Култура
Денес е Св. Апостол Матеј, вечно име на сите кои го слават овој празник

Матеј беше син на Алфеј, најпрво цариник (т.е. закупец и порезник или митар) и како таков него го виде Господ во Капернаум и го повика: „Врви по Мене.“ И откако стана, тргна по Него (Матеј 9, 9). Потоа Матеј Му приреди дочек на Господ во својот дом и даде повод Господ да изрече неколку големи вистини за Своето доаѓање на земјата. Откако Го прими Светиот Дух, Св. Матеј го проповедаше Евангелието во Партија, во Мидија и во Етиопија, земјата црнечка. Во Етиопија го постави за епископ некој Платон, свој следбеник, а самиот се повлече во молитвена осама во гората каде што му се јави Господ.
Ги крсти жената и синот на кнезот на таа земја, заради што кнезот се разгневи и испрати стража да го доведат Матеј пред него на суд. Војниците отидоа и се вратија кај кнезот говорејќи дека го слушнале гласот Матејев, но никако со очите не можеле да го видат Светиот апостол. Тогаш кнезот испрати друга стража. Кога и оваа стража му се приближи на апостолот, него го огреа небесна светлина толку силна, што војниците не можеа да гледаат во него, но исполнети со страв го фрлија оружјето и се вратија. Тогаш кнезот сам појде. Кога му се приближи на Св. Матеј, овој заблеска со таков блесок, што кнезот одеднаш ослепе. Но Светиот апостол имаше милостиво срце, Му се помоли на Бога и кнезот прогледа – за жал прогледа само со телесните очи, не и со духовните.
Тој го фати Св. Матеј и го подложи на лути маки. Имено, на двапати ложеше голем оган на неговите гради. Но силата Господова го сочува жив и неповреден. Тогаш апостолот Му се помоли на Бога и Му го предаде својот дух. Кнезот нареди и телото на маченикот го положија во оловен ковчег, па го фрлија во морето. Светителот му се јави на епископот Платон и му кажа за своето тело и за сандакот каде се наоѓаат.
Епископот отиде и го донесе ковчегот со телото на Св. апостол Матеј. Кога го виде ова ново чудо, кнезот се крсти и го прими името Матеј. Потоа овој кнез ја остави сета светска суета и прими презвитерски чин, па богоугодно ѝ послужи на Црквата. Кога умре Платон, му се јави на овој Матеј самиот апостол Матеј и го посоветува да го прими епископството. Тој беше многу години добар пастир, додека Господ не го повика во Своето бесмртно Царство.
Светиот апостол Матеј го напиша Евангелието на еврејски јазик, коешто набрзо беше преведено на грчки и до нас дојде на грчки, додека она на еврејски се изгуби. За овој евангелист се вели дека никогаш не јадел месо, а се хранел со овошје и зеленчук.
За многу години, вечно име на сите кои го носат името!
/religija
Култура
Денеска е празник, св. Атанасиј, борецот за вистинското православие

Свети Атанасиј се роди во Александрија. Во младоста стекна солидно образование. Уште како млад, неговата ревност ја забележа архиепископот Александар, па кога потпорасна го зеде за свој личен секретар. Кога Александар се упокои на александриската катедра беше избран Атанасиј.
Свети Атанасиј неколку пати беше прогонуван оттаму од еретиците и неколку пати се враќаше на катедрата. Крајот на животот сепак го помина во својата црква во Александрија.
Се упокои во 373 година. Денес се слави заедно со свети Кирил Александриски (петтиот век), зашто и двајцата александријци во свое време излегоа во заштита на православието против аријанството и против несторијанството.
Вечно име и за многу години да е утрешниот ден и празник, кој во некои наши места со софра и музика.
Култура
Доаѓа празникот св.Атанасиј – познат како „Танасовден“ зимен, се верува дека од овој празник сѐ е полесно

На 31 јануари доаѓа Св. Атанасиј Велики, голем борец за вистинското православие. Нашиот народ два пати го празнува споменот на свети Атанасиј Велики. На 31/18 јануари се празнува празникот Танасовден ‒ зимен, а на 15/2 мај Танасовден ‒ летен.
Празникот Св. Атанасиј зимен народот го смета за средзимо, па се верува дека главните студови веќе се поминати. Затоа во народното верување тој е победник над силните студови и мразеви кои му се паднале при поделбата на должностите меѓу светците.
Сепак, како предупредување дека зимата не е замината, односно дека студовите можат да изненадат останала пословицата „Атанас фрли кожувот ја врз нас ја врз рас“. Во Гевгелиско мислеле дека Св. Атанас кој е „средзима“ и дека е лесен празник, не е аталија (кобен). Се држел како празник до пладне, а после и да се работи не се сметало за грев. Мислејќи на зимските студови овде се велело дека е тешко до Св. Атанасиј, а после и тој што е за умирање не се предава.
На Свети Атанасиј и денот е веќе подолг. Од 21 декември, кога денот почнува да се зголемува, денот од 31 јануари е подолг за еден час.
Именден празнуваат: Атанас, (доаѓа од грчкото Атанасиос и значи бесмртен), Атанаска, Танас, Тане, Танаска, Насе, Насте…
Култура
Денес се „Женски Водици“, именден слават Јован, Јована, Јана, Јоана.. за многу години!

Денес се традиционалните и на далеку прочуените „Женски Водици“ каде при церемонијалот на предавањето на паричето од крстот, стариот Божи Кум прашува дали некој изгубил париче, се јавуваат новите Божи Кумови кои треба да го превземат домаќинството, кои тврдат дека е нивно. Тој прашува дали ќе дадат нешто за паричето, а бидејќи тие не даваат ништо, „зошто е нивно отсекогаш“, ги „бесат“.
Тогаш новите кумови фрлаат паричиња, костени, бомбончиња, пченица, како симбол за плодна година. Се смета дека земање на дел од фрленото носи среќа цела година. Повторно исто е се, само што плус на „менито“ за жените се става и благо.
Доколку не би била пандемијата од Ковид-19 секако, овој ден жените раководат со музиката повторно влегувајќи во секоја куќа. Поранешните жени имаа повеќе смисол за хумор, па редовно ставаа на долг стап „колбас со црна волна и две тркала“ одлична симболика и имитација на машки полов орган, чукајќи по вратите од куќите на домаќинките.
„Ај не отвори да те видам“, можеби може но по цена на колективна клетва …… „да не го видиш до година“…………се сомневам !
Вечерта после целосната обиколка на селото, цело село се собира на „игранка“ во домот. Тука завршуваат Водици, вообичаено после 12 h.
На овој ден исто така именден слават Јован, Јована, Јана, Јоана…
За многу години!
Бог се јави!
Навистина се јави!
Бонус видео, Водици 2023 – Кичево:
-
Хороскоп16 часа
Хороскоп за понеделник (6 февруари)
-
Хороскоп2 дена
Хороскоп за недела (5 февруари)
-
Временска прогноза1 ден
Еве какво време не очекува во текот на седмицата, сончеви периоди со засилен северен ветер, додека наутро температурите….
-
Кичево2 часа
Во Кичево вчера најмногу казни за пречекорување на брзина..
-
Занимливости19 часа
Неколку трикови успешно покажани за откажување на пушењето цигари
-
Свет2 дена
Илон Маск на суд ги победи акционерите на „Tesla“
-
Скопје1 ден
Утре посебен режим на сообраќај во Скопје
-
Магазин3 часа
Првата генерација на iPhone во фабричко пакување понуден на аукција