Временска прогноза
Денес ќе биде многу топло, висок УВ индекс и температури над 40 степени, ова се деталите..
Нашиот регион од денес влегува во портокалова и во црвена алертна фаза поради ЕКСТРЕМНО ТОПЛИОТ бран кој беше најавен.
Времето следните денови ќе биде сончево и МНОГУ ТОПЛО со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, повремено на некои места засилен ветер од северозападен правец. Во попладневните часови и тоа особено во петок и во сабота ќе има услови за локална нестабилност проследена со пороен дожд, грмежи, засилен ветер а локално процесите можно е да бидат и во форма на НЕВРЕМЕ проследено со силен ветер, електрични празнења, пороен дожд и појава на град.
Температурите ќе бидат ЗНАЧИТЕЛНО над просекот за овој дел од годината, односно ќе бидат повисоки од нормалните дури за околу 10 степени и ќе се искачуваат во интервалот од 34 до 43 степени, особено во четврток и петок кога ќе биде и најтопло. Денес температурите ќе се искачуваат во интервалот од 32 до 41 степен.
Да напоменеме дека во следниот период и ноќите ќе бидат ТРОПСКИ па така на повеќе места температурите ќе останат околу 20 степени, понекаде и над 20 степени. УВ ИНДЕКСОТ ќе има ЕКСТРЕМНО ВИСОКА вредност и ќе изнесува коефициент некаде помеѓу 10 и 11.
Ги советуваме граѓаните доколку излегуваат ЗАДОЛЖИТЕЛНО со себе да си понесат заштитна опрема (капа и наочари за сонце, но и шишенце со вода). Старите и изнемоштени лица добро би било доколку во најтоплиот период од денот воопшто да не излегуваат со цел да се заштитат од лошото влијание на сонцето.
Исто така овие денови и атмосферата ќе биде заматена, и тоа поради присуството на сахарска прашина и песок.
Автор: Славчо Попоски
Временска прогноза
Временска прогноза до 22 декември, следува ладен период, појава на слана, мраз, подледици по речните долини и магла
Во текот на целата наредна седмица и тоа во периодот од 15 декември па се до 22 декември територијата на целиот Балкан и Македонија останува да биде под влијание на силниот Антициклон (Поле на висок воздушен притисок) кој се протега од југ и истиот условува да имаме температури значително над просекот за месец декември и стабилно и суво време без никави врнежи.
Сепак наутро останува да е ладно и на повеќе места температурите ќе се спуштаат за неколку степени под нулата па така се очекува појава на слана и на слаб мраз. Во ваква ситуација по котлините и по речните долини и понатаму особено во ноќните и во утринските часови ќе има појава на магла и на ниска облачност и таа повремено ќе биде густа и ќе условува намалена видливост.
Појава на магла и на ниска облачност особено во ноќните и во утринските часови ќе има и во делови од Скопската котлина.
Температурите пак како и до сега остануваат значително да бидат над просекот за месец декември и тие на повеќе места кај нас ќе надминуваат 10 степени а во југоисточните предели температурите ќе се искачуваат до околу 15 степени.
Во Скопје и околината наутро пак температурата ќе се спушта за некој степен под нулата а преку ден таа ќе се искачува до околу или ќе надминува 10 степени, доцна вечерва соопшти метеорологот Славчо Попоски
Временска прогноза
Ладно на утро со температури под нулата
Влијанието на силниот Антициклон кој се протега од југ и кај нас условува да имаме стабилно суво и претежно сончево време со појава на магла и ниска облачност во дел од котлините ќе продолжи и за време на овој викенд. Сепак, температурите ќе бидат за неколку степени пониски за разлика од изминатите денови но и покрај ова тие и понатаму ќе бидат над просекот за месец декември.
И во Скопје и околината за време на овој викенд ќе продолжи стабилното суво и претежно сончево време. Ќе дува слаб ветер од северен правец. Во делови од колтината особено во утринските и во ноќните часови ќе има појава на магла и ниска облачност.
Викендов наутро температурите ќе се спуштаат во интервалот од -3 до 3 степени а преку ден температурата ќе се искачува во интервалот од 7 до 14 степени.
Во Скопје и околината наутро температурата ќе се спушта за некој степен под нулата а преку ден таа ќе се искачува во интервалот помеѓу 9 и 11 степени, соопшти Славчо Попоски
Временска прогноза
Снег нема ни на повидок, продолжува периодот под влијание на Антициклон во Македонија
Под влијание на висок воздушен притисок (Антициклон) и на стабилна и сува воздушна маса во Македонија продолжува долгиот период на стабилно, суво и на претежно сончево време. Утре (петок 12 декември) и повторно во недела (14 декември) повремено ќе засилува ветерот од северен правец а температурите малку ќе опаднат во однос на оние температури кои ги имавме изминатите неколку денови. Сепак и покрај ова тие и понатаму ќе бидат над просекот за месец декември.
Наутро и во ноќните часови по котлините ќе има појава на магла и на ниска облачност па во овие места преку ден температурите ќе останат пониски.
И во Скопје и околината ќе имаме слично време како и во останатите предели од Македонија. Наутро и повторно во ноќните часови во делови од Скопската котлина ќе се создаваат услови за појава на магла и на ниска облачност.
Наутро останува поладно со температури кои на повеќе места ќе се спуштаат до близу или за некој степен под нулата. Преку ден пак тие на повеќе места ќе се искачуваа до околу или пак ќе надминуваат 10 степени. Во југоисточните предели пак температурата ќе се искачи до околу или пак ќе надмине 15 степени, утрово соопшти Славчо Попоски
-
Спорт2 дена(ВИДЕО) Со головите на кичевчаните Стефан Стојаноски 23′ и Павел Димоски во 93′, Македонија У15 ја победи силната Турција, секоја чест момци, гордост на нашиот град
-
Хроника2 денаМаж во производствена хала од машина се здобил со повреди и починал на лице место
-
Хороскоп2 денаХороскоп за недела (14 декември)
-
Кичево1 ден(ВИДЕО) Утрово Кичево под густ смог, но затоа кон месноста Крушино сонце и чист воздух
-
Хороскоп15 часаХороскоп за понеделник (15 декември)
-
Временска прогноза15 часаВременска прогноза до 22 декември, следува ладен период, појава на слана, мраз, подледици по речните долини и магла
-
Кичево37 минутиТППЕ Кичево вчера со полни раце работа, интервенирале врз опожарен автомобил и зграда
-
Спорт15 часаРакометар од битолски ракометен клуб по завршувањето на мечот во „Биљанини Извори“ нападнал помошен тренер на охридскиот ракометен клуб по меѓусебниот натпревар
