Македонија
Денес 411 заболени од Ковид-19, починале 4 пациенти
Во последните 24 часа направени се 3.209 тестирањe, а регистрирани се 411 нови случаи на КОВИД-19:
• Скопје – 198
• Куманово – 40
• Штип – 19
• Велес – 18
• Кавадарци и Кочани – по 16
• Прилеп – 15
• Битола – 13
• Крива Паланка – 10
• Тетово и Радовиш – по 7
• Струга – 6
• Струмица и Пробиштип – по 5
• Гевгелија, Неготино и Ресен – по 4
• Охрид, Кичево, Свети Николе, Богданци, Крушево и Македонска Каменица – по 3
• Валандово и Демир Хисар – по 2
• Делчево и Виница – по 1
Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се 4 починати лица: 2 починати лица од Скопје (82г, и 65г), и по едно починато лице од Куманово (74г) и Пробиштип (39г). Сите пријавени лица се починати во болнички услови.
Дополнително, согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, пријавени се уште 3 починати лица, со датум на смрт од 31.08.2021 до 16.10.2021 година. Регистрирани се 2 починати лица од Скопје и едно лице од Кичево, на возраст од 80 до 93 години. Од пријавени лица, две се починати во домашни услови и едно лице е во болнички услови.
Регистрирани сe 271 оздравен пациент од:
• Скопје – 120
• Куманово – 22
• Велес – 15
• Крива Паланка- 14
• Битола – 12
• Штип и Тетово – по 11
• Кичево – 10
• Кочани и Прилеп – по 8
• Кавадарци и Кратово – по 7
• Струмица – 6
• Гевгелија – 5
• Неготино и Свети Николе – по 3
• Радовиш, Пробиштип, Ресен, Охрид, Македонска Каменица, Валандово, Демир Хисар, Виница и Македонски Брод – по 1
Направени се 3.209 тестови преку: ИЈЗ-254, ЦЈЗ Скопје-84, ЦЈЗ Битола-69, ЦЈЗ Прилеп-64,
ЦЈЗ Тетово–54, ЦЈЗ Куманово-46, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-3, Судска медицина-0, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија –0, ГОБ 8-ми Септември-0, Институт за микробиологија–163, Жан Митрев (Филип Втори)-56, Авицена-115, Биотек-136, Систина-67, лабораторија Лаор-162, Синлаб-19, Ремедика-13, Плодност–22, Генеа-35, Никоб лаб-386, ВФВ Медикал-32, Ели Медика-54, Ројал Медика –8, Спектра-ММ-1, Рапид Лаб – 0, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 1.366.
Досега во земјата се направени вкупно 1.357.742 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 199.057, бројот на оздравени пациенти е 185.931, на починати е 7.019, а бројот на активни случаи изнесува 6.107
Кичево (Квалитет на воздух, ♻️ секој 2ч)
Македонија
Бензините од вечерва со намалена цена за литар, дизелот останува непроменет
Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се намалуваат за 2,00 ден/лит, во однос на малопродажните цени утврдени со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 15.12.2025 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 71,00 ден/лит, додека малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 73,00 ден/лит.
Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V), на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) и на Мазутот М-1 НС, не се менуваат, односно остануваат на исто ниво како што биле утврдени со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 15.12.2025 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 66,50 ден/лит, малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) изнесува 65,50 ден/лит, додека малопродажната цена на Мазутот М-1 НС изнесува 32,635 ден/кг.
Кичево (Квалитет на воздух, ♻️ секој 2ч)
Македонија
„Од народ, за народ“: До сите градови, во тек е шестата најмасовна хуманитарна акција – „Пакетчиња за сите дечиња“, радувај се на новогодишната магија!
Во тек е најмасовната хуманитарна акција „Пакетчиња за Сите Дечиња“ која започна во Охрид, но за брзо се прошири во цела Македонија. Ова е шеста година по ред каде што оваа организација ќе ги израдува најмалите и најмилите, а идејата зад целата акција е да се посетат оние на кои позитивната енергија им е најпотребна, а таа енергија не радува буквално сите и стари и млади.
До сега оваа акција има подарено над 15,000 подароци во изминативе години, а се приклучиле над 2000 индивидиални донатори, фирми и медиуми, како и над 1000 активисти- волонтери кои со свој придонес донесоа радост кај најмалите низ целата држава.
Настаните на ова движење можете да го погледнете на агендата на ПЗСД за 2026та, каде што можете со ваша донација на пакетче да се придружи секој. За донации од странство контактирајте ги на фејбук страницата „Пакетчиња За Сите Дечиња“ – ТУКА
Очекуваме многу позитива, шириње на новогодишната магија и нормално илјадници пакетчиња како и секоја година.
Инаку, порта.мк е дел од оваа структура и партнер на оваа организација од самиот почеток, така што продолжуваме и понатаму
Ова е комплетната агенда:

„Пакетчиња за Сите Дечиња“ 6, Од Народ За Народ.
Кичево (Квалитет на воздух, ♻️ секој 2ч)
Македонија
Намалена видливост поради магла на патен правец Неготино – Демир Капија
АМСМ известува дека намалена видливост поради магла до 100 метри има на патниот правец Неготино – Демир Капија, прилагодете ја брзината според поставената патна сигнализација и условите на патот, со цел безбедно патување.
Имајте пријатен ден.
Кичево (Квалитет на воздух, ♻️ секој 2ч)
-
Кичево14 часаСреќна потрага во Кичево, пронајден 12-годишникот кој родителите го пријавија за исчезнат
-
Кичево2 денаПразничната магија во Кичево започнува, фотографии со Дедо Мраз, Дочек за Новата 2026 година, Хуманитарен Божиќен Базар
-
Временска прогноза13 часаНи претстои промена на синоптичката состојба со времето, не се исклучува можноста да имаме снег за новогодишните празници!
-
Култура2 денаНа врата ни доаѓа големиот празник Св.Никола, светоцот заштитник на децата, сиромашните и работниците, за многу години најчестата слава во македонските домови!
-
Македонија1 денЖивот непредвидлив, вчера вечер до темел изгоре куќата на Јане во село Воѓани, општина Кривогаштани, да донираме и да помогнеме да се возобнови!
-
Хороскоп1 денХороскоп за четврток (18 декември)
-
Македонија16 часа„Од народ, за народ“: До сите градови, во тек е шестата најмасовна хуманитарна акција – „Пакетчиња за сите дечиња“, радувај се на новогодишната магија!
-
Кичево8 часа(ФОТО) Вкусете ја свежината и направете го секојдневието повкусно со пиљара „Бамби“ – вистинскиот избор за секој дом!
