Спорт
Кичевчанецот Дејан Милошевски повторно во најдобрите 16 карате судии во САД, претходно беше избран за член на судиската карате комисија на и одговорен за 12 држави

Изминатиов викенд 1-2 февруари во Денвер Колорадо се одржа изборен натпревар за членови на америската сениорска карате репрезентација за 2025. Само 16 судии беа официјално поканети од вкупно 280 национални активни карате судии, меѓу кои и нашиот светски македонски карате судија Дејан Милошевски. Тој беше избран и за член на Комисијата за жалби, одговорна за решавање на сите карате протести на овој натпревар.
– „Натпреварот започна со дисциплината кати, каде евалуацијата на перформансите во кати беше оценета од страна на 5 или 7 ката судии со помош на електронскиот спортдата систем. За судењето на борбите се користеше истиот систем со помош на џојстик со кој електронски секој судија ги регистрираше поените. Овој систем се користи на сите официјални интернационални натпреварувања во организација на СКФ“. Ова ми е втора година по ред да бидам дел од овој тим. Навистина голема благодарност до претседателот на Карате федерацијата на САД за укажаната доверба. Во историјата на САД, да се биде првиот Македонец во најдобрите 16 карате судии и член на Судиската комисија претставува огромно признание и чест за мене и за нашата македонска диајспора.
– До сите што се стремат кон своите соништа: Верувајте во себе – она што изгледа невозможно може да стане реалност“ – додаде популарниот каратист.
Инаку, токму на 28 декември 2024 година Карате Федерацијата на САД (USA Karate) објави на својата официјална страница дека во 2025 година ќе воведе структурни измени во националнaтa судискa програмa. Дел од овие промени е и назначувањето на нашиот светски познат македонски карате судија, Дејан Милошевски, како асистент на главниот судија за Регион 4 – што опфаќа 12 држави.
Според соопштението од Карате Федерацијата на САД, се истакнува дека промените во националнaтa судискa програмa се насочени кон зголемување на професионалноста и ефикасноста во судиската работа. Дел од овие промени вклучуваат нови раководни улоги и појасно дефинирање на регионалните одговорности. Визијата е да се работи на усовршување на националниот судиски систем, преку поддршка на младите судии и организација на натпревари во рамките на своите региони. Дејан Милошевски има огромно меѓународно искуство како судија на Светската карате федерација (ВКФ) и Европската карате федерација (ЕКФ) го прави идеален избор за оваа позиција, со што уште еднаш се потврдува неговата посветеност и неговиот квалитет во светот на карате спортот.
– „Од самиот почеток беше навистина предизвик за мене да успеам да се вбројам меѓу најдобрите судии во САД. Неколку години навистина се посветив да бидам присутен на сите натпревари на оваа страна од светот и гордо да ја претставувам Македонија. Во 2023 бев и првиот Македонец во карате историјата на САД и Македонија да бидам член на судискиот тим во избор на националниот тим на САД, но и да бидам прогласен за македонски карате амбасадор. Предизвикат беше огромен тргнувајќи од фактот дека сум заборавен изминативе 6 години и немам никаква подршка ни признание за моите успеси од Македонската карате федерација. Успесите надвор од државата никој не може да ги избрише и ќе останат да сведочат дека со работа, посветеност и професионалност може да се успее. На крај голема благодарност до Карате федерацијата на САД за укажаната доверба и нивната континуирана поддршка“, за јавноста преку интегрален текст истакна кичевчанецот Дејан Милошевски.
Со ова назначување Милошевски ја продолжува својата мисија за унапредување на каратето и афирмацијата на македонските спортски амбасадори на меѓународната сцена.
Д.Б.
Спорт
(ВИДЕО) ФФМ пушти во употреба нов фудбалски терен во населба Илинден

Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) во општина Илинден го пушти во употреба новиот терен со вештачка трева, проект реализиран од програмата Форвард на ФИФА во соработка со Општина Илинден.
– „ФФМ ќе продолжи да инвестира во вакви инфраструктурни проекти ширум државата. Овие инвестиции се за младите, за клубовите и за развојот на македонскиот фудбал,“ истакна претседателот на ФФМ, Масар Омерагиќ.
Официјалното видео од ФФМ може да го прегледате ТУКА
Нека е со среќа!
Спорт
Синер и Алкараз во големото финале на Вимблдон во 2025 година

Јаник Синер ќе игра во своето прво финале на Вимблдон, откако успеа да го совлада Новак Ѓоковиќ во три сета (6:3, 6:3, 6:4). Првиот рекет на светот покажа извонредна форма и доминација на теренот.
И покрај повредите, Ѓоковиќ даде сè од себе и изјави дека не сака вниманието да биде насочено кон неговата здравствена состојба, туку кон заслужената победа на Синер.
Карлос Алкараз обезбеди свое трето последователно финале на Вимблдон, победувајќи го Тејлор Фриц со 3:1 во сетови (6:4, 5:7, 6:3, 7:6). Шпанецот ја брани титулата и важи за еден од главните фаворити, а ова би можел да му биде шестиот Гренд слем трофеј. Тој искрено призна дека бил изненаден од тоа што Синер успеал да го елиминира Ѓоковиќ.
Финалето на Вимблдон 2025 ќе се одигра во недела, а во него ќе се соочат Алкараз и Синер.
Мечот меѓу Синер и Ѓоковиќ привлече големо внимание и беше проследен од бројни познати личности како Ема Радукану, Бенедикт Камбербач и Рами Малек.
Спорт
(ВИДЕО) Екипата на „Рибник-Добреноец“ го освои првото место на традиционалниот турнир во мал фудбал по повод „Иванден“ с.Староец

Денес беше завршниот ден на големиот турнир во с.Староец Кичево по повод Иванден.
По одиграните натпревари кои завшрија со следните резултати, финале играа Рибник-Добреноец и Роденденски пињати-Кичево, кој заврши со регуларни 1:1, по што следуваше пенал рулетот, каде подобра беше екипата на Рибник-Добреноец.
1.ИВАНДЕН СТАРОЕЦ – РИБНИК ДОБРЕНОЕЦ РЕЗУЛТАТ 1:5.
2.КЛАС МК БРОД – РОДЕНДЕНСКИ ПИЊАТИ РЕЗУЛТАТ 0:1
3.РИБНИК ДОБРЕНОЕЦ – КАЈ КУМОТ РЕЗУЛТАТ 4:1
4.КЛАС-МК Брод – КАЈ КУМОТ РЕЗУЛТАТ 5:1
Симјановски: Со Вашето присуство, и спортски дух и поддршка се доказ дека традицијата и почитта кон верата и празниците се уште живеат во нашите срца и дела.
Посебна благодарност упатуваме и до МЛАДИНСКАТА ОРГАНИЗАЦИЈА И СПОНЗОРИТЕ
1. ЦРКВА СВ.ЈОВАН КРСТИТЕЛ
2. МЕАНА КОЛЦЕ
3. РЕСТОРАНТ,, КАЈ КУМОТ”
4. ,,АГРО ДРВО”
5. ПЕКАРА,, РАДЕ”
6. ГОРСАЈ
7. ЛУКОИЛ
8. ИДЕАЛ ТРАНС
9. КАФЕ БАР ,,ПАП”
10.РЕСТОРАН,, ФУРНА”
11.ИГОР ФИЛИПОСКИ
12.СКАРАЏИИ
13.МИРЕ РИСТЕВСКИ
14.ХРИСТИЈАН ТАНЕВСКИ
15.ВЛАДО АНДРЕСКИ
16.ЦВЕТАН НЕСТОРОСКИ
17.ТИМ ИНЖИНЕРИНГ
18.ХЕМИСКО ЧИСТЕЊЕ,, КТ”
19.АЛЕКСАНДАР ТАНЕВСКИ
20.PORTA.MK, кои помогнаа во организацијата и со љубов придонесоа овој настан да се реализира успешно, достоинствено и со радост – токму како што прилега за ваков свет ден.
Нека Иванден ни донесе здравје, радост и благослов на сите!
Вака изгледаше завршниот дел, пенал рулетот и доделување на пехарите и вредносните парични награди.
🏆 Рибник-Добреноец
🥈 Роденденски Пињати-Кичево
🥉 Клас МК Брод
Награди за најдобар голман зеде Сариевски, најдобар играч-ветеран Спасеноски и најдобар играч на турнирот Котевски.
-
Кичево1 ден
Во с.Цер кичевско биле забележани непознати лица кои нуделе Цептер продукти и запишувале присуство
-
Кичево7 часа
Неконтролирано се движел, по пријава во Кичево бил сопрен, констатирано е дека бил пијан!
-
Хороскоп1 ден
Хороскоп за петок (18 јули)
-
Хроника1 ден
МВР со детали за стравичната несреќа во Охрид каде со мопед загина тинејџер на 16 години
-
Македонија14 часа
Се „лета“ на патиштата, на радар фатен 75 годишник од Охрид, возел 126 км/ч на место каде дозволено е 50?
-
Македонија1 ден
Поради пожар затворен за сообраќај автопатот од наплатна рампа Миладиновци до клучка Бунарџик, во двата правца, возилата се насочуваат кон Петровец
-
Хороскоп2 часа
Хороскоп за сабота (19 јули)
-
Хроника13 часа
Од охридска плажа до болницата Св.Стефан донесен 65 годишник од БиХ без знаци на живот