Кичево
Дел од кичевската населба „Ложионица“, како и ул. Борис Кидрич, 4-ти Јули, 11-ти Септември – утре без електрична енергија
Поради зафати на електродистрибутивната мрежа утре 27.10.2021 година – среда, ЕВН Кичево ќе работи на терен, така што прекини во снабдување на електрична енергија ќе имаат локалитетите и живеалиштата во следните места:
- Дел од населба Ложионица, ул. Борис Кидрич, 4-ти Јули, 11-ти Септември
- Времетраење: 10:30 до 12:30
Инфо: Струја
Кичево
Ноќеска во кичевски објект едно лице извршило напад врз малолетник, потоа и на неговиот татко
На 23.11.2025 година во 01:30 часот, во ОВР Кичево е пријавено дека, во угостителски објект лоциран на булеварот „Ослободување“ во Кичево, едно лице нападнало малолетник, а потоа и неговиот татко кој дошол во објектот.
Се преземаат мерки за целосно расветлување на настанот по што, против напаѓачот, ќе биде поднесена соодветна пријава, за јавноста денес соопшти портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.
Кичево
ЦУК со известување за изминатото деноноќие, во Кичево побарана била општинска интервенција во делот на ул. „Прилепска“
Во изминатото деноноќие, поради обилните врнежи, екипите на Регионалните центри за управување со кризи интервенираа на повеќе критични локации низ државата.
На подрачјето на Битола се ангажирани екипи и механизација на јавните претпријатија и водостопанските компании за расчистување наноси и зајакнување насипи на повеќе делови од речните корита.
Поради ерозијата на патот кон Пелистер и кај с. Цапари, предложено е привремено затворање на стариот пат Р-106 и пренасочување на сообраќајот по патот А-3.
Во Охрид и Кичево водостоите се зголемени, но нема излевања. Најризичен е делот кај ул. Прилепска во Кичево, каде е побарана општинска интервенција. Во Охрид се интервенира по пријавено поплавување на подруми во населбата Железничка, предизвикано од диво ископани канали.
Во Куманово, реката Пчиња накратко излезе од коритото кај Пелинце – Стрновац, без нанесена штета. Мостовите во Коинце и Пелинце се расчистуваат од насобрани дрва и отпад, без констатирана опасност по нивната стабилност.
На регионалниот пат Македонски Брод – Скопје преку НП „Јасен“ беше регистриран голем одрон, поради кој сообраќајот беше во прекин. Патот е расчистен по една лента, а во тек се активности за целосно обезбедување на трасата, известуваат од ЦУК.
Кичево
„Македонски Завет“ организира хуманитарен концерт во НУЦК „Кочо Рацин“ со културно уметнички друштва и естрадни уметници од Кичево
Патриотско Здружение „Македонски Завет“ од Кичево, организира хуманитарен концерт наречен „Чување на традицијата и негување на Културното наследство“, во соработка со „Црвен Крст“, Кичево. Во НУЦК „Кочо Рацин“ – Кичево на 29.11.2025 година (сабота) со почеток од 19:00 часот.
Картите за концертот чинат симболични 200 денари, пуштени се во пред продажба и може да си резервирате карта на броевите: 071/327-117 или 078/322-028, а истите ќе се продаваат и на билетарата на НУЦК „Кочо Рацин“ – Кичево на денот на одржување на хуманитарниот концерт.
– Средствата од концертот, ќе бидат донирани на социјални и ранливи семејства во соработка со „Црвен Крст“ Кичево, во предновогодишниот период. Мотото и целта на овој проект во реализација на Патриотско Здружение „Македонски Завет“ – Кичево е да помогне на тие на кои сме им најпотребни и да им ги удостоиме новогодишните и Божикни празници, со хумана донација. Патриотски е да бидеме хумани.
Концертот ќе биде збогатен со оро и родољубиви песни, а ќе настапуваат културно-уметничките друштва од Кичево и естрадните уменици, кои ќе бидат гости на овој концерт, а во музичка придружба на група ЕТНУМ:
КУД Бисер Кичево
КУД Нико Пусоски Кичево
КУД Младост Кичево
КУД Кочо Рацин Кичево
Христијан Трајаноски
Дарко Стојаноски
Методија Столески
Софија Пуровска
Анастасиа Митровска
Мирослав Мирчески
Михајло Данилоски
Лука Лазарески
Христијан Тришоски
Од патриотското здружение повикуваат: Дојдете и заедно да им ги посреќиме новогодишните и Божикни празници, на оние, на кои сме им најпотребни. Хуманоста е највисокиот степен на родољубие.
Исто така преку нашиот медиум, истакнуваат особена благодарност до градоначалникот на општина Кичево Д-р Александар Јованоски, како и до директорот на НУЦК „Кочо Рацин“ г-дин Мазлам Османи за поддршката на овој значаен проект за здружението и кичевчани.
-
Хороскоп2 денаХороскоп за сабота (22 ноември)
-
Кичево26 минутиНоќеска во кичевски објект едно лице извршило напад врз малолетник, потоа и на неговиот татко
-
Спорт2 денаУтре во Кичево, „ФК Напредок“ го дочекува „ФК Џепчиште“ во третата македонска фудбалска лига запад во претпоследното коло од есенскиот дел
-
Хороскоп15 часаХороскоп за недела (23 ноември)
-
Македонија2 денаПоради обилен дожд, на подрачјето од Општина Ресен се поплавени над 50 куќи и магацински простории
