Следете не

Спорт

Денес беше реализиран спортски настан „Блокирај ја омразата. Сподели љубов“ кампања за подигање на свеста кај младите во соработка со ФФМ

Објавено пред

на

Денес, на тренинг центарот „Петар Милошевски“, беше одржан спортски настан за подигање на свеста кај младите, семејствата, родителите и поддржувачите во рамките на заедничката кампања на Европската Унија и Советот на Европа „Блокирај ја омразата. Сподели љубов!“ која се фокусира на борбата против говорот на омраза и дискриминацијата, во соработка со Фудбалската федерација на Македонија.

Идејата на настанот беше низ игра и спорт да се доближат прашањата за различностите и инклузијата до младите спортисти, а главната цел на настанот беше да се подигне свеста кај младите за различните форми на говор на омраза, како и да се промовираат начините за борба против омразата особено во спортот и фудбалот.

Настанот воедно беше и можност за младите луѓе и поддржувачите преку пишување пораки на љубов против говорот на омраза, да искажат што значи еднаквоста за нив, покажувајќи дека во фудбалот нема место за омраза и дека спортските терени се простор за здрава конкуренција, поддршка, љубов и фер игра. Пораката за прифаќање и почитување на различностите беше пренесена за време на фудбалските натпревари, каде посетителите имаа можност да се запознаат со кампањата и нејзините напори во борбата против говорот на омраза во спортот и секојдневниот живот.

Главната порака ја пренесе Благоја Милевски, селекторот на македонската А фудбалска репрезентација и еден од амбасадорите против говор на омраза во рамките на кампањата, кој безрезервно ја изрази својата поддршка за оваа кампања.

“Нашата игра зближува различни националности и вероисповеди. Фудбалот значи ширење на пријателство, еднаквост и промовирање на здрав начин на живот и спортска култура. Ги охрабрувам сите млади и повозрасни активно да се вклучат во кампањата и да ја пренесуваат пораката на овој проект за присуство на пријателството и еднаквоста на спортските терени, како и во секојдневниот живот”.

Штефен Худолин, раководител за соработка во Делегацијата на ЕУ во Скопје, ја истакна важноста на спортот и фудбалот и неговото влијание врз младите.

„Фудбалот е обединувачка сила, токму затоа нема место за говорот на омраза во спортот. Спортот промовира почитување и славење на достигнувањата и различностите. ЕУ продолжува силно да ги поддржува напорите за борба против говорот на омраза, како и промовирањето на позитивните вредности и духот на фер игра и толеранција. Денеска ми е драго што се приклучувам на овој настан и ја споделувам пораката – Блокирај ја омразата и сподели а љубов!“

Лејла Дервишагиќ, оперативна раководителка на Програмската канцеларија на Советот на Европа во Скопје истакна дека целта на спортот е да ги поврзе луѓето, да придонесе кон подобро здравје и квалитетен живот, рушејќи ги бариерите преку градење на доверба и чувство на припадност. „Повеќе од 40 години, Советот на Европа се залага за фер игра и почит на спортските терени. Кампањата „Блокирај ја омразата. Сподели љубов“ е заеднички напор на Советот на Европа и Европската Унија за поддршка на борбата против говорот на омраза. Многу сме среќни што денеска ги здружуваме силите со ФФМ која ја поддржа кампањата уште од самиот почеток, за заеднички да испратиме порака против омразата и говорот на омраза во фудбалот, но и во секојдневниот живот. Многу е важно што денес споделуваме пораки дека љубовта, фер-играта и почитта се вредности кои ни се потребни во, но и надвор од фудбалскиот терен,“ вели Лејла Дервишагиќ.

Дополнително, Филип Поповски, генералниот секретар на ФФМ го поддржа настанот за ширење на позитивни пораки за влијанието на спортот и фудбалот врз идните генерации.

“Фудбалот е одлична платформа  за испраќање на позитивни пораки. Со иницирање на активности за подигнување на свесноста за повисоко ниво на толеранција на фудбалските терени и надвор од нив се испраќа порака до навивачите, а особено младите за штетните ефекти од говорот на омраза и нетолеранција. Искрена благодарност до Европската унија и Советот на Европа за иницијативата и поддршката во организирање на оваа кампања. Фудбалската федерација секогаш е отворена за соработка со сите организации и институции кои ја даваат својата поддршка кон промовирање на вистински вредности и сакаат да придонесат кон фер игра и позитивната атмосфера на и надвор од терените”.

Кампањата „Блокирај ја омразата. Сподели љубов!“ има за цел да ја крене свеста за различните форми на говор на омраза кои таргетираат специфични заедници и поединци во македонското општество, како и да промовира различни начини за спротиставување на говорот на омраза. Кампањата вклучува јавни личности, институции, организации и клучни активисти за човекови права кои преку лични сведоштва, приказни и размена на добри практики ќе промовираат разноликост и еднаквост во локалните заедници и ширум регионот.

Кампањата се спроведува во рамки на проектот „Промоција на разноликоста и еднаквоста во С. Македонија”, кој е дел од заедничката програма на Европската унија и Советот на Европа, Horizontal Facility за Западен Балкан и Турција 2019-2022“.

Спорт

Во недела започнува традиционалниот турнир во мал фудбал во с.Староец кичевско

Објавено пред

на

©porta.mk

Во чест на големиот христијански празник „Иванден“ во село Староец, долги години традиционално се одржува турнир во мал фудбал. Оваа година домаќините ќе се потрудат тоа да изгледа на повисоко ниво. Имено денес завршува пријавувањето на екипи кое ќе чини 1500 ден, а ждреб извлекувањето е закажано за од 20:00ч во „Паб“.

Натпреварите ќе се одржат во недела и понеделник 6 и 7-ми јули во попладневните часови, ќе има добра храна, ладен пијалок и одлична фудбалска атмосфера и музика.

Пријавувањето на екипте се врши на тел бр. 078/588-164 и 075/202-255

Фејсбук настан – ТУКА

Се гледаме во с.Староец!

Прочитај повеќе...

Спорт

Ландо Норис ја забележа својата трета победа

Објавено пред

на

ФОТО: Harlie Raethel @ Unsplash.com

Ландо Норис ја забележа својата трета победа оваа сезона и вкупно седма во кариерата, триумфирајќи на патеката Ред Бул Ринг. Зад него, неговиот тимски колега од Мекларен, Оскар Пјастре, стигна до второто место, додека Шарл Леклерк од Ферари се искачи на подиумот со третото место.

Луис Хамилтон од Ферари заврши четврти, Џорџ Расел од Мерцедес беше петти, а Лиам Лосон од тимот Рејсинг Булс го освои шестото место. Бодови освоија и Фернандо Алонсо (Астон Мартин), Габриел Бортолето и Нико Хулкенберг (двајцата од Заубер), како и Естебан Окон од Хаас.

Макс Верстапен, актуелниот светски првак и возач на Ред Бул, ја заврши трката уште во првиот круг по судир со Кими Антонели од Мерцедес.

Во генералниот пласман води Пјастре со 216 поени, следен од Норис со 201 и Верстапен со 155 поени. Кај конструкторите, Мекларен е на врвот со 417 бодови, пред Ферари со 210 и Мерцедес со 209.

Следната трка од Формула 1 календарот ќе се вози во Велика Британија на 6 јули.

Прочитај повеќе...

Спорт

Прв семинар на „ФФМ“ во Македонија за „ВАР“ обука и сертификација на судии под водство на „ФИФА“ инструктор

Објавено пред

на

ФОТО: ФФМ / ffm.mk

Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) за првпат организираше официјален ВАР семинар, што претставува важен чекор кон воведување на ВАР технологијата во македонскиот фудбал. Обуката беше предводена од познатиот ВАР инструктор Далибор Ѓурѓевиќ, кој има големо меѓународно искуство како ВАР судија и менаџер во неколку земји, меѓу кои Кипар, Русија, Саудиска Арабија и Белорусија.

Семинарот официјално го отвори претседателот на ФФМ, Масар Омерагиќ. Тој истакна дека еден од главните приоритети на федерацијата е развојот на професионален и квалитетен домашен фудбал. Омерагиќ порача дека исполнувањето на дадените ветувања е веќе на дело и очекува високо ниво на професионализам од сите вклучени во процесот.

Повеќе ќе прочитате на нивниот официјален линк од ФФМ, ТУКА

Извор: ФФМ

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

Хороскоп3 часа

Хороскоп за недела (6 јули)

ОВЕН Ве очекува подобрување на полето на заработка. Може да се надевате на пресврти на ова поле. Можна е прилика...

Скопје11 часа

Лишен од слобода „бајач“ од скопско, измамил брачен пар од Берово за 400.000 евра, сè претставувал истерувач на духови и магии

На 03.07.2025 година Б.Д. (76) од Берово во СВР ШТИП пријавил кривично дело – „измама“ по чл. 247 ст.4 од Кривичниот...

Временска прогноза18 часа

Денес многу топло, додека утре краткотрајна дестабилизација и услови за дожд

Викендов во Македонија и понатаму ќе биде под влијание на многу топлиот бран кој продира од југ, односно од Африка....

Хороскоп1 ден

Хороскоп за сабота (5 јули)

ОВЕН Можеби се занимавате со некој вид на докажување на работното место како пред себе така и пред другите. Можни...

Магазин2 дена

Apple Watch Ultra 3 доаѓа наскоро – еве што знаеме досега

Поминаа речиси две години од лансирањето на првиот Apple Watch Ultra, а љубителите на паметни часовници со нетрпение го очекуваат...

Автомобили2 дена

Генијален трик за заштеда на гориво: Сè зависи од едно копче во автомобилот

Во деновите кога температурите достигнуваат и над 40 степени, клима уредите во автомобилите работат со полна моќност. Ова, за жал,...

Lifestyle2 дена

Цезар салата: Диететска, заситувачка и вкусна – нема да бидете гладни со часови

Цезар салатата е еден од најпопуларните оброци за оние што сакаат лесен, но заситувачки ручек или вечера. Богата со протеини...

Македонија2 дена

Кривична за жител од радовишко, се сомничи дека извршил обљуба кон 77-годишна старица

На 02.07.2025 во 17 часот полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Радовиш го лишиле од слобода А.С.(42) од село Злеово, радовишко,...

Спорт2 дена

Во недела започнува традиционалниот турнир во мал фудбал во с.Староец кичевско

Во чест на големиот христијански празник „Иванден“ во село Староец, долги години традиционално се одржува турнир во мал фудбал. Оваа...

Временска прогноза2 дена

Сепак следува промена на времето во Македонија, ова се метео информациите според Попоски

На многу топлото време со многу високи температури на воздухот, и тоа поради многу топлиот бран со потекло од југ,...

НАЈЧИТАНИ