Македонија
Денес 577 нови случаи на Ковид-19, 30 пациенти починале како последица на вирусот

Во последните 24 часа се направени 5.362 тестирања, а регистрирани се 577 нови случаи на КОВИД-19:
• Скопје – 265
• Куманово – 54
• Тетово – 26
• Прилеп – 21
• Струмица – 20
• Кичево – 17
• Гостивар и Велес – по 16
• Кочани – 15
• Штип – 14
• Битола – 13
• Берово- 12
• Кавадарци – 11
• Свети Николе – 9
• Охрид – 8
• Струга, Ресен и Пробиштип – по 7
• Радовиш и Валандово – по 6
• Делчево, Виница и Кратово – по 5
• Пехчево – 3
• Дебар и Демир Капија – по 2
• Гевгелија, Неготино, Крива Паланка, Македонски Брод и Македонска Каменица – по 1
Пријавени се 30 починати лица: 7 починати лица од Скопје (53г, 65г, 72г, 78г, 82г, 83г, и 85г), по 5 починати лица од Гостивар (23г, 37г, 66г, 70г и 71г) и Струмица (55г, 67г, 72г, 76г и 79г), по 3 починати лица од Тетово (60г, 71г и 90г) и Куманово (34г, 53г и 57г) и по едно починато лице од Битола (80г), Радовиш (64г), Велес (55г), Охрид (71г), Струга (41г), Крива Паланка (85г) и Берово (88г). Од пријавените 27 се починати во болнички услови и 3 се починати во домашни услови.
Регистрирани сe 1010 оздравени пациенти од:
• Скопје – 443
• Тетово – 112
• Куманово и Гостивар – по 75
• Струмица – 46
• Кичево – 42
• Кавадарци – 25
• Прилеп и Битола – по 21
• Штип – 20
• Радовиш – 19
• Свети Николе – 18
• Ресен – 15
• Дебар – 13
• Велес и Кочани – по 12
• Кратово – 8
• Гевгелија, Неготино и Македонски Брод – по 5
• Охрид, Виница и Богданци – по 4
• Валандово и Крушево – по 2
• Струга и Крива Паланка – по 1
Досега во земјата се направени вкупно 1.211.959 тестирање на Ковид-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 182.450, бројката на оздравени пациенти е 163.070, на починати е 6.214, а бројот на активни случаи изнесува 13.166
Македонија
Кривична за жител од радовишко, се сомничи дека извршил обљуба кон 77-годишна старица

На 02.07.2025 во 17 часот полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Радовиш го лишиле од слобода А.С.(42) од село Злеово, радовишко, поради сомнение нападнал и извршил обљуба врз 77-годишна жена од радовишко.
Против А.С. е поднесена кривична пријава до Основното јавно обвинителство Струмица, а од страна на судија од Основен суд Струмица му е определена мерка куќен притвор, извести МВР.
Македонија
Времена измена на сообраќај со пренасочување на делница „Пресека-Песочан“ на автопат А2 Кичево-Охрид

На ден 03.07. 2025 ќе се започне со градежни активности на автопат А2 Кичево – Охрид каде ќе има времена измена на режимот на сообраќај, пренасочување – (девијација), на делницата Пресека – Песочан (од 0км – 11.5км).
Овој времен режим ќе трае се до завршување на градежните работи, известуваат од ЈП Македонија Пат.
Македонија
(ФОТО) СВР Охрид и „РЦ Запад“ подготвени за туристичката сезона и безбедноста на граѓаните и туристите

Денеска заменик министерот за внатрешни работи Астрит Исени оствари работна посета на СВР Охрид и Регионалниот центар за гранични работи Запад, кадешто оствари средба со раководствата на овие организациони единици.
Посетата е дел од низата посети што се реализираат во секторите за внатрешни работи низ земјата за да се информира за постигнатите резултати и секојдневните работни активности, но и за евентуалните проблеми во рамките на работниот процес.
На состанокот беше нагласено дека МВР и СВР Охрид ги преземаат сите потребни мерки за време на туристичката сезона, така што сите туристи да бидат безбедни и да уживаат во својот одмор, како во рамки на СВР Охрид, така и на територија на целата држава. Беше констатирано дека има зголемување на патниците на граничните премини во рамки на Регионалниот центар – Запад.
-
Временска прогноза2 дена
Сепак следува промена на времето во Македонија, ова се метео информациите според Попоски
-
Хороскоп1 ден
Хороскоп за сабота (5 јули)
-
Спорт2 дена
Во недела започнува традиционалниот турнир во мал фудбал во с.Староец кичевско
-
Скопје11 часа
Лишен од слобода „бајач“ од скопско, измамил брачен пар од Берово за 400.000 евра, сè претставувал истерувач на духови и магии
-
Автомобили2 дена
Генијален трик за заштеда на гориво: Сè зависи од едно копче во автомобилот
-
Lifestyle2 дена
Цезар салата: Диететска, заситувачка и вкусна – нема да бидете гладни со часови
-
Хороскоп3 часа
Хороскоп за недела (6 јули)
-
Временска прогноза18 часа
Денес многу топло, додека утре краткотрајна дестабилизација и услови за дожд