Македонија
Денес на пладне Регулаторна пред одлука, ќе поскапат ли горивата повторно?

РКЕ денес точно на пладне ќе донесе одлука и ќе ги соопшти новите цени на течните горива од полноќ. Минатата недела како и претходно наназад Регулаторна одлучи цените на горивата да се зголемат – тоа беше најмногу од 1 денар за литар.
Ова се актуелните цени на нафтените деривати во моментот:
ЕУРОСУПЕР БС – 95 82,00 (денари/литар)
ЕУРОСУПЕР БС – 98 84,00 (денари/литар)
ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 74,00 (денари/литар)
Ќе имаме ли нова покачена цена за литар, останува да ја проследиме одлуката..
Македонија
(ФОТО+ВИДЕО) Новата безбедносна кампања „Стави појас“ на РСБСП и МВР денес реализирана во Битола

Денеска (01.04.2023) во Битола, Министерството за внатрешни работи и Републичкиот совет за безбедност во сообраќајот реализираа активности од кампањата „Стави појас“, со цел зголемување на безбедноста во сообраќајот и подигање на свеста за употреба на сигурносните појаси од страна на возачите и патниците.
„Со користењето на сигурносните појаси во возилата, се оневозможува удирање на возачот, односно патникот, со лицето во ветробранското стакло или удар со колената во каросеријата. Човечкото тело и под дејство на инерција останува во седечка положба. Сигурносните појаси значително придонесуваат за намалување на бројот на смртни случаи при сообраќајни незгоди. Статистиката покажува дека во таков случај бројот на смртни случаи се намалува за 60%“, рече претседателката на РСБСП Гордана Кожуваровска.
„Веднаш кога ќе влезете во возилото ставете појас. Неприфатлив е било каков изговор. Со тоа секој придонесува за својата безбедност. Појасот штити од потешки последици доколку се случи сообраќајна несреќа. Им благодарам на сите граѓани кои со своето одговорно однесување и почитување на сообраќајните правила и прописи придонесуваат за побезбеден сообраќај. Исто така им благодарам на Факултетот за безбедност, училишта, други институции кои ни се придружија во активностите за подигање на свеста и зголемување на сообраќајната култура”, рече помошник министерот за односи со јавност во МВР Тони Ангеловски.
На граѓаните на Битола им беше поделен и едукативен материјал со цел укажување на придобивките од користењето на сигурносни појаси и намалување на ризиците во сообраќајот на патиштата.
Во продолжение погледнете ја официјалната галерија, инсерти и изјави:
Македонија
(ФОТО) И кај скопјанец на Табановце најдени монети, ги зел од србин по карго

На 31.03.2023 во 14.30 часот на ГП Табановце, при влез во државата, полициски службеници од Регионален центар за гранични работи Север – Полициска станица Табановце е лишен од слобода С.Ј.(51) од Скопје.
При извршена дополнителна контрола на лицето, пронајдени се и одземени 1.120 парчиња различни видови монети. Со него бил извршен службен разговор во кој тој појаснил дека монетите му биле испратени по карго, по претходен договор со лица во Република Србија, од каде отишол да ги земе.
Лицето е предадено на полициски службеници во Полициска станица Куманово за понатамошна постапка, а по документирање на случајот ќе следува поднесок.
Извор: МВР
Македонија
(ФОТО) На ГП Табановце пронајдена поголема сума непријавени пари кај турски државјанин

На 31.03.2023 на Граничен премин Табановце од страна на полициски службеници од Полициска станица Табановце е извршен преглед на патничко возило „порше кајен“ со романски национални ознаки, управувано од Ј.О.(60) од Република Турција.
При прегледот во возилото се пронајдени и одземени непријавени парични средства во износ од 31.000 евра.
Паричните средства се предадени на Царинска управа, а лицето е предадено и задржан за понатамошна постапка и по целосно документирање на случајот против него ќе биде изготвен соодветен поднесок, информираат од МВР.
-
Хороскоп2 дена
Месечен Хороскоп (април 2023)
-
Хороскоп12 часа
Хороскоп за недела (2 април)
-
Скопје21 час
Потврдено од МВР. Имало господ! Пронајдени се двете исчезнати дечиња на подрачјето кај Бит Пазар
-
Временска прогноза2 дена
Со зимата не сме завршиле, вонредно метео на Попоски, ова се деталите..
-
Македонија1 ден
Инфо до сите кои патуваат преку „Стража“ до тетовски „Групчин“, во вторник ќе има посебен сообраќаен режим – известуваат од СВР Тетово
-
Занимливости2 дена
„Станица Стража“ вработува касиери и пица мајстор, кои ќе имаат одлични услови за работа, платен превоз и редовна плата
-
Македонија1 ден
(ФОТО) На ГП Табановце пронајдена поголема сума непријавени пари кај турски државјанин
-
Кичево2 дена
Нова неделна супер акција во АТВА Маркети – Кичево, купувајте по одлични цени!