Спорт
Делегатите на првата и втората македонска фудбалска лига одржаа редовен работен состанок пред почетокот на новата фудбалска сезона
Пред почетокот на новата натпреварувачка 2024/2025 сезона во македонскиот фудбал, Комисијата за натпреварување при Фудбалската федерација на Македонија го организираше редовниот семинар за делегати во натпреварите од Прва и Втора МФЛ.
На семинарот се дискутираше за новата натпреварувачка сезона која почнува наредниот викенд, односно промената на одредени точки во Пропозициите за Прва МФЛ, Втора МФЛ и Куп натпреварите, односно нивното дополнување.
На редовниот семинар присутните имаа можност да го слушнат и предавањето од страна на Роберт Марковиќ од Комисијата за безбедност и интегритет при ФФМ, во кое беше детално објаснета и програмата на Уефа што се однесува до еден од најголемите проблеми во модерниот фудбал, а тоа е местење на натпревари.
На редовниот работен состанок, беше одржано предавање од страна на членот на судската комисија за едукација и анализа при Фудбалската федерација на Македонија, Марјан Кироски, со кое беа објаснети измените во правилата на фудбалската игра за новата сезона во македонскиот фудбал, а кои се во согласност со Уефа критериумите, истакнаа за јавноста од федерацијата.
Спорт
Данска првиот предизвик за „рисовите“ во март, за пласман на големиот мундијал во САД, Мексико и Канада
Спорт
Македонија во четврток го дознава новиот ривал, по катастрофалниот пораз тргнуваме по потешкиот пат за мундијалот! Глава горе момци!
Македонската фудбалска репрезентација го запиша својот прв и единствен пораз во квалификациите за Светското првенство. Националниот тим беше целосно надвор од ритам и убедливо беше совладан на „Кардиф Сити стадиум“ со 7-1 (3-1). И покрај високата загуба, Македонија и натаму остануваат во игра и во март 2026 година ќе настапат во баражот за пласман на Мундијалот.
Играч на мечот беше дефинитивно капитенот на Велс, 28-годишниот Хари Вилсон, играчот на Фулам кој запиша 3 погодоци на овој меч.
Нема очај, од овој меч треба само да се извлече поука. Одиме напред до остварување на сонот, но овој пат по потешкиот пат. Токму поради тоа, веќе во четврток го дознаваме ривалот во првиот бараж, кој ќе се игра во март и за кој се знае дека нашиот национален тим ќе гостува или не.
Стадион во Кардиф. Гледачи: 33.000. Судија: Дани Макели. Стрелци: Вилсон 18′ пен., 75′, 81′ пен., Брукс 21′, Џонсон 37′, Џејмс 57′, Бродхед 88′ (Велс), Миовски 23′ (Македонија). Ж. картони: Ашковски, Димитриевски (Македонија).
Велс: Дарлоу, Вилијамс (82′ Кпакио), Лоуер, Родон (82′ Мефам), Дасилва, Шихан, Вилсон, Џејмс (64′ Томас), Кулен (85′ Дејвис), Брукс (64′ Броудхед), Џонсон.
Македонија: Димитриевски, Илиевски, Стојчевски (55′ Ќамили), Велковски, Зајков, Ашковски, Барди, Костадинов (55′ Чурлинов), Алими (64′ Атанасов), Елмас, Миовски (64′ Растодер).
Напред „рисови“, напред Македонија!
Спорт
Милевски: Посакувам да играме само со доверба и уживање во играта, убеден сум дека вистинскиот одговор потоа ќе следи и ќе ја постигнеме нашата цел
Македонската фудбалска селекција вечерва од 20:45 часот со директен пренос на македонската телевизија ќе го одигра последниот меч од квалификациите за Светското првенство 2026. На гостински терен во Кардиф против Велс, на нашиот тим му е доволен и бод за да го задржи второто место во групата, што би значело поповолна позиција и потенцијално полесен ривал во плејофот за пласман на Мундијалот.
Селекторот Благоја Милевски верува дека избраниците се подготвени да одговорат на предизвикот и да ја исполнат поставената цел.
– „Спремни сме за она што доаѓа. Не очекува натпревар со голема тежина, но мојата порака до играчите е да излезат на терен со самодоверба и да уживаат во играта. Велс има силен состав и одличен селектор, но и двете репрезентации остануваат речиси непроменети во однос на првиот дуел во Скопје. Убеден сум дека ќе дадеме вистински одговор и ќе ја постигнеме нашата цел“, изјави Милевски на прес-конференцијата која се одржа во рамки на вчерашниот ден, пренесува Фудбалската федерација на Македонија.
Посакуваме среќа!
НАПРЕД МАКЕДОНИЈА!
-
Магазин1 денПорака од возач на Брза Помош, почит за сите возачи, наши спасители!
-
Кичево16 часаЦУК со известување за изминатото деноноќие, во Кичево побарана била општинска интервенција во делот на ул. „Прилепска“
-
Хороскоп1 денХороскоп за четврток (20 ноември)
-
Кичево1 ден„Македонски Завет“ организира хуманитарен концерт во НУЦК „Кочо Рацин“ со културно уметнички друштва и естрадни уметници од Кичево
-
Македонија10 часаДржавниот пазарен инспекторат изврши инспекциски надзори во пет градови, затекнати биле низа неправилности кај 16 правни субјекти кои продавале тутунски производи
-
Временска прогноза2 денаДожд секаде, повремено ќе засилува југоисточен ветер, поради состојбата ќе растат условите за зголемување на нивоата на реките и на езерата
-
Македонија1 денЈанев и Спироски во македонската делегација на регионалниот стратешки состанок во Тирана, организиран и поддржан од британските агенции за спроведување на закон
-
Магазин2 денаGoogle го лансира Gemini 3, најпаметната вештачка интелигенција досега
