Свет
Ден на трудот – 1 Мај, некој на скара, некој на работа..

Први мај е меѓународен празник кој се слави ширум светот. Во многу земји се поистоветува со денот на трудот кој произлезе од традициите на работничкото движење, иако славењето на први мај има длабоки корени во древните пагански празници посветени на природата. Празникот на трудот кој се празнува на првиот ден од мај и е посветен на борбата за зачувување и унапредување на работничките права, всушност е ден на кој се оддава почит кон жртвите на штрајкот што се одржал од 1 до 4 мај 1886 година во Чикаго.
Во Македонија Први мај е државен празник, како и во повеќе земји во светот. Се до 2006 година Први мај се празнуваше два дена, на 1 и 2 мај, а од 2007 година се празнува само еден ден. Вообичаено кај нас, овој ден се користи за излети во природа. Скоро секој град има свои традиционални излетнички места, а тоа се најчесто зелени прекрасни ливади покрај вода каде населението ја пали традиционалната скара и со песна и игра го поминува денот на трудот.
Слично како и кај нас така и во други европски држави овој ден се прославува во природа покрај логорски оган на кој се спрема скара или некое друго јадење. Во некои земји во Северна и Централна Европа, во природа се излегува ноќта спроти Први мај (Валпургина ноќ) и се прославува плодноста, при што се пие и пее долго во ноќта покрај запалените огнови.
За разлика од ваквото празнување, кое има корени во паганското чествување на природата, во некои држави работничките синдикати организираат масовни протести на кои се истакнуваат нови барања за подобрување на работничките права при што често пати има и судири со полицијата. Кај нас тоа е само симболично, што е одраз на традициите и културата на славање на овој празник како и на нивото на зрелоста на синдикалната организација.
Свет
NASA и Пентагон склучија партнерство за развој на напредна технологија и нуклеарен погон

Американската вселенска агенција (НАСА) вчера објави дека склучила партнерство со Пентагон за развој на ракета на нуклеарен погон дизајнирана да испрати луѓе на Марс.
Шефот на вселенската агенција, Бил Нелсон (Бил), истакна дека е формирано партнерство со американската воена истражувачка агенција Дарпа за „развој и тестирање на напредна технологија за термички нуклеарен погон во 2027 година“.
– „Со таа технологија, астронаутите ќе можат да патуваат во и надвор од вселената побрзо од кога било досега“, рече Нелсон, додавајќи дека е неопходно да се испратат мисии со екипаж на Марс.
Таквата ракета на нуклеарен погон би можела да биде три до четири пати поефикасна од ракетата со конвенционално гориво и би го намалила времето на патување до Марс.
Свет
Правилата важат за сите, Британскиот премиер заработи казна, не ставил појас додека се возел во автомобил

Сообраќајните прописи се сообраќајни прописи и тие треба да важат за сите, вклучително и за шефот на државата. Британскиот премиер Риши Сунак доби казна од полицијата во Ланкашир затоа што не го врзал појасот додека вози.
Како што пишува Ревија ХАК, Сунак бил фатен откако на Инстаграм објавил видео во кое им се обраќа на граѓаните од задното седиште во автомобил.
На неодамнешното видео објавено од Сунак, може да се види како се врти кон камерата додека зборува за владината политика. Сепак, јасно е дека тој не носел појас, поради што локалната полиција започна истрага.
Сунак се соочува со парична казна од 100 фунти, која може да се зголеми до 500 фунти доколку случајот оди на суд. Од кабинетот на премиерот соопштија дека тој ја прифаќа казната и ќе ја плати во најбрз можен рок.
/Revijahak
Свет
Во Бразил температури до 54°C, гужви на плажите (ВИДЕО)

Рио де Жанеиро ги бележи најтоплите летни денови, па плажите во бразилската метропола се полни со луѓе.
Особено е „живо“ на плажата Ипанема, која се наоѓа во јужниот дел на градот.
Во Рио три дена по ред се забележани рекордни температури, а највисоките достигнаа 54 степени Целзиусови.
Летното сметање на времето во Бразил трае од декември до март, а зимското од јуни до септември.
-
Хороскоп1 ден
Хороскоп за сабота (28 јануари)
-
Скопје10 часа
Кичевчанка во Скопје пријавила дека таксист недолично се однесувал и ја допирал по телото
-
Хороскоп4 часа
Хороскоп за недела (29 јануари)
-
Кичево2 дена
Најбараните производи сега на акција во АТВА Маркети
-
Временска прогноза10 часа
Попоски: Рана најава за снежни врнежи, дали февруари ќе биде снежен месец?
-
Временска прогноза1 ден
Засилен северен ветер, наутро ниски температури под нулата, ова е најновата метео анализа
-
Магазин2 дена
Netflix го завршува споделувањето на сметките до март 2023 година
-
Здравје и убавина15 часа
Истражување покажало дека трчањето го продолжува животот