Без категорија
Денес 447 новозаболени, починале 30 пациенти – 2 од нив се од Кичево
Во последните 24 часа се направени 3.034 тестирања, а регистрирани се 447 нови случаи на Ковид 19 во:
-Скопје 191
-Куманово 36
-Прилеп 26
-Струмица 21
-Битола 19
-Велес 18
-Тетово 17
-Гостивар 16
-Кочани 15
-Неготино 11
-Охрид 10
-Кичево и Радовиш по 7
-Кавадарци 6
-Штип, Берово и Виница по 5
-Гевгелија, Свети Николе и Валандово по 4
-Богданци и Крушево по 3
-Струга, Крива Паланка и Демир Хисар по 2
-Ресен, Делчево, Дебар, Пробиштип, Демир Капија, Македонски Брод, Пехчево и Македонска Каменица по 1
Пријавени се вкупно 30 починати лица: 8 од Скопје (57г, 57г , 60г, 64г, 64г, 67г, 86г и 92г), 6 лица од Струмица (66г, 68г, 72г, 72г, 73г и 77г), по 2 лица од Кичево (56г и 66г), Кочани (69г и 84г), Неготино (75г и 83г) и Прилеп (60г и 73г) и по едно починато лице од Берово (70г), Битола (70г), Гевгелија (76г), Гостивар (73г), Делчево (83г), Кавадарци (78г), Охрид (84г) и Пробиштип (68г).
Регистрирани се 620 оздравени пациенти од:
-Скопје 272
-Куманово 56
-Прилеп 55
-Битола 34
-Велес 25
-Тетово и Охрид по 23
-Струмица 20
-Штип 18
-Гевгелија 15
-Кичево 11
-Струга и Кочани по 10
-Радовиш 7
-Гостивар и Свети Николе по 6
-Ресен и Дебар по 5
-Богданци 4
-Крива Паланка и Виница по 3
-Кавадарци и Македонски Брод по 2
-Неготино, Берово, Валандово, Демир Хисар и Дојран по 1
Досега во земјата се направени вкупно 716.173 тестирања на Ковид-19.
Вкупната бројка на Ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 151.569, бројката на оздравени пациенти е 131.530, на починати е 4.772, а бројот на активни случаи изнесува 15.267.
Без категорија
Нова луда закана од YouTube: „Ако блокирате реклами, плеерот ќе биде оневозможен“ (ФОТО)
Новата закана на YouTube е дел од продолжувањето на неговата агресивна кампања против блокаторите на реклами и предупредува некои корисници дека плеерот престанува да работи по три блокирани видеа.
Популарната платформа повторно експериментира со кампања против блокирање реклами за да ги принуди корисниците да се префрлат на платената услуга „YouTube Premium“. Некои корисници пријавиле дека додека го користеле, добиле закана од YouTube во скокачки прозорец со предупредување дека плеерот ќе биде блокиран по три видеа ако продолжат да користат блокатори на реклами.
YouTube will now block users from watching videos after they watch 3 videos with their ad blocker enabled. pic.twitter.com/beXsoecju2
— Information Worldwide (@InfoEarthwide) July 1, 2023
Исто како и во претходното тестирање за забрана за блокирање реклами, скокачкиот прозорец понуди „објаснување“ што требаше да го оправда потегот. Имено, платформата посочува дека рекламите ја прават услугата достапна за милијарди корисници ширум светот, а со платената верзија, рекламите исчезнуваат додека креаторите на содржини продолжуваат да заработуваат.
Претходните скокачки прозорци само ги предупредуваа корисниците дека екстензии на веб-прелистувачи за блокирање реклами не се дозволени на платформата и дека се против условите за користење. Меѓутоа, бидејќи не многу луѓе го пријавиле проблемот, се чинеше дека експериментот можеби нема да започне.
Без категорија
Колку чини производството на iPhone 14 Pro Max?
Сите знаеме колку iPhone 14 се продава за различни варијанти на телефони на Apple, но сигурно често сте се прашувале колкава е нивната цена на производство. Кога станува збор за моделот iPhone 14 Pro Max, Counterpoint Research ни го дава одговорот на тоа прашање. Според податоците собрани од нивна страна, вкупната цена на компонентите што го сочинуваат телефонот, во верзијата со 128 GB простор за податоци чини 464 долари.
Според Counterpoint Research, споменатата цена на чинење на делови за iPhone 14 Pro Max е за 3,4 проценти повисока од деловите инсталирани во iPhone 13 Pro Max. Разликата во цената е затоа што новата верзија користи понапредна (поскапа) главна камера со резолуција од 48 MP, како и нов дисплеј. Од друга страна, некои други компоненти поевтинија, со најголем пад, поради масовното производство, на компонентите поврзани со 5G технологијата (13 проценти). Инаку, чипот A16 Bionic е за 11 долари поскап од чипот A15 Bionic, а неговата цена сочинува околу 20 отсто од вкупната цена на сите компоненти во телефонот iPhone 14 Pro Max.
Секако, за да се добие конечната цена на производството, потребно е да се додадат трошоците за работа на склопување на телефонот, трошоците за пакување и дистрибуција до продавниците. Дополнително, во цената на чинење треба да бидат вклучени и активностите за истражување, развој, продажба и маркетинг на Apple. И покрај малку повисоката цена на компонентите, iPhone 14 Pro Max чини исто како и iPhone 13 Max (кога беше пуштен во продажба). А еден од најголемите „скокови“ на трошоците за производство се случи помеѓу производството на сериите телефони iPhone 11 и iPhone 12. Тогаш цените на компонентите пораснаа за цели 26 отсто, пред се поради инсталирањето на тогаш новите (и прескапи) 5G модеми.
Извор: 9to5mac
Без категорија
Кичевскиот оператор „Cable Call“ распишува оглас за работа, аплицирај и стани дел од успешен тим!
Кабелскиот TV оператор, телефонија и интернет „Cable Call“ кој поседува иновативно портфолио на услуги за приватни и деловни корисници поради проширување на својата работна дејност за претстојниот период има потреба од теренски работници (монтер) за кичевскиот регион.
„Cable Call“ нуди одлучни услови за тимска работа, навремена плата, осигурување на работникот од моментот на започнување со работната дејност.
Сите заинтересирани може да испратат „CV“ преку електронска форма на [email protected], да контактираат на тел. бр 078/410-393 или да ја посетат канцеларијата на „Cable Call“ на адреса ул. Бул. Ослободување бр. 60 – Лок./4 Кичево.
-
Култура23 часа
(ФОТО) Денес во Струга се одржа традиционална величествена Литија, кичевчани ја носеа Крнинската икона на Мајка Богородица
-
Хороскоп2 дена
Хороскоп за вторник (7 мај)
-
Хороскоп23 часа
Хороскоп за среда (8 мај)
-
Автомобили1 ден
Дали знаевте колку произведени Mercedes се уште се на пат денес?
-
Гејминг3 часа
Една од најпознатите Counter-Strike мапи се чини дека се враќа, на голема среќа за играчите
-
Занимливости11 часа
Рекорден профит на Нинтендо, но за сѐ е одговорен најпознатиот водоинсталатер во светот
-
Магазин1 ден
iPhone 17 Slim ќе го замени моделот Plus во генерацијата на телефони на Apple следната година
-
Магазин1 ден
Apple и Samsung ги држат првите 10 позиции на листата на најпродавани мобилни телефони