Следете не

Култура

Денес недела ни доаѓа најголемиот празник и куќна слава Св.Никола, се вели со бела брада како предзнак за снег..

Објавено пред

на

На 19 декември, православните верници во Македонија ја чествуваат најчестата слава во македонските домови, Свети Никола. Станува збор за посна слава па на трпезата ќе доминираат посна сарма, посно гравче, риба. Од народните верувања се вели Св.Никола со бела брада, како предзнак за снег.

Во народното паметење исто така овој лик останал како заштитник на патниците, посебно на оние што патуваат по вода, но и по тоа што како за време на животот така и по смртта ги помагал сиромасите, ги заштитувал затворениците и неправедно осудените, ги откупувал робовите и ги пуштал на слобода.

Именден празнуваат: Никола, Нино, Николина, Коле…

Во животот на нашиот човек посебно значајно место има свети Никола Мирликиски – Чудотворец, кого многу семејства го сметаат за свој домашен заштитник и со домашни служби и со многу обичаи го празнуваат неговиот спомен. Иако повеќе се празнува денот на неговата упокојување 19/6 декември, (празник познат како зимски Св. Никола или Св. Никола – зимен), сепак внимание му се посветува и на денот на пренесувњето на моштите на св. Никола од Мир (во Ликија) во Бари (Италија) на 22/9 мај, (празник меѓу народот познат како летен Св. Никола, или Св. Никола – летен).

Овој важен лик од христијанската религија е роден кон крајот на III век во гратчето Патара во малоазиската област Ликија. Уште како дете се истакнувал со добро воспитание поради што станал омилен и пред Бога и пред луѓето. Неговиот чичко кој исто така се викал Николај и кој бил архиепископ патарски, согледвајќи ги позитивните карактеристики на младиот Николај ги наговорил родителите да му дозволат да се посвети на Бога и го произвел во чин презвитер. За време на ракоположението епископот исполнет со пророчки дих во еден момент покажувајќи на младиот Николај извикал: “Браќа, јас го гледам новото сонце што изгрева над земјата и ветува утеха на сите потиштени. Блажено е стадото што ќе го има за пастир, зашто тој ќе ги приведе кон вистината заблудените овци, ќе ги пасе на пасиштето на благочестието и ќе биде помошник на сите страдалници”. Ова пророштво на стрикото Николај се исполнило, зашто младиот Николај подоцна навистина станал заштитник на сиромасите, но и помошник на сите што со верба му се обраќале. По смртта на стрико му кој бил архиепископ свештениците од областа Ликија барале негова замена, но сите се увериле дека немале подобар од младиот Николај и го избрале за архиепископ Мирликијски. Како архиепископ Николај бил омилен меѓу народот, зашто секогаш ги помагал сиромашните, ги посетувал болните, ги штител затворениците и неправедно осудените, младите ги советувал, грешните ги упатувал на вистинскиот пат, робовите ги откупувал и ги пуштал на слобода, на ситомашните девојки им купувал мираз за да се омажат и тн.

Житието раскажува дека во тоа време во градот Патара живеел некој човек кој што ненадејно го изгубил богатството и бидејќи не бил способен да се бори во животот бил решен и со нечесни средства да остварува средства за живот. Имал намера да ја жртвува дури и честа на своите три ќерки но во тоа го спасил св. Никола кој н⁶оќно време низ прозорецот му дофрлувал пари. Со тие пари таткото ги омажил и трите ќерки, а кога разбрал кој му го дава богатството паднал пред нозете на Никола и со солзи во очите му благодарил со зборовите: “Ако не беше те пратил Господ да не спасиш, јас не можев да одолеам на искушенијата, ќе паднев во грев и ќе ја жртвував честа на моите ќерки.”

Кога за време на владеењето на царот Диолкецијан станале големи прогони на христијаните и Николај бил затворен и подолго време останал во темница. Но кога царот Константин го признал христијанството и кога ги ослободил сите затворени христијани и Николај бил ослободен и повторно се вратил на архиепископскиот трон. Учествувал и на Првиот веселенски собор во Никеја во 325 година каде што удирајќи му шлаканица го посрамотил еретикот Арие, кој се одделил од христијанството и проповедал друго учење.

По пронаоѓањето на светиот крст од страна на царицата Елена многу луѓе тргнале да ги посетуваат светите места. И архиепископот Николај тргнал на вакво патување, на кое се случиле многу чудни настани. Житието раскажува дека додека патувале по морето Николај претскажал големо невреме, но морнарите познавајќи ги метереолошките услови го исмевале велејќи му да не зборува за работи што не му се познати. Но кога набргу навистина фатило страшно невреме, кога се кренале големи бранови и кога сите очекувале несреќа Николај се помолил на Господа и бурата престанала. Вакви настани за време на животот на Николај се случиле повеќе, а тој и по смртта продолжил да ги заштитува патниците, посебно оние што патувале по вода.

И во прозните народни умотворби еднаш се раскажува како Св. Никола ги помага сиромасите, друг пат како добил два празника во годината. Така на пр. во една приказна запишана од ѓаконот Јосиф, од манастирот Пречиста Кичевска, објавена во цариградскиот весник “Новини” кон крајот на минатиот век, се раскажува дека едно време другите светци му завиделе на св. Никола затоа што многу бил почитуван и се поплакале на Бога. Бог ја примил поплаката и веднаш испратил два ангела да го повикаат св. Никола. Тие откако не го нашле по небото и по земјата го здогледале во стреде море како крепи една гемија готова да потоне. Му ја пренесле заповедта, а тој ги замолил да му помогнат да ја извадат ѓемијата на суво. Виделе-не виделе ангелите му помогнале, а потоа така накиснат и со искинати алишта го одвеле пред Господа. Тука во тој момент биле собрани и сите светци што се оплакувале на него. Господ само ги погледнал и ништо не рекол, а тие од погледот разбрале дека ако сакаат да бидат почитувани како свети Никола треба да прават добри дела како што правел тој. Тогаш, се вели во оваа приказна, Господ заповедал за сите светци да има по еден ден во годината, за свети Никола два, а за преподобниот Касијан кој најмногу го кодошел на четири години еднаш да му се празнува денот на 29 февруари.

Истражувачите на народниот живот истакнуваат дека многу елементи од обичаите и верувањата поврзани со Св. Никола водат потекло од претхристијанско време, но дека се задржани сите обреди, обичаи, жртвувања, и сл. кои биле поврзани со некогашниот претхристјански јунак на морињата, водите и ветровите.

Култура

Денеска е празник, св. Атанасиј, борецот за вистинското православие

Објавено пред

на

Свети Атанасиј се роди во Александрија. Во младоста стекна солидно образование. Уште како млад, неговата ревност ја забележа архиепископот Александар, па кога потпорасна го зеде за свој личен секретар. Кога Александар се упокои на александриската катедра беше избран Атанасиј.

Свети Атанасиј неколку пати беше прогонуван оттаму од еретиците и неколку пати се враќаше на катедрата. Крајот на животот сепак го помина во својата црква во Александрија.

Се упокои во 373 година. Денес се слави заедно со свети Кирил Александриски (петтиот век), зашто и двајцата александријци во свое време излегоа во заштита на православието против аријанството и против несторијанството.

Вечно име и за многу години да е утрешниот ден и празник, кој во некои наши места со софра и музика.

Прочитај повеќе...

Култура

Доаѓа празникот св.Атанасиј – познат како „Танасовден“ зимен, се верува дека од овој празник сѐ е полесно

Објавено пред

на

На 31 јануари доаѓа Св. Атанасиј Велики, голем борец за вистинското православие. Нашиот народ два пати го празнува споменот на свети Атанасиј Велики. На 31/18 јануари се празнува празникот Танасовден ‒ зимен, а на 15/2 мај Танасовден ‒ летен.

Празникот Св. Атанасиј зимен народот го смета за средзимо, па се верува дека главните студови веќе се поминати. Затоа во народното верување тој е победник над силните студови и мразеви кои му се паднале при поделбата на должностите меѓу светците.

Сепак, како предупредување дека зимата не е замината, односно дека студовите можат да изненадат останала пословицата „Атанас фрли кожувот ја врз нас ја врз рас“. Во Гевгелиско мислеле дека Св. Атанас кој е „средзима“ и дека е лесен празник, не е аталија (кобен). Се држел како празник до пладне, а после и да се работи не се сметало за грев. Мислејќи на зимските студови овде се велело дека е тешко до Св. Атанасиј, а после и тој што е за умирање не се предава.

На Свети Атанасиј и денот е веќе подолг. Од 21 декември, кога денот почнува да се зголемува, денот од 31 јануари е подолг за еден час.

Именден празнуваат: Атанас, (доаѓа од грчкото Атанасиос и значи бесмртен), Атанаска, Танас, Тане, Танаска, Насе, Насте…

Прочитај повеќе...

Култура

Денес се „Женски Водици“, именден слават Јован, Јована, Јана, Јоана.. за многу години!

Објавено пред

на

Денес се традиционалните и на далеку прочуените „Женски Водици“ каде при церемонијалот на предавањето на паричето од крстот, стариот Божи Кум прашува дали некој изгубил париче, се јавуваат новите Божи Кумови кои треба да го превземат домаќинството, кои тврдат дека е нивно. Тој прашува дали ќе дадат нешто за паричето, а бидејќи тие не даваат ништо, „зошто е нивно отсекогаш“, ги „бесат“.

Тогаш новите кумови фрлаат паричиња, костени, бомбончиња, пченица, како симбол за плодна година. Се смета дека земање на дел од фрленото носи среќа цела година. Повторно исто е се, само што плус на „менито“ за жените се става и благо.

Доколку не би била пандемијата од Ковид-19 секако, овој ден жените раководат со музиката повторно влегувајќи во секоја куќа. Поранешните жени имаа повеќе смисол за хумор, па редовно ставаа на долг стап „колбас со црна волна и две тркала“ одлична симболика и имитација на машки полов орган, чукајќи по вратите од куќите на домаќинките.

„Ај не отвори да те видам“, можеби може но по цена на колективна клетва …… „да не го видиш до година“…………се сомневам !

Вечерта после целосната обиколка на селото, цело село се собира на „игранка“ во домот. Тука завршуваат Водици, вообичаено после 12 h.

На овој ден исто така именден слават Јован, Јована, Јана, Јоана…

За многу години!

Бог се јави!
Навистина се јави!

Бонус видео, Водици 2023 – Кичево:

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

Хороскоп9 часа

Хороскоп за недела (5 февруари)

ОВЕН Многу работи денес ќе зависат од начинот на кој се однесувате кон другите. Меѓу другото, оние од вас кои...

Свет11 часа

Илон Маск на суд ги победи акционерите на „Tesla“

Судот во Сан Франциско го ослободи извршниот директор на Tesla, Илон Маск, кој беше обвинет за заблуда на инвеститорите во...

Македонија18 часа

На ГП Деве Баир жители на Бугарија недолично се однесувале и се обиделе физички да ја нападнат полицијата

Околу 12.45 часот на Граничниот премин Деве Баир дошло до нарушување на јавниот ред и мир од страна на Г.З...

Гејминг22 часа

„Global Game Jam Македонија“ – викенд по 11-ти пат во Скопје и Битола

Викендов од вчера до 5-ти февруари во Скопје и Битола по 11ти пат се одржува „Global Game Jam Македонија“. Како...

Временска прогноза23 часа

Од вечерва поларна воздушна маса и олуен ветер на нашата територија

Почнувајќи од денес попладне и навечер, па во текот на следната седмица територијата на Македонија ќе биде под влијание на...

Хороскоп1 ден

Хороскоп за сабота (4 февруари)

ОВЕН Денес е идеално време Овенот да им објасни за се на сите за што размислувал во изминатите три недели....

Македонија1 ден

Мин. за земјоделство, шумарство и водостопанство одобри лов на дива свиња до крајот на месец март, ова се деталите..

Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство со цел продолжување на мерките од страна на Агенцијата за храна и ветеринарство врз...

Спорт2 дена

Одржана меѓународна работилница поврзана со клупскиот лиценцен систем, во организација на УЕФА и ФФМ

Оваа година ФФМ прославува уште еден јубилеј, а тоа е 20 години од постоењето и имплементирањето на клупскиот лиценцен систем....

Македонија2 дена

Поради агресивно однесување, СВР Охрид приведе жител на Албанија

На 02.02.2023 во 21.10 часот, полициски службеници од СВР Охрид го привеле Л.П.(55) од Република Албанија затоа што на регионалниот...

Скопје2 дена

Осум средни училишта од Скопје денеска добиле закана за поставен експлозив

Денеска (03.02.2023) околу 11:40 часот во СВР Скопје е пријавено дека на електронска адреса на осум средни училишта во Скопје...

НАЈЧИТАНИ