Скопје
Делови од Скопје следните три дена со прекин на електрична енергија поради зафати на електродистрибутивната мрежа

Поради зафати на електродистрибутивната мрежа на 15, 16 и 17 мај 2021 година – ЕВН Скопје ќе работи на терен, така што прекини во снабдување на електрична енергија ќе имаат домаќинствата на следните локации:
Скопје КЕЦ Аеродром:
15 мај сабота: Дел од ул. Охридска, дел од ул. Титовелешка, дел од ул. Стеван Цветковски, дел од ул. Преспанска, дел од ул. Раде Јовчевски Корчагин, дел од ул. Маџир Маало ( Од 10:00 до 14:00 часот )
Скопје Васил Главинов:
15 мај сабота: ул. Тајмишка бр.1а, 1б,3а, 3б, 5а, 5б, 7а, 7б, 9а, 9б, 11а, 11б, 2, 4, 6, 8, 10, 12, 14, 16, 18, ул. Коце Металец бр.100, 102, 104, 106, 108, 110, 139а, 139б, 141а, 141б, 143а, 143б ( Од 11:30 до 13:30 часот )
Скопје Васил Главинов:
16 мај недела: Општина Бутел, нас. Визбегово, Индустриска зона Визбегово, нас. Кучевишка Бара, цела општина Чаир, нас. Скопје – Север, нас.Топанско Поле, нас.Топаана, Момин Поток, нас. Шуто Оризари, затвор Шутка, поголема територија на општина Бутел, Бутел 2, Бутел 1, Расадник ( Од 05:10 наутро до 08:00 часот )
Скопје Аеродром:
17 мај понеделник: СОПИШТЕ – дел од ул. 1 и околни улички пред кружен тек ( Од 08:30 до 14 часот )
Скопје Васил Главинов:
17 мај понеделник: Куќите кои се наоѓаат веднаш до КЕЦ Васил Главинов т.е. куќите на раскницата помеѓу ул. Босна и Херцеговина и ул.Александар Урдаревски ( Од 09:00 до 16:00 часот )
Извор: Струја
Скопје
Поради недоразбирање во сообраќај кај Бит Пазар, физички се пресметале, едниот пукал со огнено оружје

На 06.08.2025 околу 01:10 часот во СВР Скопје, од Ургентен центар при Комплекс клиники „Мајка Тереза“ било пријавено дека кај нив со повреди од огнено оружје бил донесен О.Е.(25) од Скопје. Според пријавеното, околу 00:30 часот пред дворот од негова куќа на подрачје на Бит Пазар, поради недоразбирање во сообраќајот, настанала расправија помеѓу него и соседот Ќ.Ч., по што соседот физички го нападнал.
Како што е пријавено, после тоа Ќ.Ч. и лицата М.Ч., Ш.Ч., О.Ч. и Б.М. влегле во дворот на О.Е. и физички ги нападнале и неговиот татко и брат Д.Е. и М.Е., при што Ќ.Ч. извадил пиштол, пукал и го погодил О.Е. во градниот кош и раката.
Увид извршила екипа на СВР Скопје и на местото биле пронајдени три чаури.
По целосно расчистување и документирање на случајот, ќе бидат поднесени соодветни пријави, информира МВР за јавноста.
Скопје
Изменет сообраќаен режим во Скопје, следни четири дена на овие локации

Секторот за внатрешни работи Скопје ги известува граѓаните дека поради одржување на Европските младински игри Скопје 2025 во кајак на реката Треска-кањон Матка, ќе биде воведен посебен сообраќаен режим во тој дел од градот Скопје и тоа во понеделник, вторник и среда од 08 до 14 часот, а во четврток од 08 до 16.30 часот.
Апелираме до граѓаните да ги почитуваат наредбите на полициските службеници, со цел да се обезбеди безбедно одвивање на сообраќајот, соопшти МВР.
Скопје
Лишен од слобода затворски полицаец, се обидел да внесе дрога во Затвор Идризово

На 15.07.2025 во Полициската станица Гази Баба, од Казнено – поправната установа Затвор Идризово е пријавено дека при претрес на Х.А.(42) од Скопје, вработен како полицаец во Затворска полиција, пронајдени се две пакувања и се посомневале дека пренесува дрога. Полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога при СВР Скопје излегле на местото и било констатирано дека во пакувањата има растителна материја и бела прашкаста материја.
Х.А. бил лишен од слобода и задржан во полициска станица, а во координација со јавен обвинител против него ќе биде поднесена соодветна пријава, истакна МВР.
-
Хороскоп1 ден
Хороскоп за четврток (7 август)
-
Хороскоп8 часа
Хороскоп за петок (8 август)
-
Македонија2 дена
МВР најстрого ќе го санкционира говорот на омраза, само за спортското навивање има место на трибините
-
Спорт2 дена
Одлични вести: ВАР системот стана реалност во македонскиот фудбал
-
Магазин2 дена
ChatGPT-5: Што носи новата револуција во вештачката интелигенција?
-
Македонија15 часа
МВР изрече условна казна затвор и депортирање на германец поради говор на омраза, пред натпреварот Шкендија-Карабах
-
Македонија11 часа
РЦ Запад во координација со СВР Охрид санкционираа албански државјанки без регулиран престој
-
Магазин2 дена
Сочни пилешки бургери од рерна