Македонија
Денес 1,725 нови случаи на Ковид, Кичево со 20 случаи во денешниот биланс..

Во последните 24 часа направени се 7.472 тестирања, а регистрирани се 1.725 нови случаи на КОВИД-19:
• Скопје – 1028
• Битола – 148
• Прилеп – 112
• Охрид – 61
• Куманово – 52
• Кавадарци – 43
• Гевгелија – 32
• Штип – 31
• Струмица – 24
• Тетово – 22
• Гостивар – 21
• Кичево – 20
• Велес – 16
• Кочани – 14
• Делчево – 13
• Крушево – 12
• Струга – 10
• Радовиш и Валандово – по 8
• Ресен – 7
• Неготино – 6
• Свети Николе, Крива Паланка, Берово, Пробиштип и Македонски Брод – по 4
• Кратово и Богданци – по 3
• Виница, Демир Хисар, Македонска Каменица и Пехчево – по 2
• Дебар, Демир Капија и Дојран – по 1
Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се 2 починати лица: по едно починато лице од Скопје (66г) и Неготино (76г). Пријавените лица се починати во болнички услови.
Регистрирани сe 332 оздравени пациенти од:
• Скопје – 185
• Битола – 27
• Прилеп – 26
• Кавадарци – 15
• Велес и Ресен – по 11
• Куманово – 9
• Македонски Брод – 7
• Охрид, Тетово и Кичево – по 5
• Богданци – 4
• Гевгелија, Штип, Струмица и Кочани – по 3
• Делчево, Струга и Пробиштип – по 2
• Гостивар, Радовиш, Валандово и Кратово – по 1
Досега во земјата се направени вкупно 1.633.936 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 230.265, бројот на оздравени пациенти е 214.054, на починати е 8.002, а бројот на активни случаи изнесува 8.209
Македонија
Кривична за жител од радовишко, се сомничи дека извршил обљуба кон 77-годишна старица

На 02.07.2025 во 17 часот полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Радовиш го лишиле од слобода А.С.(42) од село Злеово, радовишко, поради сомнение нападнал и извршил обљуба врз 77-годишна жена од радовишко.
Против А.С. е поднесена кривична пријава до Основното јавно обвинителство Струмица, а од страна на судија од Основен суд Струмица му е определена мерка куќен притвор, извести МВР.
Македонија
Времена измена на сообраќај со пренасочување на делница „Пресека-Песочан“ на автопат А2 Кичево-Охрид

На ден 03.07. 2025 ќе се започне со градежни активности на автопат А2 Кичево – Охрид каде ќе има времена измена на режимот на сообраќај, пренасочување – (девијација), на делницата Пресека – Песочан (од 0км – 11.5км).
Овој времен режим ќе трае се до завршување на градежните работи, известуваат од ЈП Македонија Пат.
Македонија
(ФОТО) СВР Охрид и „РЦ Запад“ подготвени за туристичката сезона и безбедноста на граѓаните и туристите

Денеска заменик министерот за внатрешни работи Астрит Исени оствари работна посета на СВР Охрид и Регионалниот центар за гранични работи Запад, кадешто оствари средба со раководствата на овие организациони единици.
Посетата е дел од низата посети што се реализираат во секторите за внатрешни работи низ земјата за да се информира за постигнатите резултати и секојдневните работни активности, но и за евентуалните проблеми во рамките на работниот процес.
На состанокот беше нагласено дека МВР и СВР Охрид ги преземаат сите потребни мерки за време на туристичката сезона, така што сите туристи да бидат безбедни и да уживаат во својот одмор, како во рамки на СВР Охрид, така и на територија на целата држава. Беше констатирано дека има зголемување на патниците на граничните премини во рамки на Регионалниот центар – Запад.
-
Временска прогноза2 дена
Сепак следува промена на времето во Македонија, ова се метео информациите според Попоски
-
Хороскоп1 ден
Хороскоп за сабота (5 јули)
-
Спорт2 дена
Во недела започнува традиционалниот турнир во мал фудбал во с.Староец кичевско
-
Скопје11 часа
Лишен од слобода „бајач“ од скопско, измамил брачен пар од Берово за 400.000 евра, сè претставувал истерувач на духови и магии
-
Автомобили2 дена
Генијален трик за заштеда на гориво: Сè зависи од едно копче во автомобилот
-
Lifestyle2 дена
Цезар салата: Диететска, заситувачка и вкусна – нема да бидете гладни со часови
-
Временска прогноза18 часа
Денес многу топло, додека утре краткотрајна дестабилизација и услови за дожд
-
Хороскоп2 часа
Хороскоп за недела (6 јули)