: 185% годишен раст на испораките.
- Motorola: 165% годишен раст.
Овие податоци покажуваат дека конкуренцијата станува сè посилна, со што Samsung се соочува со сериозен притисок да го задржи водството.
Главните Проблеми и Потенцијални Решенија
Според Џене Парк, виш аналитичар во Counterpoint Research, телефони на преклоп сè уште се во транзициска фаза на пат кон мејнстрим пазарот. Главните пречки за пошироката популарност се:
- Високата цена – Голем дел од корисниците не можат да си ги дозволат овие уреди.
- Технологијата на производство – Иако задоволството од уредите е високо, потребни се подобрувања за поголема доверливост и пониски производствени трошоци.
Што е потребно за успех:
- Намалување на цените за поголема достапност.
- Понатамошен развој на технологијата за да се зголеми квалитетот и да се намалат дефектите.
Ако овие предизвици се надминат, телефоните на преклоп имаат потенцијал да се трансформираат од премиум производ во главен пазарен сегмент.
Заклучок: Иако пазарот на телефони на преклоп се соочува со предизвици, растот на конкуренцијата и технолошките иновации покажуваат дека овие уреди имаат иднина. Сепак, успехот зависи од способноста на брендовите да понудат поприфатливи и подобро изработени производи.
Извор: Benchmark
Магазин
Ивана од Кичево оваа година по петти пат изработува новогодишни честитки за да помогне на лица и здруженија каде е најпотребно
Кичевчанката Ивана Маркоска не престанува да плени со своите хумани гестови, имено како претходните години, продолжува и оваа година по петти пат, со голема радост ја најави нејзината традиционална хуманитарна Новогодишна 🎄 акција со илустрирани честитки!
Нејзината 🎄 новогодишна акција, Ви ја споделуваме во целост:
Со огромна радост, ја објавувам годинешната хуманитарна акција со Новогодишни честитки! Честитките се илустрирани од мене, со многу љубов и внимание. Ви носам свежи дизајни во кои има чувство на топлина, се буди носталгија, но и надеж за поубави времиња во иднина. Честитките се во А6 формат и се отвораат. Подетален опис има под секоја честитка индивидуално.
За прв пат оваа година, благодарение на Студио Контура, честитките се печатени на рециклирана хартија – што значи, имаме и еколошки елемент на акцијата. Како и сите години претходно, принтот си го покриваме јас и Nikola, честитките се продаваат по само 50 денари, и цел профит оди за хуманитарни цели кои ги одлучувам на крај на акцијата.
Еве како се алоцираа средствата претходните години:
https://tinyurl.com/chestitki2025
https://tinyurl.com/chestitki2024
https://tinyurl.com/chestitki2023
https://tinyurl.com/chestitki2021
Честитките се достапни преку порака, во инбокс кај мене.
За во:
– Скопје – Ви ги доставувам лично на договорено место;
– Кичево и Струга – или ќе ги земете од кај нашите семејства, или ќе ви ги донесам ако сум јас во тој период тука;
– Други градови: Испраќам по карго, за порачани 14+ честитки доставата е бесплатна.
– Оваа прилика сакам да ја искористам и сакам најтопло да се заблагодарам на вашиот медиум кој секоја година ми дава значајна поддршка, како и на секој од вас што претходните години си купи од моите честитки, и однапред да се заблагодарам на сите кои ќе купите честитки годинава. Без сите Вас, овие акции не би биле можни. Јас сум пресреќна што години уназад, со мојот скромен талент успевам да направам нешто убаво, но и што сите Вие имате доверба во мене, за Порта.мк истакна Ивана
Хумани луѓе, пишете ми за порачка и споделувајте ја акцијата!
Хороскоп
Хороскоп за петок (5 декември)
ОВЕН
Денот на работното место тече во добра комуникација со соработниците и воспоставување на нови договори. Ве очекува финансиска добивка. На емоционален план имате потреба да доминирате над партнерот. Здравјето е солидно.
БИК
На работното место сте самоуверени и влегувате во конфликти само за да докажете дека сте во право. Емотивно сте расположени за размена на нежности и слатки зборови со другата половина. Прошетката е добар начин за опуштање и подобрување на расположението.
БЛИЗНАЦИ
Деловните проблеми никако да завршат а тоа ве прави фрустрирани. Емоциите ви вријат, можете да дојдете до проблеми во врската поради љубомора. Кога е здравјето во прашање, физички сте неактивни а тоа доаѓа на ваша штета.
РАК
Ви следи деловно и финансиски успешен ден. Ќе бидете задоволни затоа што трудот ќе ви се исплати. Во емоционална смисла сте потонале и размислувате за минатото кое не можете да го промените. Здравјето е солидно.
ЛАВ
Поради работата самодовербата ви е доста ниска. Сатисфакција добивате на емоционално ниво преку партнерот на чија љубов и поддршка можете да сметате во секој миг. Кожата ви е прилично чувствителна.
ДЕВИЦА
Денес е поволен ден за да се позанимавате со некои постари обврски и конечно да ги тргнете од дневниот ред. Во емоционална смисла сте незаинтересирани за било какви дружења или нови познанства. Здравјето ви е солидно.
ВАГА
Расположени сте за работи и сите цели ви делуваат лесно остварливи и достапни. На емоционален план сте напнати па можно е да вашето незадоволство да го „истурите“ врз партнерот. На здравствено поле можни се проблеми со алергии.
ШКОРПИЈА
Во тек е деловен ден поради што ќе се чувствувате максимално фрустрирани. Имате чувство дека не се поместувате од мртва точка. Денот е одличен за љубовна комуникација од таен тип. Синусите ви се прилично чувствителни.
СТРЕЛЕЦ
Денешниот ден е неповолен за комуникација и сообраќај па пожелно е да бидете внимателни. Во емоционална смисла сте затворени и не сакате да зборувате отворено за вашите емоции. Ве очекува нервоза од минлив тип.
ЈАРЕЦ
Денот е неповолен за состаноци па можете да очекувате неко од нив да бидат одложени, а на оние кои ќе бидат одржани можно е да не го добиете она кое го посакувате. Имате понуда за да влезете во нова авантура, но ќе размислувате дали да ја искористите. Чувствително грло.
ВОДОЛИЈА
Ова е одличен ден за јавен деловен успех особено ако работата има врска со законот или јавноста. Расположени сте за љубов, гледање и комуникација со другата половина. На здравствено поле немате проблеми.
РИБИ
Максимално сте посветени на своите деловни обврски и успех. Денес е одличен ден за ново познанство со потенцијалниот партнер кој можете да го запознаете преку работа. Во физичка смисла сте стабилни и силни.
Здравје и убавина
Само со неколку нови навики, стартот на денот ќе ви биде полн со енергија
Доколку секоја утрина се борите со алармот и без силно кафе не можете да ја започнете дневната рутина, постои брз трик кој може да ви го промени стартот на денот. Според стручњаците, доволни се само 90 секунди под туш за да го „разбудите“ телото и да се наполните со енергија.
Професионалците од академијата „Кериер Грл“ истакнуваат дека голем дел од луѓето имаат погрешни навики при утринското туширање. Имено, топлата вода создава дополнително чувство на релаксација и поспаност, па дури и кога ќе излезете во студената просторија телото сè уште е „во режим на спиење“.
Нивната препорака е следна: започнете 30 секунди со ладна вода, продолжете 30 секунди со топла и завршете повторно со 30 секунди ладна вода.
Иако на почеток можеби ќе ви биде непријатно, овој контрастен туш ја поттикнува циркулацијата и ги активира капиларите, што делува како природен „вклучувач“ на мозокот и телото. Дополнително, ваквото туширање може да помогне во намалување на стресот, зајакнување на имунитетот преку зголемено создавање бели крвни клетки и поефикасно согорување масти.
Овој ритуал редовно го користат и светските ѕвезди, кои дел нагласуваат дека ладно-топлото туширање делува како природен антидепресив, бидејќи го стимулира мозокот со зголемени електрични импулси и носи чувство на освежување и благосостојба.
/таратур
-
Кичево2 денаЈовановски: „Ние во Кичево не можеме да исчистиме толку брзо колку што некои несовесни граѓани можат да расфрлаат ѓубре“
-
Хороскоп2 денаХороскоп за четврток (4 декември)
-
Хороскоп12 часаХороскоп за петок (5 декември)
-
Магазин1 часИвана од Кичево оваа година по петти пат изработува новогодишни честитки за да помогне на лица и здруженија каде е најпотребно
-
Спорт2 денаБлагоја Милевски се заблагодари на сите досегашни претседатели на ФФМ, сите наши фудбалери, стручен штаб, медицински лица и логистика
-
Здравје и убавина1 денСамо со неколку нови навики, стартот на денот ќе ви биде полн со енергија
-
Македонија13 часаСообраќај по наместа влажни коловози, намалена видливост поради магла има на превоите „Стража, Ѓавато, Плетвар и Крушево “
-
Свет14 часаПоради злоупотреба, Русија ги блокира „Snapchat“ и „FaceTime“
