Македонија
Денес 1,045 нови случаи на Ковид-19 во земјава

Во последните 24 часа направени се 4.695 тестови, а регистрирани се 1.045 нови случаи на КОВИД-19:
• Скопје – 557
• Куманово – 57
• Битола – 53
• Тетово – 47
• Велес – 41
• Охрид – 39
• Прилеп – 35
• Гостивар – 33
• Кавадарци и Струмица – по 32
• Кочани – 19
• Штип – 17
• Гевгелија – 14
• Неготино – 12
• Струга и Свети Николе – по 11
• Кичево – 8
• Ресен – 6
• Кратово – 4
• Делчево и Богданци – по 3
• Радовиш и Валандово – по 2
• Дебар, Виница, Пробиштип, Крушево, Демир Хисар, Македонски Брод и Демир Капија – по 1.
Од вкупниот број на позитивни (1.045), регистрирани се 132 реинфекции.
Од вкупниот број на починати лица (n=29), 6 лица се целосно вакцинирани, а кај 26 лица се регистрирани коморбидитети.
Во текот на изминатите 24 часа, регистрирани се 25 починати лица: 11 починати лица од Скопје (67г, 74г, 74г, 76г, 77г, 77г, 77г, 77г, 80г, 83г и 85г), 3 починати лица од Прилеп (71г, 78г и 86г), по 2 починати лица од Тетово (57г и 76г) и Штип (65г и 79г) и по едно починато лице од Кратово (81г), Крушево (82г), Неготино (85г), Охрид (86г), Ресен (64г), Куманово (76г) и Струга (69г). Од пријавените лица, сите се починати во болнички услови.
Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, пријавени се дополнително 4 починати лица, Скопје (2), Свети Николе (1) и Струмица (1). Починатите се на возраст од 64г до 82г. Од пријавените лица едно е починато во болнички услови и 3 лица се починати во домашни услови. Пријавените лица се починати во период од 23.01.2021 – 02.02.2022г.
Регистрирани сe 2.418 оздравени пациенти од:
• Скопје – 1.456
• Битола – 288
• Прилеп – 130
• Куманово – 84
• Ресен – 61
• Кавадарци и Кичево – по 54
• Велес – 35
• Штип – 24
• Тетово – 23
• Гевгелија – 22
• Неготино – 20
• Радовиш – 14
• Охрид и Струмица – по 13
• Гостивар, Кочани, Струга, Свети Николе и Крива Паланка – по 12
• Демир Хисар – 10
• Македонски Брод и Берово – по 9
• Крушево и Пехчево – по 6, Дебар – 5
• Виница и Дојран – по 4
• Делчево, Богданци и Пробиштип – по 3
• Кратово и Валандово – по 2
• Демир Капија – 1
Направени се 4.695 тестови преку:
ИЈЗ-433, ЦЈЗ Скопје-48, ЦЈЗ Битола-101, ЦЈЗ Прилеп-56, ЦЈЗ Тетово–2, ЦЈЗ Куманово-87, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-0, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија –0, ГОБ 8-ми Септември-0, Институт за микробиологија–150, Жан Митрев (Филип Втори)-99, Авицена-140, Биотек-171, Систина-61, лабораторија Лаор-194, Синлаб-11, Ремедика-11, Плодност-32, Генеа-12, Никоб Лаб-362, ВФВ Медикал-75, Ели Медика-16, Ројал Медика–22, Спектра-ММ-22, Рапид Лаб–27, Жан Митрев Струмица–9, Нова Лаб Дијагностика–3, Рамус-15
ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 2.536.
Досега во земјата се направени вкупно 1.818.882 тестирања на КОВИД-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 278.182, бројот на оздравени пациенти е 257.280, на починати е 8.578, а бројот на активни случаи изнесува 12.324
Македонија
Поскапува бензинот и дизелот, ова е новата цена од полноќ!

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1), се зголемуваат за 1,50 ден/лит, во однос на малопродажните цени утврдени со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 07.07.2025 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 75,50 ден/лит, малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 77,50 ден/лит.
Mалопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 71,50 ден/лит, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) изнесува 71,00 ден/лит.
Извор: РКЕ
Македонија
Приведен малолетник од Куманово, сакал да запали бакарни кабли

На 13.07.2025 во 12.50 часот полициски службеници од СВР Куманово лишиле од слобода малолетник од Куманово, затоа што во место викано „Бавчи“ во Куманово бил затекнат при обид да запали бакарни кабли.
Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава, истакна МВР.
Македонија
МВР викендов издаде 1711 платни налози дури 828 прекршоци се однесуваат на возачи кои не ги почитувале сообраќајните правила и прописите

Во деновите од изминатиот викенд (12./13. 07.2025) во рамки на редовните сообраќајни контроли што ги извршуваат полициските службеници од сите сектори за внатрешни работи на патиштата низ земјава, од вкупно 1711 издадени платни налози дури 828 прекршоци се однесуваат на возачи кои не ги почитувале сообраќајните правила и прописите по однос на брзината на движење. Истовремено детектирани се 148 возачи што учествувале во сообраќајот без возачка дозвола, 80 возачи управувале под дејство на алкохол и се исклучени од сообраќај, додека пак 70 возачи на мотоцикли се санкционирани заради неносење на заштитна кацига.
Покрај ова согласно одредбите од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата 184 прекршоци се изречени за недозволено, односно неправилно паркирање, додека пак прекршочно се санкционирани уште 71 лице што не користеле сигурносен појас, 44 заради користење мобилен телефон при возење, четворица возачи минале на црвено светло, а прекршочни казни добиле и 11 пешаци.
По основ пак на Законот за возила, викендов 37 возила биле отстранети заради тоа што биле нерегистрирани, а девет возила заради техничка неисправност.
Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови.
Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта, истакна МВР.
-
Кичево6 часа
Кај кичевско Другово возач од гостиварско „летал“ со брзина од 114 км/ч, а дозволено е 50!
-
Кичево2 дена
(ВИДЕО) Денес во Кичево се одржа #11 мото-парада во чест на именденот на кичевската православна црква „Св.Петар и Павле“ – Вечна традиција!
-
Хороскоп2 дена
Хороскоп за недела (13 јули)
-
Хороскоп19 часа
Хороскоп за понеделник (14 јули)
-
Хроника1 ден
МВР: Детали за грозоморното убиство во Прилеп на 13-то годишно дете, неговиот татко и самоубиството на сторителот
-
Кичево5 часа
Планинарското друштво „Ендорфин“ од Кичево во чест на Сашо Костадиноски го организира осми меморијален планинарски марш на планината „Голјак“
-
Македонија5 часа
Поскапува бензинот и дизелот, ова е новата цена од полноќ!
-
Македонија7 часа
МВР викендов издаде 1711 платни налози дури 828 прекршоци се однесуваат на возачи кои не ги почитувале сообраќајните правила и прописите