Македонија
Денес 365 нови случаи на Ковид-19, починале 23 лица
Во последните 24 часа се направени 4.015 тестирања, а регистрирани се 365 нови случаи
на КОВИД-19:
• Скопје – 183
• Охрид – 24
• Штип – 20
• Струмица – 19
• Куманово – 15
• Прилеп – 14
• Тетово и Велес – по 13
• Битола и Кавадарци – по 11
• Свети Николе– 7
• Кочани, Гевгелија и Ресен – по 5
• Кичево – 4
• Крива Паланка – 3
• Гостивар, Струга, Радовиш и Пробиштип – по 2
• Неготино, Делчево, Виница, Кратово и Македонски Брод – по 1
Пријавени се 23 починати лица: 8 починати лица од Скопје (89г, 88г, 78г, 77г, 77г, 66г, 60г, и 60г), 3 починати лица од Велес (62г, 59г и 59г), по 2 починати лица од Куманово (75г, и 63г), и Кавадарци (72г, и 65г), по едно починато лице од Тетово (67г), Прилеп (75г), Битола (95г), Струмица (87г), Штип (45г), Струга (62г), Свети Николе (66г) и Радовиш (63г). Од пријавените 23 лица, 20 се починати во болнички услови, а 3 лица се починати во домашни услови.
Регистрирани сe 551 оздравен пациент од:
• Скопје – 212
• Тетово – 53
• Куманово и Гостивар – по 46
• Кичево – 38
• Струга – 25
• Охрид – 19
• Битола – 13
• Прилеп и Кавадарци – по 12
• Струмица, Штип и Свети Николе – по 9
• Кочани – 8
• Велес, Ресен и Дебар – по 5
• Крива Паланка, Виница, Пробиштип, Валандово и Кратово – по 3
• Неготино, Берово, Македонски Брод и Пехчево – по 2
• Гевгелија и Богданци – по 1
Досега во земјата се направени вкупно 1.252.094 тестирање на Ковид-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 186.914 бројката на оздравени пациенти е 167.402, на починати е 6.460, а бројот на активни случаи изнесува 13.052
Македонија
Сообраќај по наместа влажни коловози, намалена видливост поради магла има на превоите „Стража, Ѓавато, Плетвар и Крушево “
АМСМ и Македонија Пат известуваат дека сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Намалена видливост поради магла до 50 м. има на планинските превои Ѓавато, Плетвар, Стража и Крушево.
Македонија
Тргнати блокадите на граничен премин „Евзони“ за влез и излез кон Грција
АМСМ предмалку соопшти дека од 21:00 ч. блокадите на ГП Евзони, за влез и излез кон Р.Грција се отстранети. Сообраќајот за сите видови возила е нормализиран.
Македонија
РЦ „Запад“ и СВР Охрид на охридскиот аеродром учествуваа на симулирана показна вежба „Воздухоплов со запален мотор на полетување“
Денеска, полициски службеници од СВР Охрид и граничната полиција Регионален центар „Запад“, учествуваа на симулирана показна вежба „ Воздухоплов со запален мотор на полетување“ што се одржа на охридскиот аеродром „ Св.Апостол Павле“.
Притоа, полициските службеници, ги увежбуваа и ги спроведоа предвидените мерки согласно безбедносните протоколи и постапија по план за преземање активности за реакција и поддршка во услови на појава на безбедносни инциденти на воздухоплов.
Целта на оваа вежба беше подигнување на степенот на оперативност на предвидените тактичко технички мерки на сите служби во насока на брза и ефикасна реакција при случаи на појава на безбедносен инцидент со воздухоплов, ажурирање на координативните мерки , меѓусебната комуникација и информирање за инциденти и сл.
– Во вежбата учество зедоа ТАВ „Аеродром“- Охрид, АКЛ, противпожарни екипи од „ТАВ“ и ТППЕ „Охрид“ и ТППЕ „Струга“, медицински екипи од „ТАВ“ и амбуланта „Охрид“ и „Струга“, „Црвен Крст“. Вежбата успешно заврши со покажана висока ефективност во реализацијата на предвидените безбедносни мерки, за Порта.мк соопшти портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.
-
Хороскоп2 денаХороскоп за четврток (4 декември)
-
Магазин5 часаИвана од Кичево оваа година по петти пат изработува новогодишни честитки за да помогне на лица и здруженија каде е најпотребно
-
Хороскоп15 часаХороскоп за петок (5 декември)
-
Спорт2 денаБлагоја Милевски се заблагодари на сите досегашни претседатели на ФФМ, сите наши фудбалери, стручен штаб, медицински лица и логистика
-
Здравје и убавина1 денСамо со неколку нови навики, стартот на денот ќе ви биде полн со енергија
-
Lifestyle3 часа(ВИДЕО) Анатоли фитнес момчето кое стана вистинска сензација на „ТикТок“ конечно препознат од неговата публика
-
Македонија17 часаСообраќај по наместа влажни коловози, намалена видливост поради магла има на превоите „Стража, Ѓавато, Плетвар и Крушево “
-
Свет17 часаПоради злоупотреба, Русија ги блокира „Snapchat“ и „FaceTime“
