Временска прогноза
Денес интензивни врнежи од снег, додека утре истите ќе престанат, ова се најновите метео вести
Под влијание на влажна и студена воздушна маса денес времето во Македонија ќе биде облачно и студено со врнежи претежно од СНЕГ. Само на некои од пониските места, и тоа особено во Повардарието и во југоисточните предели врнежите ќе бидат од дожд и снег.
Локално врнежите ќе бидат ПОИНТЕНЗИВНИ и на повеќе места ќе се формира нова снежна покривка, и тоа во северните и во западните предели од 5 до 10 сантиметри, на некои места и до околу 20 сантиметри, додека на планините истата ќе се зголемува. Ќе започне да дува умерен, на некои места повремено засилен ветер од северен правец – вели нашиот метео прогнозер Славчо Попоски за Еспресо.мк
Температурите ќе се искачуваат во интервалот од -1 до 6 степени. Во Скопје и околината времето ќе биде облачно и СТУДЕНО со врнежи претежно од снег, каде се очекува формирање на нова снежна покривка со висина од 5 до 10 сантиметри. Ќе започне да дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец. Максималната температура ќе се искачи до околу 3 степени.
Според Попоски од утре па натаму следува период на претежно стабилно и суво време со повеќе сончеви периоди. Исклучок ќе биде честврток кога ќе има услови за локално провејување на снег, а ќе дува и засилен ветер од северен правец.
Наутро повторно ќе биде МНОГУ СТУДЕНО и минималните температури понекаде ќе се спуштаат до околу -10 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 2 до 11 степени во најтоплите југоисточни предели од државава.
Временска прогноза
Попоски: Следната седмица ќе имаме чести и обилни врнежи од дожд проследени со повремено силен јужен ветер
Уште од самиот почеток на следната седмица судејќи според понатамошните нови излези на прогностичките модели ни следува нова голема промена на времето. Ќе бидеме под влијание на нов циклон со центар над Џенова и истиот ќе условува следната седмица да имаме чести и обилни врнежи од дожд проследени со повремено силен јужен ветер.
Од она што во моментов можам да го кажам за јавноста е тоа дека ќе наврне големо количество на дожд во текот на следната седмица во Македонија. Сепак и покрај ова ќе бидеме под влијание на јужно воздушно струење и сето ова ќе услови да имаме температури над просекот за месец ноември.
Се на се, овие врнежи кои ги најавувам за следната седмица и тоа како може да создаваат проблеми и поплави во регионот, а можни поројни локални поплави се можни и во нашата држава, информира утрово Славчо Попоски
Временска прогноза
Од утре целосна стабилизација на времето ширум Македонија, ова се деталите
Под влијание на висок воздушен притисок (Антициклон) и на стабилна и сува воздушна маса од утре (среда 12 ноември) па се до крајот на оваа недела во Македонија времето ќе биде стабилно, суво и сончево со појава на мала до умерена локална облачност. Ќе биде претежно тивко а наутро ќе биде и значително поладно поради разведрувањето со температури кои на повеќе места ќе се спуштаат до околу или за неколку степени под нулата па така на повеќе места во нашата Македонија очекувам појава на утрински мраз и на слана.
Максималните дневни температури на воздухот пак ќе се искачуваат во интервалот од 13 до 19 степени. Во Скопје и околината ќе имаме слично време во погоре споменатиот период. Наутро ќе биде значително поладно со температура која ќе се спушта близу 0 степени а преку ден максималната температура ќе се искачува до околу 15/16 степени.
Да напомнеам дека во ноќните и во претпладневните часови по котлините и по речлните долини ќе има појава на магла и на ниска облачност која ќе условува и намалена видливост, односно локално маглата ќе биде и доста густа. Токму поради ова апелирам возачите да внимаваат како управуваат со своите возила, токму поради очекуваната густа магла по котлините и по речните долини, известува Славчо Попоски, најпознатиот метеороголот од Македонија.
Временска прогноза
Од денес до вторник нашиот регион ќе биде застапен со повремени локални врнежи
Под влијание на серија на влажни воздушни бранови од Медитеранот, од денес па се до вторник (11 ноември) во Република Македонија ќе имаме нови повремени локални врнежи од дожд кои повремено и локално ќе бидат поројни и проследени со појава на грмежи како и со засилен повремено силен ветер од јужен и од југоисточен правец (до околу 60 км/час).
И во Скопје и околината во погоре споменатиот период ќе имаме повремени врнежи од дожд кои повремено ќе бидат пообилни и поројни и со услови за појава на грмежи. Ќе дува повремено засилен до силен ветер од југоисточен правец (до околу 60 км/час).
За време на оваа серија на влажни воздушни бранови од Медитеранот локално ќе наврне позначително количество на воден талог (над 30 литри дожд на метар квадратен).
Што се однесува до температурите, тие нема да бидат многу ниски и ќе бидат околу или малку над просекот за овој дел од годината и ќе се искачуваат во интервалот од 11 до 18 степени, информира Славчо Попоски
-
Хороскоп1 денХороскоп за петок (14 ноември)
-
Временска прогноза2 денаПопоски: Следната седмица ќе имаме чести и обилни врнежи од дожд проследени со повремено силен јужен ветер
-
Lifestyle2 денаКолку кафе пиете дневно? Медицината вели дека ова се безбедни количини.
-
Балкан1 денАвион од типот „AT-802“ попладнево се срушил во близина на Сењ, Хрватска
-
Хороскоп6 часаХороскоп за сабота (15 ноември)
-
Lifestyle2 денаКако да ја направите вашата правосмукалка да трае подолго и да работи како нова
-
Занимливости2 денаМрсната коса бара секојдневна грижа и одржување
-
Магазин2 денаPinterest претстави паметен асистент со вештачка интелигенција за пребарување и инспирација
