Култура
(ФОТО) Дечињата од кичевската градинка „Олга Мицеска“ денес го разубавија градот со својата акција „Ден без автомобили“
Кичевската градинка „Олга Мицеска“, денешниот ден го искористија за организација на дефиле со тротинетчиња со наслов „Ден без автомобили“, по повод 22-ри септември „светскиот ден без автомобили“.
Сплотени и единствени најмалите упатуваат еко-порака до сите, дека може и без автомобили, за почиста и поздрава средина во која живееме.
Инаку над 1500 градови во светот денеска го прославуваат овој ден. Стотици градови во Европа и светот овој ден го одбележуваат со затворање на улици или цели делови од градовите каде луѓето можат слободно да се движат и да обавуваат различни активности.
Истовремено, ваквите акции генерално имаат за цел да ги поттикнат луѓето, барем на овој еден ден, да го остават дома автомобилот кој важи за нееколошко и неефикасно транспортно средство и да размислуваат за други начини на превоз, во Кичево, најмладите ни покажаа..
Благодарение на вработените и целата управа кои најдобро знаат како нивните дечиња да бидат среќни и весели, во радост и знаења, денешниот ден ви го претставуваме преку фотографии:
Култура
На врата ни доаѓа големиот празник Св.Никола, светоцот заштитник на децата, сиромашните и работниците, за многу години најчестата слава во македонските домови!
Православните верници во Македонија во петок го одбележуваат празникот посветен на Свети Никола Чудотворец еден од најпочитуваните христијански светци и заштитник на децата, морепловците, девојките, сиромашните, учениците, патниците, како и на бројни занаетчии и трговци.
Свети Никола е најчестата слава во македонските домови. Бидејќи станува збор за посен празник, на славската трпеза традиционално се служат посни јадења, како сарма, грав и риба. Овој светец е длабоко почитуван не само меѓу православните, туку и кај католиците, па дури и кај дел од муслиманите, особено во Турција.
Низ Македонија, но и низ целиот свет, постојат голем број цркви, манастири, икони и фрески посветени на Свети Никола. Во многу семејства, празникот се одбележува со богата посна вечера, на која доминираат рибата и посните сарми. Со векови, Свети Никола важи за еден од најсаканите христијански светци.
Неговиот животен пат е исполнет со настани што и денес ги воодушевуваат верниците. Роден е во 4 век во градот Патара, на медитеранскиот брег на денешна Турција, во период многу пред големиот црковен раскол од 1054 година. Потекнувал од богато семејство, а неговите родители, Теофан и Нина, го добиле синот за време на владеењето на римскиот цар Валеријан.
По смртта на родителите, кои починале за време на голема епидемија, младиот Никола целото наследено богатство го разделил на сиромашните. Уште од рана возраст се истакнувал со добрина и побожност, поради што бил омилен и меѓу луѓето и пред Бога. Под духовното водство на својот чичко, архиепископот Патаре, напредувал во црковната служба, а подоцна бил избран за архиепископ на Мир Ликиски. Учествувал и на Првиот вселенски собор во Никеја во 325 година, свикан од царот Константин.
Свети Никола починал на 19 декември 343 година и бил погребан во соборната црква во Мир. Кон крајот на 11 век, неговите мошти биле пренесени во градот Бари, каде и денес се наоѓаат.
Од Свети Никола до Дедо Мраз
Ликот на Свети Никола, со црвен плашт и бела брада, со текот на времето станал основа за современата претстава на Дедо Мраз. Во поновата историја, преку рекламите и поп-културата, тој е познат како Санта Клаус име изведено од латинската верзија на Свети Никола. Иако во православната традиција е прикажан како епископ со митра и пастирски стап, модерната верзија добила нови елементи, како санки и ирваси, кои го обиколуваат светот во пресрет на Божик.
Верските познавачи истакнуваат дека Свети Никола е древен и широко почитуван светец низ Европа и дека денешниот Дедо Мраз има малку заедничко со неговиот вистински лик. Сепак, симболиката на дарувањето и радоста кај децата останала и до денес.
Причината за огромната популарност на Свети Никола лежи во неговата безгранична хуманост. Тој целото свое богатство го посветил на помош на сиромашните, болните и немоќните. Помагал тајно, оставајќи пари во џебовите на оние на кои им биле потребни, без да бара признание. Токму од овие преданија произлегла и легендата за Дедо Мраз, кој им носи подароци на децата.
Во народното предание, Свети Никола останал запаметен како заштитник на патниците, особено на морепловците, како и како помошник на неправедно осудените, затворениците и сиромашните.
Именден на овој ден празнуваат: Никола, Нино, Николина, Коле и други.
Свети Никола Мирликиски Чудотворец има исклучително значајно место во духовниот живот на македонскиот народ. Многу семејства го сметаат за свој домашен заштитник и со посебни обичаи и служби го одбележуваат неговиот спомен. Иако најмногу се празнува зимскиот Свети Никола на 19 декември, внимание му се посветува и на летниот празник, на 22 мај, кога се одбележува преносот на неговите мошти од Мир во Бари.
Култура
Утре е голем празник, помолете се за здравје, на врата ни е „Пресвета Богородица Пречиста“, на помош слава, за многу години!
Народот овој празник го нарекува Пречиста, што одлично ја доловува неговата смисла. Тоа е празник на воведувањето на пресветата девојка Марија во Ерусалимскиот храм.
Првосвештеникот Захарија ја воведе не само во храмот, туку и во Светињата над светињите, т.е. во најсветото, најчистото место на храмот, каде што никој никогаш не влегуваше, освен првосвештеникот, и тоа само еднаш во годината. Така, Бог преку света Захарија, кој беше надвор од себе и обземен од Бога”, ја прослави умната и телесна чистота на Марија, која подоцна стана врата на спасението, т.е. го прими во себе, го носеше и го роди Синот Божји, истовремено и Син Човечки, Христос.
Најчистиот се роди од најчистата утроба. Затоа и празникот е Пречиста.
За многу години, утрешниот празник домаќини!
Култура
Денес започнува Божиќниот пост кој трае 40 дена и завршува на денот кога се слави Христовото раѓање, Лесни и богоугодни пости!
Денес започнува Божиќниот пост, кој трае 40 дена и завршува на 7 јануари денот кога се слави Христовото раѓање. Овој пост претставува еден од најзначајните и подолги пости во православието. Неговото значење не се ограничува само на воздржување од мрсна храна, туку опфаќа и напуштање на лошите мисли, постапки и навики, како и поттикнување на милосрдието, скромноста и искреното покајание.
Црквата истакнува дека постот е воспоставен како подготовка на верниците преку очистување и покајание пред Христовото раѓање, како и преку молитва и примање на светата причест.
Иако се смета за поблаг од Велигденскиот пост, Божиќниот пост содржи денови со построги правила пост на вода, денови кога е дозволено масло, како и одредени денови кога е дозволена риба.
Во прилог ТУКА Ви го претставуваме прекрасниот натпис на Билјана Андоновска, писател и поет.
-
Кичево2 денаПополнета рубрика 2025: „Зошто вредиТ да си од Кичево“ – некои натписи сигурно за прв пат ќе ги прочитате
-
Кичево19 часаПразничната магија во Кичево започнува, фотографии со Дедо Мраз, Дочек за Новата 2026 година, Хуманитарен Божиќен Базар
-
Хороскоп1 денХороскоп за среда (17 декември)
-
Култура24 часаНа врата ни доаѓа големиот празник Св.Никола, светоцот заштитник на децата, сиромашните и работниците, за многу години најчестата слава во македонските домови!
-
Македонија14 часаЖивот непредвидлив, вчера вечер до темел изгоре куќата на Јане во село Воѓани, општина Кривогаштани, да донираме и да помогнеме да се возобнови!
-
Хороскоп11 часаХороскоп за четврток (18 декември)
-
Здравје и убавина2 денаНеколку совети како да ги намалите масните наслаги на нозете кои со време биле наталожени
-
Магазин22 часаГолема промена кај паметните телефони: SIM-картичката станува минато




