Македонија
Денес 227 нови случаи на Ковид, додека 15 починале. Билансот по градови и активни случаи е следен..
Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа:
Направени се 2.595 тестирањe, а регистрирани се 227 нови случаи на КОВИД-19:
Скопје – 128, Куманово – 15, Прилеп – 12, Штип – 11, Крива Паланка – 9, Кавадарци – 8, Битола и Свети Николе – по 6, Охрид, Струмица и Неготино – по 5, Велес и Пробиштип – по 4, Тетово – 3, Гевгелија – 2, Кочани, Радовиш, Делчево и Виница – по 1.
Регистрирани сe 111 оздравени пациент од: Куманово – 27, Гостивар – 15, Охрид – 12, Штип – 10, Прилеп – 7, Битола – 6, Скопје – 5, Кочани, Крива Паланка и Пробиштип – по 4, Кичево и Кратово – по 3, Велес, Радовиш и Берово – по 2, Тетово, Делчево, Виница, Демир Хисар и Пехчево – по 1.
Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се 15 починати лица: 6 починати лица од Скопје (75г,75г,70г,76г,64г и 64г), по едно починато лице од Прилеп (79г), Битола (88г), Велес (72г), Кавадарци (63г), Охрид (82), Штип (69г), Крива Паланка (41г), Пробиштип (86г), и Кратово (66). Од пријавени лица 14 се починати во болнички услови,а само едно лице е починато дома.
Дополнително, согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, пријавено е уште 1 починато лице, со датум на смрт од 23.10.2021 година. Починатотот лице е на возраст од 82 години, од Охрид, починато во домашни услови.
Направени се 2.595 тестови преку: ИЈЗ-57, ЦЈЗ Скопје-14, ЦЈЗ Битола-41, ЦЈЗ Прилеп-0,
ЦЈЗ Тетово–0, ЦЈЗ Куманово-30, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-1, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија –0, ГОБ 8-ми Септември-0, Институт за микробиологија–170, Жан Митрев (Филип Втори)-69, Авицена-133, Биотек-107, Систина-38, лабораторија Лаор-0, Синлаб-11, Ремедика-0, Плодност–47, Генеа-2, Никоб лаб-282, ВФВ Медикал-17, Ели Медика-25, Ројал Медика –17, Спектра-ММ-17, Рапид Лаб – 0, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 1.517.
Досега во земјата се направени вкупно 1.364.488 тестирања на Ковид-19.
Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 199.766, бројот на оздравени пациенти е 186.322, на починати е 7.051, а бројот на активни случаи изнесува 6.393.
Според епидемиолошки анализи во моментов, дистрибуцијата по градови е следна:
Дистрибуција по градови Заболени (вкупно), Активни случаи (вкупно)
Скопје 87383, Активни 3267
Куманово 12090, Активни 462
Тетово 10949, Активни 104
Прилеп 9375, Активни 258
Гостивар 7997, Активни 25
Битола 7341, Активни 208
Велес 6691, Активни 332
Кавадарци 6188, Активни 192
Охрид 6130, Активни 191
Штип 6065, Активни 212
Струмица 5886, Активни 141
Кичево 4074, Активни 73
Струга 3830, Активни 40
Кочани 3492, Активни 164
Гевгелија 2524, Активни 85
Неготино 2358, Активни 29
Свети Николе 1985, Активни 77
Радовиш 1582, Активни 48
Ресен 1574, Активни 40
Крива Паланка 1582, Активни 125
Дебар 1453, Активни 6
Берово 1227, Активни 15
Делчево 1142, Активни 22
Виница 1077, Активни 34
Пробиштип 994, Активни 64
Валандово 84, Активни4 17
Кратово 633, Активни 35
Богданци 579, Активни 24
Крушево 545, Активни 15
Македонски Брод 476, Активни 2
Демир Хисар 475, Активни 33
Демир Капија 410, Активни 1
Македонска Каменица 353, Активни 46
Пехчево 319, Активни 3
Дојран 143, Активни 3
Македонија
Поради обилен дожд, на подрачјето од Општина Ресен се поплавени над 50 куќи и магацински простории
Поради обилните врнежи, на подрачјето на Општина Ресен дошло до излевање на Болнска и Источка река во селата Царев Двор и Дрмени, при што се поплавени над 50 куќи, магацински простори, визби и земјоделско земјиште.
Поплави се евидентирани и кај с. Долна Бела Црква од излевањето на Голема Река, чиј моментален водостој изнесува 210 см.
Ангажирани се екипи на јавните претпријатија, „Македонија пат“, ЈКП „Пролетер“, како и приватни машини – вкупно 7 пумпи за испумпување вода и повеќе багери за расчистување и интервенции.
Во населбата Црквиште се користат сите расположливи пумпи за санација на поплавените објекти. ЈП „Македонија пат“ информира дека на повеќе делници има наноси од земја, кои се расчистуваат по приоритет.
Извор: ЦУК
Македонија
ЦУК: Истакна соопштение за состојбата на водостоите на реките, излевања, поплавени објекти и одрони по региони ширум Македонија
Поради обилните врнежи од дожд во последното деноноќие на повеќе локации во државата се регистрирани зголемување на водостоите на реките како и одредени излевања, поплавени објекти и одрони.
Битолски регион: Излевање на реката Шемница кај с. Лера со поплавена куќа и штали. Во општина Новаци е прекинат патот кон рудникот Брод–Гнеотино поради надојдена вода од Црна Река.
Преспански регион: Излевање на реки во с. Царев Двор и Дрмени со поплавени куќи; Постои опасност од излевање на Голема Река.
Струмички регион: Нема пријавени штети; регистрирани се одрони на патниот правец Струмица–Валандово.
Скопски регион: Зголемено нивото на речните корита, но засега без излевања на водотеците од нивните корита.
Велешки регион: Одрони и паднато дрво на два патни правци. Реката Вардар е на многу висок водостој со можност за излевање кај автобуската станица.
Штипски регион: Нема пријавени проблеми.
Охридски регион: Значително покачени водостоите на реките; излевања на повеќе места и ризик за поплавување на поединечни станбени објекти. Активирани се екипи за интервенција во Косел, Опеница и кај Скребатска Река.
Кумановски регион: Нема излевања во Куманово и Липково; се расчистуваат наноси кај с. Коинце.
Кратовски регион: Зголемени водостоји, но без штети. Исчистен е одрон на патниот правец Страцин–Пробиштип.
Тетовски регион: Нема пријавени штети; водостоите се зголемени, но без излевања.
Од УХМР информираат дека денес се очекува променливо облачно време со локални обилни врнежи, можни грмежи и силен јужен ветер над 60 km/h. Температури од 13 до 19 °C; во Скопскиот регион до 17 °C.
Најмногу врнежи се измерени во Претор (66 l/m²), Крушево (37), Битола (30) и Прилеп (26). Забележан е висок водостој на реката Сатеска во Охридскиот регион, со препорака за зголемено внимание.
Сите надлежни институции се навремено известени од страна на Центарот за управување со кризи за сите овие појави и веќе се преземаат соодветни мерки за санација и заштита на населението и инфраструктурата.
Апелираме до граѓаните да избегнуваат движење во близина на речни корита, мостови и поплавени површини, да ги следат упатствата на надлежните служби, а доколку забележат било каква опасност – веднаш да пријават на бесплатниот број за итни повици 112 во ЦУК.
Извор: ЦУК
Македонија
АМСМ: Една коловозна лента во правец Охрид-Св.Наум има вода, сообраќајот се пренасочува по лева коловозна лента
Во 03.30ч непрооден патен правец Охрид-Св.Наум дел од стовариште „Митко“, десна коловозна лента во правец на Охрид околу 100м, има вода од околу 30см. УПС пренасочува сообраќај по лева коловозна лента.
На м.н. ТППЕ. Известени ЈП Македонија Пат, рано утрово известија од АМСМ.
-
Хороскоп1 денХороскоп за сабота (22 ноември)
-
Спорт2 денаУтре во Кичево, „ФК Напредок“ го дочекува „ФК Џепчиште“ во третата македонска фудбалска лига запад во претпоследното коло од есенскиот дел
-
Македонија2 денаАМСМ: Една коловозна лента во правец Охрид-Св.Наум има вода, сообраќајот се пренасочува по лева коловозна лента
-
Хороскоп9 часаХороскоп за недела (23 ноември)
-
Македонија2 денаЦУК: Истакна соопштение за состојбата на водостоите на реките, излевања, поплавени објекти и одрони по региони ширум Македонија
-
Македонија2 денаПоради обилен дожд, на подрачјето од Општина Ресен се поплавени над 50 куќи и магацински простории
-
Магазин2 денаRoblox ќе ги спречи децата да разговараат со непознати возрасни
-
Магазин2 денаЗа прв пат Android телефони поддржуваат AirDrop: овие четири модели можат директно да споделуваат фотографии со iPhone
