Македонија
Денес 27 новозаболени, додека 19 починале, оздравени се 192 пациенти
Во последните 24 часа се направени 1.314 тестирања, а регистрирани се 27 нови случаи на КОВИД-19 во:
-Скопје 19
-Прилеп, Штип и Виница по 2
-Струга и Кочани по 1
Пријавени се вкупно 19 починати лица: 7 од Скопје (58г, 61г, 67г, 74г, 76г, 76г и 78г), 3 лица од Тетово (46г, 72г, 74г), по 2 лица од Прилеп (61г и 67г) и Ресен (66г и 73г), по едно лице од Велес (63г), Гостивар (78г), Охрид (85г), Виница (68г) и Гевгелија (76г).
Регистрирани се 192 оздравени пациенти од:
-Скопје 83
-Куманово 17
-Битола 11
-Струмица 9
-Велес 7
-Штип, Струга, Кочани и Крива Паланка по 6
-Прилеп 5
-Гостивар, Кавадарци и Охрид по 4
-Тетово, Неготино и Крушево по 3
-Свети Николе и Виница по 2
-Кичево, Гевгелија, Ресен, Радовиш, Делчево, Пробиштип, Валандово, Богданци, Демир Хисар, Демир Капија и Македонска Каменица по 1
Досега во земјата се направени вкупно 757.794 тестирања на Ковид-19.
Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 154.725, бројката на оздравени пациенти е 146.043, на починати е 5.230, а бројот на активни случаи изнесува 3.452.
Македонија
„ЛУКОИЛ Македонија“ продолжува да функционира во нормални рамки
Претседателот на Регулаторната комисија за енергетика, Марко Бислимоски, денеска изјави дека е позитивно тоа што бензинските станици на „Лукоил“ можат непречено да работат во сите држави каде што се присутни. Тој потенцира дека изминатиот месец, и покрај воведените санкции, не се појавиле никакви потешкотии во работењето на „Лукоил Македонија“.
– „Снабдувањето со нафтени деривати се одвива стабилно и без застои. Причината за тоа е што Македонија, за разлика од голем дел од другите земји, не поседува рафинерија во сопственост ниту на Лукоил, ниту на Руската Федерација. Новите мерки донесени од САД дополнително ќе имаат позитивно влијание врз состојбата“, истакна Бислимоски одговарајќи на новинарско прашање на прес-конференцијата.
Вчера во официјалното соопштение од „OFAC“ беше прецизирано дека роковите се пролонгирани до 29 април 2026 година.
Македонија
Сообраќај по наместа влажни коловози, намалена видливост поради магла има на превоите „Стража, Ѓавато, Плетвар и Крушево “
АМСМ и Македонија Пат известуваат дека сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Намалена видливост поради магла до 50 м. има на планинските превои Ѓавато, Плетвар, Стража и Крушево.
Македонија
Тргнати блокадите на граничен премин „Евзони“ за влез и излез кон Грција
АМСМ предмалку соопшти дека од 21:00 ч. блокадите на ГП Евзони, за влез и излез кон Р.Грција се отстранети. Сообраќајот за сите видови возила е нормализиран.
-
Кичево14 часа„ЕВН КЕЦ Кичево“ во вторник ќе работи на терен, дел од „Ужичка“, „Мечкин Камен“ и дел од месноста „Под Крушино“ времено ќе бидат без електрична енергија
-
Хороскоп1 денХороскоп за недела (7 декември)
-
Хороскоп11 часаХороскоп за понеделник (8 декември)
-
Временска прогноза2 денаСе менува ли климата? Најава за невообичаено топло време од следната седмица во месец декември – ова се информациите
-
Здравје и убавина2 денаКако полесно да ја издржите диетата за слабеење
-
Здравје и убавина15 часаДајте им одмор на цревата во организмот со ова овошје
