Македонија
Денес 412 нови случаи на Ковид-19, починале 12 лица
Во последните 24 часа направени се 3.567 тестирања, а регистрирани се 412 нови случаи на КОВИД-19:
• Скопје – 207
• Куманово – 34
• Велес -26
• Битола – 18
• Кочани – 16
• Кичево – 15
• Прилеп -14
• Тетово, Гостивар и Кавадарци – по 10
• Радовиш – 6
• Штип и Свети Николе – по 5
• Струмица, Крива Паланка, Кратово и Македонска Каменица – по 4
• Струга, Гевгелија, Неготино и Виница – по 3
• Валандово – 2
• Охрид, Ресен, Пробиштип, Богданци, Крушево и Македонски Брод – по 1
Во текот на изминатите 24 часа починале 12 лица: 6 од Скопје (73г, 72г, 67г, 61г, 49, 46г), 2 починати лица од Кочани (66г, 63г), по едно починато лице од Прилеп (80г), Охрид (77г), Куманово (77г) и Велес (48г). Од пријавените лица сите се починати во болнички услови.
Дополнително, согласно Регистерот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, пријавени се уште 8 починати лица, со датум на смрт од 01.09.2021 до 08.10.2021 година. Регистрирани се 4 починати лица од Скопје и по едно починато лице од Тетово, Прилеп, Куманово и Кочани на возраст од 36 до 93 години. Од пријавените лица 6 се починати во болнички услови, а 2 во домашни услови.
Регистрирани сe 459 оздравени пациенти од:
• Скопје – 266
• Куманово – 36
• Велес – 25
• Прилеп и Охрид – по 18
• Битола – 14
• Штип – 11
• Кавадарци и Радовиш – по 10
• Кочани – 9
• Крива Паланка – 6
• Тетово, Свети Николе и Виница – по 5
• Гевгелија – 4
• Пробиштип и Кратово – по 3
• Гостивар, Кичево и Струга – по 2
• Неготино, Ресен, Берово, Богданци и Демир Капија – по 1
Досега во земјата се направени вкупно 1.330.304 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 195.542 бројката на оздравени пациенти е 182.078, на починати е 6.875, а бројот на активни случаи изнесува 6.589
Македонија
„ЛУКОИЛ Македонија“ продолжува да функционира во нормални рамки
Претседателот на Регулаторната комисија за енергетика, Марко Бислимоски, денеска изјави дека е позитивно тоа што бензинските станици на „Лукоил“ можат непречено да работат во сите држави каде што се присутни. Тој потенцира дека изминатиот месец, и покрај воведените санкции, не се појавиле никакви потешкотии во работењето на „Лукоил Македонија“.
– „Снабдувањето со нафтени деривати се одвива стабилно и без застои. Причината за тоа е што Македонија, за разлика од голем дел од другите земји, не поседува рафинерија во сопственост ниту на Лукоил, ниту на Руската Федерација. Новите мерки донесени од САД дополнително ќе имаат позитивно влијание врз состојбата“, истакна Бислимоски одговарајќи на новинарско прашање на прес-конференцијата.
Вчера во официјалното соопштение од „OFAC“ беше прецизирано дека роковите се пролонгирани до 29 април 2026 година.
Македонија
Сообраќај по наместа влажни коловози, намалена видливост поради магла има на превоите „Стража, Ѓавато, Плетвар и Крушево “
АМСМ и Македонија Пат известуваат дека сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Намалена видливост поради магла до 50 м. има на планинските превои Ѓавато, Плетвар, Стража и Крушево.
Македонија
Тргнати блокадите на граничен премин „Евзони“ за влез и излез кон Грција
АМСМ предмалку соопшти дека од 21:00 ч. блокадите на ГП Евзони, за влез и излез кон Р.Грција се отстранети. Сообраќајот за сите видови возила е нормализиран.
-
Кичево13 часа„ЕВН КЕЦ Кичево“ во вторник ќе работи на терен, дел од „Ужичка“, „Мечкин Камен“ и дел од месноста „Под Крушино“ времено ќе бидат без електрична енергија
-
Хороскоп1 денХороскоп за недела (7 декември)
-
Временска прогноза2 денаСе менува ли климата? Најава за невообичаено топло време од следната седмица во месец декември – ова се информациите
-
Хороскоп9 часаХороскоп за понеделник (8 декември)
-
Здравје и убавина1 денКако полесно да ја издржите диетата за слабеење
-
Здравје и убавина14 часаДајте им одмор на цревата во организмот со ова овошје
